Ивлин (фр. Yvelines) е департман во регионот Ил де Франс, Франција.

Ивлин
Yvelines
Департман
Грб на Ивлин
Местоположбата на Ивлин во Франција
Местоположбата на Ивлин во Франција
Координати: 48°50′N 1°55′E / 48.833° СГШ; 1.917° ИГД / 48.833; 1.917
ЗемјаФранција
РегионИл де Франс
ПрефектураВерсај
ПотпрефектуриМант ла Жоли
Рамбује
Сен Жермен ан Ле
Управа
 • Претс. на
ген. совет
Пјер Бедје
Површина1
 • Вкупна2.284 км2 (882 ми2)
Население (2006)
 • Вкупно1.395.804
 • Ранг9.
 • Густина610/км2 (1,600/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Депртман бр.78
Окрузи4
Кантони39
Општини262
^1 Податоци од катастарот на Франција. Не се вбројуваат речни устија, езера, бари и ледници поголеми од 1 км2

Историја

уреди

Департманот Ивлин е создаден на 1 јануари 1968 со составување на западниот дел на некогашниот департман Сена и Оаза согласно законот изгласан во 1964 и указот за спроведување од 1965 г.

Во 1969 г. кон департманот се приклучени и општините Шатофор и Туси ле Нобл од соседниот департман Есона.

Географија

уреди

Ивлин се граничи со департманот Долина на Оаза на север, Сенските Висови на исток, Есона на југоисток, Ер и Лоар на југозапад и Ер на запад.

Источниот дел на департманот, како и северниот дел долж реката Сена е всушност предградие на Париз, но остатокот од департманот е рурален. Голема површина зафаќа шумата Рамбује (наречена и Ивлин, од кајшто доаѓа името на департманот).

Покрај Версај (префектура) и потпрефектурите Мант ла Жоли, Рамбује и Сен Жермен ан Ле, други поважни места се Конфлан-Сент-Онорин, Поаси, Ле Миро, Уј, Плезир, Сартрувил, Шату, Ле Шезне и збирната заедница Сен-Кентен-ан-Ивлин.

Во Ивлин има два регионални парка: Горна Шевреска Долина и дел од паркот Вексен Франсе.

Знаменитости

уреди

Дворци

уреди

Музеи

уреди

Домови на уметници и писатели

уреди

Паркови и градини

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди


  NODES