Карлстен е камена тврдина сместена на Марстранд, на западниот брег на Шведска. Тврдината била изградена по наредба на шведскиот крал Карл X од Шведска по Роксилдскиот мировен договор, во 1658 година, за да се заштити новостекнатата провинција Бохуслен од непријателски напади. Местото Марстранд е избрано поради неговата локација и пристапот до пристаниште без мраз. Тврдината била исклучена како постојана одбранбена позиција во 1882 година, но останала во воена употреба до раните 1990-ти.[1]

Воздушна фотографија од Карлстенс тврдината
Воздушна фотографија од тврдината Карлстен

Историја

уреди
 
Кула. Највисокиот дел од тврдината.

По мировниот договор во Роскилде во 1658 година, Бохуслен, и заедно со него, Марстранд припаѓал на Швеѓаните. Градот одамна е главно место за тргување. Бидејќи пристаништето речиси никогаш не замрзнува, дел од шведската морнарица била стациониран овде. За да го одбрани Марстранд, Карл Х Густав одлучил да изгради тврдина на островот. На 23 јули 1677 година, по напад врз утврдувањата во Марстранд од Улрик Фредерик Гилденлав, данскиот воен командант во Норвешка, Карлстен бил освоен. Во 1719 година, тврдината била нападната и опколена по втор пат во својата историја од норвешкиот вицеадмирал Торденскиолд, (штитот на громот) паѓајќи во непријателски раце. Тврдината била вратена на Шведска преку преговори и договори.

Градба

уреди
 
Карлстен во 1867 година.

Во 1658 година, под раководство на Јохан Ворншолд, изградено е импровизирано утврдување во форма на дрвени скенови на Волен, на врвот на планината над „големата метеорлошка станица“ на градот. Оваа тврдина била од голема корист во есента 1659 година за да го возврати нападот извршен од норвешките сили. Во 1666 година, започнала изградбата на зграда за замена на дрвениот раб. Оваа нова тврдина била во форма на римски редут, односно кула со четири мали рампи. Првично била изградена квадратна камена кула, но во 1681 година, започнала изградбата на голема кула со тркалезна форма, по дизајнот на командантот Карл Густаф Фрoлих, на цртежи создадени од Ерик Далберг, било општо одобрена во 1685 година, и веќе во 1689 година тврдината била скоро завршена, составена тогаш од редут од цигли и висока катна кула, која го вклучувала и поранешниот плоштад.

Изработката ја вршеле затвореници осудени на казнена работа. Последователните дополнувања на тврдината биле извршени до 1860 година кога конечно била завршена. Карлстен бил исклучиво затвор за мажи. Најпознатиот затвореник во Карлстен бил веројатно Ласе-Маја, кој бил затворен овде во периодот од 1813-1838 година.

Наводи

уреди
  1. „Welcome to Carlstens Fortress Marstrand“. web.archive.org. 2003-12-07. Архивирано од изворникот на 2003-12-07. Посетено на 2021-07-21.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  NODES