Зеница[1] (латински: pupilla) или црнка[2] — дел од окото што е во средината на шареницата. Изгледа црно бидејќи поголемиот дел од влезната светлина се впива од ткивата во окото. Зеницата се отвора и затвора за да се регулира количината на светлина што стигнува до мрежницата.[3][4] Кај луѓето, зеницата е тркалезна, додека други видови, како што се некои мачки, имаат зеници со вертикален расек. Козите имаат хоризонтално ориентирани зеници, а некои сомови имаат прстеновидни зеници.

Човечка зеница

Наводи

уреди
  1. „зеница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „црнка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Cassin, B. and Solomon, S. (1990) Dictionary of Eye Terminology. Gainesville, Florida: Triad Publishing Company.
  4. Malmström T, Kröger RH (January 2006). „Pupil shapes and lens optics in the eyes of terrestrial vertebrates“. J. Exp. Biol. 209 (Pt 1): 18–25. doi:10.1242/jeb.01959. PMID 16354774.

Надворешни врски

уреди


  NODES