Каракум

пустина во Туркменистан

Каракум или Гарагум (туркменски: Garagum, руски: Каракумы, казашки: Қарақұм = „црн песок“) е пустина во Средна Азија што опфаќа околу 70% (350.000 км2) од површината на Туркменистан.

Сателитска снимка на Каракум

Пустината е мошне ретко населена, со просечна густина од еден жител на 6,5 км2. Годишното количество на врнежи изнесува само 70 до 150 мм.[1]

Местоположба

уреди
 
Предел на Каракум

Пустината се протега низ голем дел од денешен Туркменистан, источно од Каспиското Езеро, јужно од Аралското Море и југозападно од реката Аму Дарја и пустината Кизилкум. Поради значајното намалување на водата во Аралското Море, пустината се има проширено во „Приаралски Каракум“ на местото на некогашното дно, и зафаќа површина од 40.000 км2. Причината за големиот губиток на вода се огромните проекти за наводнување на околното земјиште спроведени во времето на СССР. Иако нивото на Малото Аралско Море сега се издига, Големото Аралско Море и понатаму губи вода, па затоа пустината сè уште се шири.[2]

Песокот на Приаралски Каракум е плитко солено блато прекриено со ситни испаренија и остатоци од алкални минерални лежишта, одлиени во сливот со наводнувањето на полињата. Силната воздушна струја во правец исток-запад со песокот носи остатоци од пестициди низ огромни растојанија. Овоие честички се пронајдени во крва на пингвините на Антарктикот и на ледниците Гренланд, шумите во Норвешка и полињата во Русија.

Хидрографија

уреди

На југот, реките Мургаб и Хари извираат од венецот Хиндукуш и течат на запад.

Низ Каракум минува Каракумскиот канал — вториот по големина канал за наводнување во светот. Започнат е во 1954 г. и се протега во должина од 1.375 км, носејќи 13-20 км2 вода годишно. На местата кајшто протекува каналот се создадени езера и бари. Големи предели имаат претрпено засолување на почвата поради издигањето на подземните води.

Археологија

уреди

Во Каракум се протега планинскиот венец Голем Балкан, каде археолозите имаат пронајдено доста човечки останки од каменото време.

Стопанско значење

уреди
 
Усвитена гасна јама кај Дервезе.

Најзастапена стопанска гранка во подрачјето на Каракум е производството на памук оазните подрачја на Мари и Теџен.

Низ целото нејзино подрачје има големи наоѓалишта на нафта и земен гас.

Во пустината се наѓа познатите гасни јами на Дервезе, што секогаш тлеат со оган (40°15′08.40″N 58°26′23.10″E / 40.2523333° СГШ; 58.4397500° ИГД / 40.2523333; 58.4397500).

Собраќај

уреди

Низ пустината минува Запасписката железница.

Наводи

уреди
  1. „Каракум -- Енциклопедија Британика“. www.britannica.com. Посетено на 22 февруари 2008.
  2. Аралско Море Архивирано на 16 март 2009 г. (англиски)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

40°30′N 60°00′E / 40.500° СГШ; 60.000° ИГД / 40.500; 60.000

  NODES
os 2