Кала-азар
Кала-азар (висцерална лајшманиоза или црна смрт) е најтешка форма на паразитското заболување лајшманиоза.[1]
Паразитот лајшманија ја напушта кожата и ги напаѓа органите на имунолошкиот систем. Се појавува покачена телесна температура, зголемен црн дроб, зголемена слезина и лимфни јазли.
Ако не се лекува, болеста доведува до тешко хронично заболување проследено со темна пигментација на кожата, екстремно губење на телесната тежина и слабокрвност, која завршува со смрт.