Жорж Бизе — (25 октомври 1838) во Париз по името Александар Цезар Леополд Бизе, но брзо после крштевањето го добива името Жорж по кое ќе остане познат и до ден денес. Како чудо од дете е примен во престижниот Париски музички конзерваториум на неполни 10 години, каде учел да свири клавир и композиции и редовно добивал награди за своите дела.

Жорж Бизе.

Во 1857 година добива награда од Жак Офенбах за операта La docteur Miracle и така ја освојува својата школарина за продолжувањето на учењето. Жорж Бизе студирал во Рим три години и таму ја напишал една од своите попознати опери Don Procopio. Освен тие три години во Рим, Жорж Бизе цел свој живот го поминал во Париз.

По завршувањето на студиите се вратил во Франција и продолжил да компонира. Брзо после неговото враќање, мајка му починала. Во 1863 година ја напишал операта Ловци на бисери или (Les pêcheurs de perles) за театарот „Lyrique“. Во текот на овој период Жорж Бизе го напишал и делото „La jolie fille de Perth“, позната „L'arlésienne“ (напишана како случајна музика за претстава) и композицијата за клавир “Детска игра“ (Jeux d'enfants). Исто така ја напишал и романтичната опера „Djamileh“, која и ден денес се гледа како претходница на операта “Кармен“. Бизеовата прва симфонија “Симфонија со големо С“ е напишана во Парискиот конзерваториум каде Бизе имал само 17 години, и тоа како школска задача. Откриена е тек во 1935 година во архивата во библиотеката на музичкиот конзерваториум. После своето прво изложување, веднаш е прогласена како ремек дело на тој млад композитор.

Најпознатото дело на Жорж Бизе е секако операта “Кармен“ од 1875 година која е заснована на романот (излезен во 1846 година) кој го напишал Проспер Мериме. Според впечатокот на Џузепе Верди, главна улога била мецоспоран (мецо-пола). Операта “Кармен“ веднаш не постигнала успех, а Бизе бил многу разочаран, но за утеха брзо дошла пофалба од своите колеги композитори како што се Камиј Сен-Санс, Петар Илич Чајковски и Клод Дебиси, кои веднаш ја препознале убавината на операта. Во брзо време публиката почнала да го дели истото мислење со овие композитори и “Кармен“ станува една од најпознатите опери во историјата.

Жорж Бизе долго пател од angine pectoris и не стигнал да ја ужива славата која му ја донела “Кармен“. Само неколку месеци после првото изведување, на својата шест годишнина од бракот, на 36 години Жорж Бизе умира, на 3 јуни 1875 . Закопан е на гробиштата „Пер Лашез“ во Париз.

Плакат од премиерата на „Кармен“
  NODES