Зак Снајдер

американски режисер, сценарист и продуцент

Закари Едвард Снајдер (роден на 1 март 1966 г.) — американски филмски режисер, продуцент, сценарист и кинематограф.

Зак Снајдер
Снајдер на San Diego Comic-Con во 2016 г.
Роден(а)Закари Едвард Снајдер
1 март 1966(1966-03-01)(58 г.)
Грин Беј, Висконсин, САД
Занимање
  • режисер
  • продуцент
  • сценарист
  • кинематограф
Активен период1990–сè уште
Сопружник
Деца8[1]

Прв долгометражен филм на кој тој се потпишал како режисер е хоророт Зора на живите мртовци од 2004 година, кој бил римејк на истоимениот филм од 1978 година. Од тогаш, тој бил режисер или продуцент на бројни филмови базирани на стрипови, како 300 (2007) и Чувари (2009), како и суперхеројските филмови на DC Extended Universe, Човек од челик (2013), Бетмен против Супермен: Зора на правдата (2016) и Лига на правдата (2017). Во 2021 година бил објавен филмот Лига на Правдата на Зак Снајдер кој е проширена верзија на филмот од 2017 година. Тој исто така е режисер на филмовите Легенда за чуварите: Бувовите на Га'Хул (2010), Неочекуван удар (2011), и Војска на живите мртовци (2021).

Во 2004 година, тој ја основал продуцентската компанија The Stone Quarry заедно со сопругата Дебора Снајдер и неговиот колега Весли Колер.

Рани години

уреди

Снајдер е роден во Грин Беј, Висконсин и израснал во Риверсајд, Конектикат. Неговата мајка, Марша Менлеј,[2] била сликар и наставник по фотографија. Неговиот татко, Чарлс Едвард „Ед“ Снајдер, работел како извршен регрутер.[3][4][5] Тој има постара сестра, Одри, додека пак неговиот брат, Сем, починал додека Зак бил тинејџер.[6]

Снајдер го посетувал кампот за христијански науки Оватона во Харисон, Мејн, за време на летните месеци како дете. Тој изучувал сликање една година по завршувањето на средното образнование во школата за уметности Хитхерли во Лондон, и покрај тоа што веќе започнал да се занимава со снимање филмови. Подоцна, Снајдер се школувал на колеџот за дизајн Арт Центар во Пасадена, Калифорнија.[7] Тој дипломирал на отсекот филм во 1989 година.[8]

Кариера

уреди

Снајдер го снимил првиот долгометражен филм, хоророт Зора на живите мртовци во 2004 година, за кој филмските критичари упатиле позитивни критики, а потоа неговиот следен филм, 300 (2006), кој бил адаптиран од истоимениот стрип на Френк Милер, бил хит во кино салите, заработувајќи 456 милиони долари ширум светот наспроти неговиот буџет од 60 милиони долари. Неговиот следен филм, Чувари, бил издаден на 6 март 2009 година, и достигнал заработка од 185 милиони долари ширум светот. Негов следен проект бил анимиранот филм, Легенда за чуварите: Бувовите на Га'Хул кој бил издаден на 24 септември 2010 година. Снајдер бил продуцент, ко-сценарист и режисер на филмот Неочекуван удар,[9] кој бил издаден на 25 март 2011 година. Филмот, базиран на сценариото напишано од Снајдер и Стив Шибуја, обработувал приказна за млада девојка во ментална болница која замислува бегство со колегите.

Снајдер го режирал суперхеројскиот филм Човек од челик за Warner Bros. во 2013 година, кој бил нов филм во франшизата Супермен и почетен филм во серијалот филмови на DC Extended Universe (DCEU) базирани на стрипови. Тој следно го режирал продолжението на филмот 300, 300: Подемот на царството (2014).

За време на фестивалот „Comic Con“ во 2013 година, Снајдер објавил дека Бетмен и Супермен ќе бидат дел од неговиот најнов филмски проект, Бетмен против Супермен: Зора на правдата, кој бил издаден во 2016 година. Во филмот Хенри Кавил ја повторил улогата на Супермен, додека пак Бен Афлек го играл Бетмен.[10] Снајдер бил режисер на филмот Лига на правдата од 2017 година, но го напуштл филмот во неговата пост-продукција за да се справи со смртта на неговата ќерка, Отом Снајдер.[11][12] Негова замена бил Џос Ведон.[1][12]

На 29 јануари 2019 година, Снајдер објавил дека потпишал договор да го режира филмот Војска на живите мртовци за Нетфликс. Снајдер го продуцирал и режирал филмот со својата сопруга, Дебора Снајдер, преку нивната ребрендирана продуцентска компанија, The Stone Quarry.[13] Неговиот договор со Нетфликс се проширил на франшизата Војска на живите мртовци; во која биле вклучени филмовите Војска на крадци, издаден во 2021 година, и Планета на живите мртовци, продолжение кое ќе биде снимено во иднина.[14]

На 20 мај 2020 година, Снајдер објавил дека Лига на Правдата на Зак Снајдер, кој претставува проширена верзија на првичниот филм од 2017 година, ќе биде објавен на платформата HBO Max во 2021 година. Филмот бил издаден на 18 март 2021 година.

Филмографија

уреди

Филм

уреди
Година Наслов Заслуги за Белешки
Режија Сценарио Продукција Кинематографија
2004 Зора на живите мртовци да не не не
2007 300 да да не не Ко-сценарист со Курт Џонстад и Мајкл Б. Гордон
2009 Чувари да не не не
2010 Легенда за чуварите: Бувовите на Га'Хул да не не не
2011 Неочекуван удар да да да не Ко-сценарист заедно со Стив Шибуја
2013 Човек од челик да не не не
2014 300: Подемот на царството не да да не Ко-сценарист со Курт Џонстад
2016 Бетмен против Супермен: Зора на правдата да не не не
2017 Вондер вуман не Приказна да не Приказна напишана заедно со Алан Хаинберг и Џејсон Фукс
Лига на правдата да [N 1] Приказна не не Приказна напишана заедно со Крис Терио
2020 Вондер Вуман 1984 не не да не
2021 Лига на Правдата на Зак Снајдер[N 2] да Приказна не не Приказна напишана заедно со Крис Терио и Вил Бил
Војска на живите мртовци да да да да Ко-сценарист со Шеј Хатен и Џоби Харолд
Војска на крадци не Приказна да не Приказна напишана заедно со Шеј Хатен
Идно Бунтовна месечина да да да да Ко-сценарист со Шеј Хатен и Курт Џонстад
Приказна напишана заедно со Курт Џонстад

Белешки

уреди
  1. Снајдер бил режисер на Лига на правдата за време на снимањето на филмот, но бил заменет од Џос Ведон за време на пост-продукцијата на филмот. Снајдер ја задржал режисерската заслуга за филмот, иако Ведон преснимил значителен дел од филмот. Тој потоа уредил проширена верзија од филмот, отстранувајќи ги сите снимки на Ведон и враќајќи ги назад неговите избришани снимки од кино изданието.[1][12][15]
  2. Снајдер снимил четири до пет минути дополнителни снимки кон крајот на 2020 година за оваа верзија.[1][12][15]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Justice League: Zack Snyder quits movie after daughter kills herself“. The Guardian. 23 мај 2017. Посетено на 13 февруари 2019.
  2. „Marsha Manley Snyder“. geni_family_tree (англиски). Посетено на 23 февруари 2020.
  3. Everhart, Bill (8 март 2007). „Fan makes a film“. The Berkshire Eagle. Посетено на 8 октомври 2013.
  4. „Marsha Snyder Obituary – Pittsfield, MA“. The Berkshire Eagle. Legacy.com. Посетено на 8 август 2015.
  5. „The North Adams Transcript from North Adams, Massachusetts · Page 15“. Newspapers.com. 5 мај 1958. Архивирано од изворникот на 8 декември 2015. Посетено на 8 август 2015.
  6. Zack Snyder Answers the Web's Most Searched Questions | WIRED (англиски), Посетено на 23 мај 2021
  7. Leonard, Devin (1 март 2016). „Zack Snyder's Superhero Life“. Bloomberg News. Посетено на 1 март 2016.
  8. „Zack Snyder“. ArtCenter College of Design.
  9. „Zack Snyder: Watchmen“. SuicideGirls. March 5, 2009. Посетено на March 5, 2009.
  10. Fischer, Russ (20 јули 2013). „Zack Snyder Will Direct Superman/Batman Movie Inspired by Frank Miller's 'The Dark Knight Returns'. /Film. Посетено на 20 јули 2013.
  11. Fritz, Ben (26 април 2014). „Warner Bros. Plans 'Justice League' Movie Directed by Zack Snyder (Exclusive)“. The Wall Street Journal. Посетено на 27 април 2014.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Kit, Borys (22 мај 2017). „Zack Snyder Steps Down From 'Justice League' to Deal With Family Tragedy“. The Hollywood Reporter. Посетено на 23 септември 2018.
  13. „Zack Snyder Returning to Movies With Zombie Action Pic 'Army of the Dead' (Exclusive)“. The Hollywood Reporter (англиски). Посетено на 31 јануари 2019.
  14. O'Rourke, Ryan (28 октомври 2021). 'Planet of the Dead' Will Have Some "Time Loop Fun," Teases Director Zack Snyder“. Collider. Посетено на 28 октомври 2021.
  15. 15,0 15,1 "It Will Be an Entirely New Thing": Zack Snyder's $20M-Plus 'Justice League' Cut Plans Revealed“. The Hollywood Reporter (англиски). Посетено на 11 јуни 2020.

Надворешни врски

уреди
  NODES
OOP 1
os 3
web 1