Интерпол
Меѓународна организација на криминална полиција (на англиски: International Criminal Police Organization, на француски: Organisation internationale de police criminelle), подобро позната како Интерпол, е меѓународна организација која има за цел да ја олесни соработката помеѓу полициските сили во светот. Таа била основана во 1923 година под името Меѓународна комисија на криминална полиција (на англиски: International Criminal Police Commission).[1]
Интерпол |
||
---|---|---|
Карта на земји-членки на Интерпол
|
||
Седиште | Лион, Франција | |
Членство | 192 земји-членки | |
Лидери | ||
• | Претседател | Менг Хонгвеј |
• | Генерален секретар | Јурген Сток |
Буџетот на Интерпол изнесува околу 113 милиони евра, од кој поголемиот дел е обезбеден од годишните придонеси на полициските служби кои се нејзини членки. Нејзин актуелен Генерален секретар е Јурген Сток, поранешен заменик-шеф на Германската федерална полиција. Тој го замени местото на Роналд Нобл кој бил на таа позиција до ноември 2014 година по служба од вкупно 14 години.[2] Актуелен претседател на Интерпол е Менг Хонгвеј, заменик министер за јавна безбедност во Кина.[3]
Наводи
уреди- ↑ Име и лого Архивирано на 22 февруари 2019 г., Интерпол (англиски)
- ↑ „Германецот Јурген Сток, нов шеф на Интерпол“. Sky News (англиски). 8 ноември 2014. Архивирано од изворникот на 2014-11-10. Посетено на 2018-01-16.
- ↑ „Интерпол доби нов шеф“. Радио Слободна Европа. 10 ноември 2016.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место (англиски)