Екхарт Толе

германско-канадски духовен учител и автор

Екхарт Толе (германски: Eckhart Tolle; р. 16 февруари 1948) — духовен учител и автор на неколку бестселери. Германец по потекло, тој е во моментов жител на Канада. Автор е на книгите „Моќта на сегашниот момент“ (The Power of Now) и „Нова земја“ (A New Earth), напишани на англиски јазик. Во 2011 година е прогласен за највлијателниот духовен учител во светот.[1] Во 2008 година, новинар од „Њујорк Тајмс“ го нарекол Екхарт Толе „најпопуларниот автор за духовниот живот во САД.[2]

Екхарт Толе
Занимањедуховен учител, автор
Жанрдуховност, психологија, метафизика
Значајни делаМоќта на сегашниот момент“ (1997)
Нова Зелма“ (2005)
мрежно место
http://www.eckharttolle.com

Животопис

уреди

Роден како Улрих Толе, во Линен, Германија, во 1948 година,[2][3][4] Толе го опишал своето детство како несреќно, посебно раното детство поминато во Германија, кога неговите родители се развеле.[5] На 13 годишна возраст, се преселил во Шпанија за да живее со татко му.[6] Татко му не го терал да посетува средно училиште, па така Толе учел литература, астрономија и јазици од дома.[3][6]

На 19 години, се преселил во Англија и наредните три години предавал германски и шпански во училиште за странски јазици во Лондон.[7] Вознемируван од депресија, грижи и стравови, ја почнал потрагата по „одговорите’ за животот.[6] На околу 22 години решил да студира филозофија, психологија и литература, па се запишал на Универзитетот во Лондон.[6] По дипломирањето со највисока оценка во класот[6] му била понудена стипендија за да продолжи со истражувања на универзитетот Кембриџ, каде е примен во 1977 година.[3][8]

Внатрешна преобразба

уреди

Една ноќ во 1977 година, на свои 29 години, после долг период на самоубиствена депресија, Толе изјавил дека доживеал „внатрешна преобразба“.[8] Таа ноќ се разбудил од спиење, и за тоа што го доживеал се изјаснил вака:

Не можев повеќе да живеам самиот со себе. Наеднаш се појави прашање во мојот ум без одговор: кој е „ЈАС“ што не може да живее со „себе“? Што е тоа „себе“? Пчувствував празнина. Во тоа време не знаев за умот кој си креаира свое „јас“, и за неговите проблеми, кое живее меѓу лошото минато и страшната иднина. Во тој момент умственото „јас“ се растопи, го снема. Другиот ден се разбудив, и сè беше во мир. Мирот беше тука затоа што не постоеше „себе“. Само чувство на постоење, само гледање и набљудување.[7]

Толе се сеќава дека тоа утро отишол на прошетка низ Лондон, и сфатил колку е сè „волшебно и во длабок мир“. Дури и сообраќајот.[6] Чувството продолжило и наредниот ден, и тој почнал да чувствува мир во секоја ситуација.[9] Во периодот од две години после овој настан, поминал многу време седејќи во длабок мир на клупа во парк во Централен Лондон, „гледајќи го светот кој се движи“. Едно време живеел со своите пријатели во будистички манастир. Го сменил името од Улрих во Екхарт, според германскиот филозоф и мистик Мајстор Екхарт.[3][4][10][11]

Наводи

уреди
  1. „The Watkins Review Announces Its Spiritual 100 List“. Marketwire.com. 2011-03-29. Архивирано од изворникот на 2011-12-26. Посетено на 2012-09-08.
  2. 2,0 2,1 McKinley, Jesse (2008-03-23). „The Wisdom of the Ages, for Now Anyway“. New York Times]]. Посетено на 2009-10-19. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Ether Walker (2008-06-21). "Eckhart Tolle: This man could change your life". The Independent.
  4. 4,0 4,1 Ruhr Nachrichten (2008-05-27). Amerikas Guru stammt aus Lünen Архивирано на 15 јануари 2011 г. ('America’s guru comes from Lünen'). Retrieved 2010-06-03.
  5. Douglas Todd (2008-10-16). Profile: Eckhart Tolle – of the present, future and mother Архивирано на 13 август 2011 г.. The Vancouver Sun. Посетено на 2010-2-2.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Parker, John W (2000). Dialogues With Emerging Spiritual Teachers Архивирано на 15 април 2012 г.. Sagewood Press.
  7. 7,0 7,1 Claire Scobie (2003-08-31). Why now is bliss. Telegraph Magazine. Посетено на 2010-2-2.
  8. 8,0 8,1 Eckhart Tolle Biography. New York Times (2008-03-05). Times Topics.
  9. Ken MacQueen (2009-10-22). „Eckhart Tolle vs. God“. Macleans.ca. Посетено на 2009-10-24. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  10. Cathy Lynn Grossman (2010-15-04). 'Life's Purpose' author Eckhart Tolle is serene, critics less so. USA Today. Retrieved 2010-05-24.
  11. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-05-14. Посетено на 2011-07-12.

Надворешни врски

уреди
  NODES