Естрогените хормони (или естрогени) претставуваат стероидни супстанци кои имаат важна улога во естрогениот циклус и затоа се сметаат за женски полови хормони. Се лачат од фоликулите од овариумите. Овие хормони се одговорни за појавата на женските полови одлики. Активноста на естрогените хормони е изразена за време на пубертетот, кога отпочнува првиот месечен циклус на овариумите. Со намалување на лачењето на естрогените, најчесто меѓу 45-тата и 50-сеттата година од животот, настанува период на менопауза.

Естроген
Класа на лек
Естрадиол, главниот естроген полов хормон кај луѓето и широко употребуван лек.
УпотребаКонтрацепција, менопауза, хипогонадизам, MTF, рак на простата, рак на дојка, други
Биолошки таргетЕстрогенски рецептори
ATC кодG03C
Надворешни врски
MeSHD004967

Естрогените хормони може се присутни кај ’рбетниците.[1][2]

Претставници и примери

уреди
Структури на главните ендогени естрогени
 
Забележете ги хидроксилните (–OH) групи: естронот (E1) има една, естрадиолот (E2) има две, естриолот (E3) има три, и естетролот (E4) има четири.

Четирите најзастапени естрогени кај жените се естрон (E1), естрадиол (E2), естриол (E3), и естетрол (E4). Естрадиолот (E2) е доминантен естроген за време на репродуктивната возраст, како во однос на серумското ниво, така и во поглед на естрогенската активност. За време на менопаузата, естронот е доминантен циркулирачки естроген, а за време на бременост доминантен циркулирачки естроген е естриолот. Даден како субкутана инјекција кај глувци, естрадиолот е околу 10 пати повеќе потентен од естронот и околу 100 пати повеќе потентен од естриолот.[3] Така, естрадиолот е најзначајниот естроген кај не-бремени жени помеѓу менархата и менопаузата. Меѓутоа, за време на бременоста оваа улога ја презема естриолот, а кај постменопаузални жени естронот станува примарна форма на естроген во телото. Друг тип на естроген наречен естетрол (E4) се произведува само за време на бременоста. Сите различни форми на естроген се синтетизираат од андрогените, особено од тестостерон и андростендион, под дејство на ензимот ароматаза.

Други помалку застапени естрогени, чија биосинтеза не го вклучува ензимот ароматаза, се 27-хидроксихолестерол, дехидроепиандростерон (DHEA), 7-оксо-DHEA, 7α-хидрокси-DHEA, 16α-хидрокси-DHEA, 7β-хидроксиепиандростерон, андростендион (A4), андростендиол (A5), 3α-андростендиол, и 3β-андростендиол.[4][5] Некои естрогенски метаболити, како што се катехол естрогените 2-хидроксиестрадиол, 2-хидроксиестрон, 4-хидроксиестрадиол, и 4-хидроксиестрон, како и 16α-хидроксиестрон, имаат одредена естрогенска активност.[6] Биолошкото значење на овие помалку застапени естрогени не е во потполност разјаснето.

Функција

уреди
 
Синтеза на стероидните хормони. Естрогените хормони се наоѓаат во долниот десен дела на сликата облежан со розова боја.

Естроген се присутни и кај мажите и кај жените. Обично се присутни во значително повисока концентрација кај жените во репродуктивната возраст. Тие го иницираат развојот на вторичните сексуални одлики кај жениите (како што се градите) а исто така имаат важна улога и во регулирањето на менструалниот циклус.

Кај мажите, естрогените хормони исто така регулираат некои функции на репродуктивниот систем важни за созревањето на сперматозоидите [7][8][9] и веројатно се одговорни за поседување на здраво либидо.[10][11] Постојат и неколку други структурни промени кои се индуцирани од страна на естрогените.

Примена во медицината

уреди

Средство за орална контрацепција

уреди

Естрогените хормони се користат како орални контрацептивни средства со оглед на тоа што со нивната циркулација во крвта се намалува концентрацијата на LH и на Фоликулостимулирачкиот хормон.

Рак на дојката

уреди

Во околу 80% од случаите на појава на рак на докјата, понатамошниот развој на ракот се темели на присутниот естроген. Ваквите канцери се познати како хормон-осетливи или хормон-рецептор-позитивен канцери. Сузбивањето на производството на естроген во телото се користи третман на овој вид на рак на дојката.

Рак на простатата

уреди

Под одредени околности естрогенот исто така може да се користи и кај мажите за третман на рак на простатата.[12]

Останато

уреди

Кај луѓето и кај глувците, естрогенот го помага заздравувањето на раните.[13]

Козметика

уреди

Некои шампони за коса содржат естрогени супстанци, а други содржат фитоестрогени. Поради ова се имаат појавено случаи кога кај мали деца се развиваат гради како резултат на изложувањето на естрогенот присутен во овие шампони.[14] Исто така голем број на козметички производи како конзерванси користат ксеноестрогени супстанци кои може да го имитираат дејството на естрогените хормони.

Ефектите врз животната средина

уреди

Во последниве години е откриено дека преку отпадната вода, естрогенот го наоѓа својот пат во животната средина. Естрогените се само мал дел од многуте соединенија кои може да делуваат како пореметувачи на ендокриниот систем, а тоа се должи на фактот дека тие имаат висока естрогена активност. Кога естрогените ќе навлезат во животната средина може да предизвикаат сериозни проблеми со репродуктивниот систем кај мажјаците (и кај луѓето и кај животните)[15] Еестрогените екскретирани од жените, како и на естрогените кои претставуваат отпад од користењето на контрацептивните таблети стигнуваат и до водените системи. Во текот на периодот на репродукција на рибите нивните икри се изложени на ниски нивоа на естроген, а тоа што предизвикува репродуктивни дисфункции кај рибите мажјаци[16] - некои риба поради ова се раѓаат и со машки и си женски полови органи. Други риби мажјаци може имаат ниска плодност.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  1. http://www.springerlink.com/content/m5t4612215x2755x/[мртва врска]
  2. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17368538
  3. A. Labhart (6 December 2012). Clinical Endocrinology: Theory and Practice. Springer Science & Business Media. стр. 548–. ISBN 978-3-642-96158-8.
  4. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  5. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  6. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  7. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  8. J. Raloff (1997-12-06). „Science News Online (12/6/97): Estrogen's Emerging Manly Alter Ego“. Science News. Посетено на 2008-03-04.
  9. „Science Blog -- Estrogen Linked To Sperm Count, Male Fertility“. Science Blog. Архивирано од изворникот на 2007-05-07. Посетено на 2008-03-04.
  10. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  11. Ian Muchamore (2004-07-19). „Prince Henry's Institute - Media Release - Male sex drive linked to estrogen“. Prince Henry's Institute. Посетено на 2008-03-04.
  12. Oh WK (2002). „The evolving role of estrogen therapy in prostate cancer“. Clin Genitourinary Cancer. 1 (2): 81–9. PMID 15046698. Архивирано од изворникот ([мртва врска]search) на 2012-03-02. Посетено на 2010-07-08.
  13. Oh DM, Phillips, TJ (2006). „Sex Hormones and Wound Healing“. Wounds. 18 (1): 8–18.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  14. Sanghavi, DM (17 октомври 2006). „Preschool Puberty, and a Search for the Causes“. The New York Times. Посетено на 2008-06-04.
  15. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  16. Liney KE, Jobling S, Shears JA, Simpson P, Tyler CR (2005). „Assessing the sensitivity of different life stages for sexual disruption in roach (Rutilus rutilus) exposed to effluents from wastewater treatment works“. Environ. Health Perspect. 113 (10): 1299–307. PMC 1281270. PMID 16203238.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди
  NODES
os 3