Игуана
Зелена игуана (Iguana iguana)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Игуани
Семејство: Игуани
Род: Игуана
Laurenti, 1768
Видови
Iguana iguana
Iguana delicatissima

Игуана е род на гуштери кои живеат во тропските области на Централна и Јужна Америка и Карипските острови. Првпат се документирани од Јозефус Николаус Лауренти]] во 1768 во неговата книга Specimen Medicum, Exhibens Synopsin Reptilium Emendatam cum Experimentis circa Venena. Родот игуана вклучува два вида:

Поимот „игуана“ е изведен од шпанскиот облик на изворниот таински збор „иуана“.[1]

Физички особини

уреди

Гуштерите од родот игуана имаат изразен подбрадок, низа од боцки по ’рбетот од вратот до опашката и трето (тнр. париетално) око на темето од главата. Ова око не им овозможува јасен вид, но можат да забележат промени во осветленоста, што им помага да се заштитат од опасности (нпр. грабливи птици). Зад вратот имаат мали боцки, а на образите имаат големи кружни плочки кои се под ушните канали.

Игуаните имаат одличен вид и слух.

Наводи

уреди
  1. Coles, William (2002), „Green Iguana“ (PDF), U.S.V.I. Animal Fact Sheet #08, Department of Planning and Natural Resources US Virgin Islands Division of Fish and Wildlife
  NODES