Еронго (англиски, африкаанс и германски: Erongo) е еден од 14-те региони во Намибија. Административен центар на регионот е градот Свакопмунд. Овој регион ја опфаќа областите на градовите Свакопмунд, Волвис Беј, Омаруру и Карибиб. Името на регионот потекнува од планината Еронго, добропозната географска одлика на Намибија во овие предели.

Регион Еронго
Erongo Region
регион
Поглед кон Свакопмунд
Поглед кон Свакопмунд
Местоположба на регионот во Намибија
Местоположба на регионот во Намибија
ДржаваНамибија
Адм. центарСвакопмунд
Управа
 • ГувернерНевил Андре Итопе[1]
Површина[2]
 • Вкупна63,539 км2 (24,533 ми2)
Население (2011)[3]
 • Вкупно150,809
 • Густина2,4/км2 (6,1/ми2)
Час. појасCAT (UTC+2)
HDI (2017)0.711[4]
high · 2nd

Географија

уреди

Регионот се наоѓа во средишниот дел на Намибија. На запад регионот излегува на Атлантскиот Океан, на север се граничи со региоонот Кунене, на североисток со регионот Очозондјупа, на југоисток со Комас и на југ со Хардап. Вкупната површина на регионот е 63,539 км2.

Развој

уреди

Во регионот оперираат различни рудници, меѓу кои и рудникот за злато Навачаб. Во Карбиб има развиена индустрија за мермер. Валвис Беј е центар за рибната индустрија во Намибија, а воедно во Волвис Беј се наоѓа единственото пристаниште во државата за големи бродови кои побаруваат длабоки води. Познатите туристички места се Свакопмунд и Лангстранд. Свакопмунд е и значаен бродоградежен центар во државата

Регионот има развиена патна инфраструктура, а многу добро развиени и општествено-социјални капацитети. На пример, во регионот има 66 училишта со вкупно 32.144 ученици (податоци за 2013 г.).[5]

Административни единици

уреди

Регионот е поделен на седум административни единици:

Демографија

уреди

Според пописот од 2001 година, Еронго имал население од 107.663 жители и со годишен раст од 1.3%. Стапката на плодност била 3.2 деца по жена. Од вкупното население, 80% живееле во урбана средина, а 20% во рурална. Густината на населението била 1.7 човек на километар квадратен.[6]

Најзборуван јазик во регионот е овамбоанскиот (37% од домаќинствата), потоа следуваат африкаанс (22%) и наманскиот (21%) и германскиот.[7] Писмениста во регионот е 95%.[6]

Наводи

уреди
  1. „Goodbye“. Namibian Sun. 10 April 2020. стр. 1.
  2. „Namibia's Population by Region“. Election Watch. Institute for Public Policy Research (1): 3. 2013.
  3. „Erongo 2011 Census Regional Profile“ (PDF). Statistics Namibia. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-10-08. Посетено на 10 April 2020.
  4. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.
  5. Miyanicwe, Clemans; Kahiurika, Ndanki (27 November 2013). „School counsellors overstretched“. The Namibian. стр. 1.
  6. 6,0 6,1 „Erongo Region – Census Indicators, 2001“. National Planning Commission. 2001. Архивирано од изворникот на 2012-01-11. Посетено на 2008-12-27.
  7. „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2013-10-02. Архивирано од изворникот на 2013-10-02. Посетено на 2019-01-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

23°07′S 14°52′E / 23.117° ЈГШ; 14.867° ИГД / -23.117; 14.867

  NODES