Жан Тигана
Жан Тигана (роден во Бамако, на 23 јуни 1955) — француски фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред.
Жан Тигана | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 23 јуни 1955 | ||
Роден во | Бамако, Мали | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м | 1,68||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 1991 (35 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1975-1978 | Тулон | 76 | (10) |
1978-1981 | Олимпик Лион | 104 | (15) |
1981-1989 | Бордо | 251 | (11) |
1989-1991 | Олимпик Марсеј | 56 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1980-1988 | Франција | 52 | (1) |
Раководител на екипите | |||
1993-1995 | Олимпик Лион | ||
1995-1999 | Монако | ||
2000-2003 | Фулам | ||
2005-2007 | Бешикташ | ||
2010-2011 | Бордо | ||
2011-2012 | Шангај Шенхуа | ||
* Ажурирано на: 28 јуни 2013 ** Ажурирано на: 28 јуни 2013 |
Клупска кариера
уредиСвојата професионална кариера, Тигана ја започнал во Тулон, клуб за кој одиграл 83 натпревари во периодот од 1975 до 1978 година.
Потоа играл три сезони во дресот на Олимпик Лион (1978-1981), пред да се пресели во Бордо во 1981 година. Со жирондиците, тој освоил три првенствени титули (1983-1984, 1984-1985, 1986-1987), два купа (1985-1986, 1986-1987) и еден Суперкуп на Франција (во 1986 година). Играјќи за Бордо, тој бил избран за Фудбалер на годината во Франција во 1984 година. Последните години од кариерата ги поминал во екипата на Олимпик Марсеј со која освоил уште две првенствени титули (1989-1990, 1990-1991).
Репрезентативна кариера
уредиТигана дебитирал за сениорската репрезентација на Франција во 1980 година и, до неговиот последен настап во 1988 година, одиграл вкупно 52 натпревари за триколорите постигнувајќи 1 гол.
Со репрезентацијата учествувал на Светското првенство 1982 во Шпанија и Светското првенството 1986 во Мексико (каде го постигнал единствениот репрезентативен гол во успехот со 3-0 против Унгарија),[1] стигајќи до полуфиналето во двата случаи. Исто така учествувал и на завршницата на Европското првенство 1984, кое Франција го освоила на домашен терен.
За време на својата репрезентативна кариера Тигана бил дел од таканаречениот "Магичен квадрат" (на француски:"carré magique"), четиричлениот среден ред на французите заедно со Мишел Платини, Луис Фернандес и Ален Жирес, една од најдобрите средни линии со четири играчи во историјата на фудбалот.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиТренерска кариера
уредиВо 1993 година, Тигана се вратил во Олимпик Лион каде ја започнал својата тренерска кариера. Тој останал во клубот до 1995 година, водејќи го до второто место место во првенството во сезоната 1994-1995. Во 1995 година, тој ја презел тренерската функција во Монако каде останал до 1999 година. Со клубот од Кнежевството освоил една првенствена титула во сезоната 1996-1997 и Суперкупот на Франција 1997. Исто така, следната година тој го водел клубот до полуфиналето на Лигата на шампионите каде биле елиминирани од италијанскиот Јувентус.
Во 2000 година го имал првиот тренерски ангажман во странство кога бил назначен за менаџер на англискиот второлигаш Фулам. Во првата сезона, тој го одвел клубот до промоција од Првата дивизија во Премиер лигата како шампион. Следната сезона, што била прва за Фулам во најсилната фудбалска лига во Англија по повеќе од 30 години, тој го освоил 13. место во Премиер лигата и изборил пласман со клубот во Купот на УЕФА (преку Интертото купот). Во април 2003, тој бил отпуштен иако Фулам не бил во опасност од испаѓање.[2]
Во октомври 2005 година, по повеќе од две години пауза, тој потпишал договор на две и пол години со турскиот клуб Бешикташ, со кои освоил два Купа на Турција (2005-2006 и 2006-2007) и Суперкупот на Турција 2006, пред да го напушти клубот во 2007 година со споразумно раскинат договор.
На 25 мај 2010 година, Тигана се вратил во Франција потпишувајќи за Бордо. Но престојот во клубот за него како тренер не бил пријатен како во времето кога бил играч затоа што постојано бил на граница да добие отказ заради слабите резултати во лигата и заради турбулентниот однос со навивачите кој биле разочарани од неговата работа во тимот кој само две години претходно бил шампион на Франција под водството на Лоран Блан. По поразот на домашен терен од Сошо со 0-4 и вербалните закани кои и биле упатени на неговата шеснаесетгодишна ќерка присутна на трибините, тој ја напуштил клупата на Бордо на 7 мај 2011 година.[3][4]
На 18 декември 2011 година било објавено дека Тигана ќе биде новиот тренер на кинескиот клуб Шангај Шенхуа за сезоната 2012 година. На 15 април 2012 година, Тигана поднел оставка од функцијата поради слабата форма на Шангај Шенхуа, оставајќи го кинескиот клуб во последните пет екипи на табелата во домашната лига.
Титули
уреди
ИграчуредиКлупскиуредиБордоуреди
Олимпик Марсејуреди
РепрезентацијауредиПоединечниуреди
|
ТренеруредиКлупскиуредиМонакоуреди
Фуламуреди
Бешикташуреди
Поединечниуреди
|
Наводи
уреди- ↑ „Match - France - Hongrie - FFF“. www.fff.fr (француски). Архивирано од изворникот на 2019-03-23. Посетено на 2019-12-25.
- ↑ „Tigana sacked by Fulham“. The Scotsman. UK. 18 April 2007. Архивирано од изворникот на 14 November 2007. Посетено на 9 November 2007.
- ↑ „Tigana – " J'arrête "“. FC Girondins de Bordeaux. 2011-05-07. Архивирано од изворникот на 11 May 2011. Посетено на 8 May 2011.
- ↑ „Jean Tigana steps down as Bordeaux coach“. Goal.com. 2011-05-07. Посетено на 8 May 2011.
- ↑ „Fulham force draw“. BBC Sport. 13 August 2002. Посетено на 16 June 2020.
„Fulham clinch Euro glory“. BBC Sport. 27 August 2002. Посетено на 16 June 2020.