Ката (карате)

список на статии на Викимедија

Kaтa ( или ) (во превод: „форма“) е јапонски збор кој детално ги опишува начините на движењата во каратето, било во парови или соло. Суштината на карате вештината се кати. Тие содржат серија на координирани хармонични движења кои се направени по одреден редослед прилагодувајќи се кон специфичен ритам. Секоја ката покажува замислена борба со неколку противници истовремено.

Мотобу Чоки Наифанчи

Карате кати

уреди

Движењата на „карате катите“ секогаш започнуваат од дефанзивна позиција со што се потенцира одбранбениот карактер на катата. Во катата каратистот не бега од противникот, туку му оди во пресрет да го одбие нападот и да зададе контра удар. На тој начин движењето како елемент на одбраната станува елемент на нападот. Неопходно е да се сфати и тоа дека одбраната со која се одбиваат ударите на противникот, не се намерно подметнати како што е случај со подлактиците.

Катата всушност го афирмира правилото кое гласи: одбраната нека биде напад, а нападот одбрана.

Секоја ката содржи серија на последователни движења направени долж линијата наречена Enbusen. Последното движење на катата треба да заврши во истата точка во која и започнала вежбата, односно по беспрекорната изведба на сите техники за симулирана борба. Zanshin (внимателност, претпазливост) е интегрален дел на катата и би требало да е совршен како и Kamae (положба при удирање).

Во текот на изведбата на катата мора да се обрне внимание на наизменичното мускулно контрахирање и релаксирање, правилно дишење и внимателност. Пред сè треба да се постигне неопходен степен на силна концентрација. Истовремено сите овие елементи го прават движењето меко и хармонично, ритмично и вообичаено. Ова се постигнува со користење насила во вистинскиот момент и поставување на телото во позиција на еластичност и слобода на движењето. При изведување на ката, во одредени моменти ударите ги следи силен воздив кој се вика Ki-ai

Ниедно движење во ката не е непотребно. Во секоја вежба сериите на одделни техники не се спектакуларна акција со цел творба на визуелен ефект, туку движења потребни за борба, проучување и докажување од карате учителите кои ги создале истите. Некои од нив се прават во согласност со физичката сила, за зајакнување на мускулите и коските, други да ги докажат рефлексите и брзината.

Секоја ката си има свој карактер и своја карактеристична изведба. Некои се многу тешки, цврсти и се груби. Други кати се брзи, лесни со повеќе акробатски движења. Некои се агресивни и природни, а некои се изведуваат побавно со големо напрегање на мускулите. Овие разлики во карактерот на катата не значат дека натпреварувачот во некои кати се движи полесно, а во други потешко. Секогаш и секоја техника се изведува како да е единствена техника која треба да биде изведена максимално комплетно, без оглед на тоа дали се работи за формата на техниката, брзината со која таа се изведува и ритамот на самата ката кој го дава карактерот. Како и да е класификацијата на катите се врши така шго тие општо припаѓаат на SHOREK- стил (сила и моќ) и SHORIN-стил (брзина и подвижност). Тренирањето на кати започнува со учење на петте основни форми од групата HEIAN.

Што повеќе и што потемелно ги научи катите, каратистот ќе биде подобар борец. Со долго вежбање и желба за квалитетно изведување на катата и со стекнување знаење во познавањето на катата, се постигнува усовршување на одбраната и нападот во спортската борба, бидејќи елементите стануваат условно-рефлексно поврзани и повеќе никогаш не се поставува прашање како, кога и кои елементи да се употребат, или како да се поврзат елементите. Катата сето тоа го внела во оној дел од свеста, кој се вика потсвест. Funakoshi сметал дека катите мора да се учат постапно, почнувајќи од едноставни кон сложени. Не треба да се учи нова ката додека не е добро научена претходната, но и подоцна кога длабоко ќе се навлезе во сржта и длабочината на катите, треба да се навраќа кон почетните и едноставните кати.

Според зборовите на инструкторот Taiji Kase, уште синот на Funakoshi — Joshitaka, во годините пред Втората светска војна, ја развил идејата дека катите мораат да се класифицираат според критериуми кои му даваат значење на принципот постапност.

Heian кати

уреди

Heian катите се основни и едноставни кати, па од тука се наменети за учениците-почетници. Постојат пет Heian кати. Тие се познати како: Heian Shodan, Heian Nidan, Heian Sandan, Heian Yondan и Heian Godan. Сите овие додатоци на името Heian означуваат различно ниво т.е степен: прво ниво, второ ниво, трето ниво, четврто ниво и петто ниво.

Најчесто се започнува со учење на Heian Shodan пред било која друга ката. Ако се анализираат Heian катите, ќе се заклучи дека техниките, движењата, ритамот и другите барања со кои се соочуваат карате учениците се еднакви со било кои барања кои се наоѓаат во Bassai-Dai, Kanku-Dai, Jion или било која друга ката. Единствената разлика е дека Heian катите се покуси. Тие опфаќаат 21-27 техники, па како и да се изведени една по друга, тие содржат 125 техники, исто толку долго како било која долга форма на Tai Chi или колку најдолгата ката што постои во карате-Suparinpei.

Се поставува прашањето, зошто овие кати се сметаат за полесни од другите? Концептот дека една ката е потешка од друга е неоснован. Heian катите не се полесни. Тие ги содржат сите предизвици со кои ќе се соочи карате ученикот во понатамошното учење на понапредните кати. Она што на Heian катите им ги дава епитетите основни и едноставни е постапноста на изучување на елементите, соочување на карате ученикот со потешките техники чекор по чекор. На тој начин совладаните техники понатаму лесно се комбинираат во понапредните кати.

Зборот Heian се однесува на концептот кој ги комбинира значењата на Hei-смирено, мирољубиво и An-безбедно, стабилно.

Без разлика на интерпретацијата на значењето на името, концептот на Heian е очигледен и прифатен како сигурен, едноставен и непредизвикувачки. Зборот Heian не се однесува само на карактерот на катата како сигурен и едноставен, туку исто така се однесува и на состојбата на умот на изведувачот на било која ката во карате вештината.

Се среќава и друго објаснување врзано за името на овие кати според кое името Heian доаѓа од јапонски збор HAIWA-ANTEI што значи мир и стабилност. Тешко дека тоа може да се прифати како вистина, бидејќи овие кати своевремено дури и не се нарекувале Heian. Всушност името Heian доаѓа од окинавскиот назив за ката-Pinan.

Во својата прва книга Funakoshi се повикува на овие кати како Pinan, а не како Heian. Името Heian произлегува од напорот на Funakoshi да го оддалечи своето карате од окинавското со цел да го направи прифатливо за Јапонците за време на војната. Оттаму произлегува дека не е баш доследно тврдењето дека јапонскиот изговор на зборот е основа на името Heian.

Друг популарен мит е дека името се однесува на фактот што сите пет Heian кати почнуваат со блок наместо со напад. Меѓутоа мора да се има предвид дека и техниките на отворање на останатите 26 Shotokan кати почнуваат исто така со блокирања. Блокирањето како прва техника не е уникатна одлика за една Shotokan ката.

Благодарение на тенденцијата на Itosu Yasutsune, Gichin Funakoshi и другите експерти во карате вештината од Okinawa да не чуваат или водат никаков дневник или белешки, денес не се знае од каде доаѓа Heian. Се знае дека Heian првобитно бил нарекуван Pinan на Okinawa јазик, потоа дека не се единствени (уникатни) само за Shotokan стилот, што значи дека Funakoshi не ги создал овие кати. Потоа се знае и тоа дека другите стилови, наследниците на Shorin-Ryu стилот ги вежбаат нив, што значи тие мора да биле создадени пред каратето да биде применето во Јапонија. Останатото не се знае. Се друго е само мит и легенда.

Една од легендите вели дека Pinan е создаден од Itosu Yasutsune од градот Shuri, Okinawa околу 1905 година. Се претпоставува дека тој ги создал овие пет Heian кати специјално за учење на карате вештината во средните училишта. Имајќи искуство дека повозрасните ученици потешко ги совладуваат катите, Itosu веројатно сакал да го поедностави процесот на учење Bassai-Dai и Kankun-Dai со претставување прво на Heian.

Itosu, како што се тврди земал техники од Bassai-Dai и Kankun-Dai и ги искомпонирал по различен редослед на тежина за да го создаде Heian. Па така, помалата ката служела како воведна ката со која повозрасните ученици требало да се здобијат со вештини кои ќе им помогнат понатаму во усвојувањето на уште потешките кати, слично на начинот на кој денес се користи Heian во модерниот Shotokan стил.

Не се знае со сигурност дали Itosu го создал Heian. Книгите кои го промовираат ова тврдење немаат никаков документ со кој се потврдува оваа приказна. Авторите кои ги издаваат не презентираат никаков доказ за она што го дал Itosu. Она што е познато за Itosu е усната историја и приказните на постарите луѓе кои исто така тврделе дека Funakoshi можел да исчезне и повторно да се појави кога ќе посакал. Значи, практично ништо не се знае за Itosu. Има автори кои тврдат дека текстовите на Itosu покажуваат дека Heian катите во основа биле од гимнастичка природа и не покажуваат интенција да преминат во било која скриена техника на борба или пак некоја специфична борбена стратегија. Како и да е досега се нема појавено текст напишан од Itosu. Оттука многу е скептично тврдењето дека Itosu оставил зад себе некаква документација, која никој не се потрудил да ја отпечати.

Постојат многу претпоставки околу тоа зошто Heian катите се пет наместо четири или шест. Очигледно држи тврдењето на некои дека петте елементи од древното јапонско верување се најиздржани. Познатата книга на Musashi Miyamoto, Gorin no sho, A Book of Five Rings (“Книга на петте прстени”) е поделена на пет поглавја, кои се нарекуваат по името на елементите, земја, вода, оган, ветер и воздух, кои се користени за наслов на секоја нова книга, ново поглавје или “прстен”.

Ако се претпостави дека Heian Shodan е многу поврзана со земјата, оттука произлегува терминот основна ката-ката на земја. Heian Nidan е течна, а не брановидна и повеќе блокирачка ката-ката на вода. Heian Sandan е помалку како техника за учење, а е повеќе како борба-ката на оган. Heian Yondan содржи повеќе удари со нога и други техники во воздух и е нарчена ката на ветер. Heian Godan содржи движења каде изведувачот скока, се превртува во воздух и затоа се нарекува ката на воздух.

Проблемот со оваа метафора е што таа не функционирала сè додека Funakoshi не ги прередил Heian катите и сè додека основната ката (Heian Shodan) не била соодветно поставена на почетокот.

Првобитно Heian Nidan се сметала за прва Heian ката. Во триесеттите години од минатиот век, Funakoshi Gichin ненадејно го сменил редоследот на Heian Nidan и Heian Shodan, преместувајќи ги овие две кати така што се учат во обратен редослед од првобитниот распоред. Причините за оваа измена не се разјаснети.

Литература

уреди
  • Биомеханичка структура на карате елементи од групата Хеиан кати и нивната оптимална методска поставеност - Магистерски труд, Благојче Ј. Андреевски, јуни 2005, Скопје

Надворешни врски

уреди
  NODES
os 21