„Ел Сид“ (шпански: El Cid) — американско-италијански филм од 1961 година, во режија на Ентони Мен (Anthony Mann). Главните улоги ги играат: Чарлтон Хестон (Charlton Heston), Софија Лорен (Sophia Loren), Херберт Лом (Herbert Lom), Женевив Паж (Genevieve Page), Џон Фрејзер (John Fraser), Раф Валоне (Raf Vallone), Хурд Хетфилд (Hurd Hatfield) и Масимо Серато (Massimo Serato). Со цел да се постигне автентичност, режисерот инсистирал филмот да биде снимен во Европа, каде биле искористени средновековните дворци. Филмот се одликува со богата костимографија и сценографија, како и со одличната фотографија на Роберт Краскер. Сепак, тој бил номиниран за наградата „Оскар“ само во една категорија - за песната „Соколот и гулабот“ (англиски: Falcon and the Dove), дело на композиторот Миклош Роса (Miklos Rosza) и на текстописецот Пол Френсес Вебстер (Paul Frances Webster).[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива во 1080 година. Шпанскиот витез Родриго Дијас де Вивар (го игра Хестон) успева да ги обедини двата дела на Шпанија - христијанската и маварската - во борбата против заедничкиот непријател, арапскиот емир Бен Јусеф (го игра Лом), кој настојува да завладее со Пиринејскиот Полуостров...

Наводи

уреди
  NODES