Изгрејсонце или изгрев – време кога изгрева Сонцето[1][2]. Тоа е времето од денот, кога дискот на Сонцето почнува да се појавува на исток над хоризонтот. Изгрејсонцето не треба да се меша со зората, при која ноќното небо почнува да се осветлува и која настапува некое време пред изгрејсонцето. Поради рефракцијата на Сончевите зраци во атмосферата изгледа дека Сонцето се гледа, додека фактички тоа сè уште е под хоризонтот. Како изгрејсонцето, така и зајдисонцето може да се третира како визуелна измама.

Ајфеловата кула на изгрејсонце

Привидното вртење на Сонцето околу Земјата во западна насока по изгрејсонцето фактички се должи на ротацијата на Земјата околу нејзината оска во источна насока. Илузијата за ротацијата на Сонцето околу Земјата е толку убедлива така што во повеќето светски митологии и религии е усвоен геоцентричниот модел на светот.

Луѓето за изгрејсонце го сметаат моментот кога над хоризонтот ќе се покаже врвниот дел од сончевиот диск, а не неговиот центар. На ист начин за зајдисонце се прифаќа моментот кога не средиштето, туку последните делови од дискот ќе исчезнат под хоризонтот. На тој начин благо се зголемува времетраењето на „денот“ во однос на „ноќта“. Сепак, астрономите ги засноваат пресметките за времетраењето на денот токму на моментите кога центарот на дискот го преминува хоризонтот.

Во северната полутопка изгрејсонце најдоцна настапува не на зимската краткодневица (околу 21 декември), туку во почетокот на јануари. Аналогно, најраното изгрејсонце не настапува на долгодневицата (околу 21 јуни), туку малку порано во јуни. При движење од екваторот кон Северниот Пол моментите на изгрејсонце и зајдисонце се менуваат, како што се менуваат и во различните денови през годината. И на самиот екватор моментите на изгрејсонце и зајдисонце варираат во текот на годината во рамките на неколку минути.

Изгрејсонцето како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Изгрејсонце“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Изгрев“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 266-294.
  4. Маргарет Етвуд, Пролетната песна на жабите, Темплум, Скопје, 2005, стр. 7-34.
  5. YouTube, Bodan Arsovski - Sunrise (посетена на 27.11.2019)
  6. Discogs, Big Star – #1 Record (пристапено на 5.2.2022)
  7. YouTube, Sun Arise (пристапено на 1.11.2022)
  8. Alice Cooper, Love it to death & Killer, Some Wax Recordings, SW 126-2, 2003.
  9. Discogs, New Order ‎– Low-life (пристапено на 9.3.2021)
  10. „Текила санрајз“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 24.
  NODES