Кенигслутер (службено наречен Кенигслутер на Елм; германски: Königslutter am Elm) — град со околу 16.000 жители во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Кенигслутер
Црквата „Св. Себастијан“ и градското собрание
Црквата „Св. Себастијан“ и градското собрание
Црквата „Св. Себастијан“ и градското собрание
Грб на Кенигслутер
Кенигслутер во рамките на Германија
Кенигслутер
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хелмштет
Градски единици 18
Градоначалник Александер Хопе (СДП)
Основни податоци
Површина 130,58 км2
Надм. височина 134 м
Население 15.933 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 122 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HE
Пошт. бр. 38154
Повик. бр. 05353
Портал www.koenigslutter.de
Местоположба на градот Кенигслутер во рамките на округот Хелмштет
Карта
Карта
Координати 52°15′0″N 10°49′0″E / 52.25000° СГШ; 10.81667° ИГД / 52.25000; 10.81667

Географија

уреди
 
Кајзердом (Kaiserdom)

Градот се наоѓа во средишниот дел на Природниот парк Елм-Лапвалд и на североистоќната страна на пошумениот врв Елм. Блиски големи градови се Брауншвајг на околу 23 километри западно и Волфсбург на околу 20 километрисеверно; окружниот град Хелмштет се наоѓа на околу 15 километри источно од Кенигслутер. Низ Кенигслутер поминува познатиот пат на фахверкот.

Соседни општини

уреди

Следниве градови и општини граничат со Кенигслутер (од север надесно):

Градски единици

уреди
  • Бајенроде
  • Бојмшторф
  • Борнум на Елм
  • Гленторф
  • Грос Штајнум
  • Клајн Штајмке
  • Кенигслутер (градот со Шодерштет и Хагенхоф)[2]
  • Лауинген
  • Лелм
  • Оксендорф
  • Роде (со Бисдорф)
  • Ризеберг
  • Ротенкамп
  • Роторф
  • Шепау
  • Шикелсхајм
  • Зунштет
  • Ури

Кон Кенигслутер на Елм припаѓа и населбата Лангелебен на Елм.

Припојувања

уреди

До нивното припојување во 1924 година, селата Оберлутер и Штифт Лутер (Кајзердом) претставувале посебни општини.

Големо проширување градот доживеал при административната реформа во Долна Саксонија од 1 март 1974 година, кога се припоиле општините Бајенроде (од Гифхорн), Бојмшторф, Борнум на Елм, Гленторф, Грос Штајнум, Клајн Штајмке (од округот Гифхорн), Лауинген, Лелм, Оксендорф, Роде (обете од округот Гифхорн), Ризеберг, Ротенкамп, Роторф, Шепау, Шикелсхајм, Зунштет и Ури (од округот Гифхорн).[3]

Историја

уреди
 
Поглед на Кенигслутер во 1650 година

Село наречено „Лутере“ (Lûtere) во Војводството Саксонија било првпат споменато во декрет од 1135 година, кога царот Лотар III основал бенедиктански манастир посветен на Светите Петар и Павле. Црквата претставува голема романескна базилика, каде се закопани тој и неговата сопруга Рихенза Нортхајмска, како и неговиот зет, велфскиот војвода Хајнрих Гордиот. Местото било именувано по блискиот карстен извор на потокот Лутер (од средногорногерманскиот јазик: lauter, „чист“).

Воден замок бил изграден околу 1200 година и во 1318 година била забележана околна населба како пазарен град. Околу 1400 година, војводите на Брауншвајг ѝ доделиле на населбата градски права. Од XIV век натаму, местото било наречено Конигеслутере (Konnigesluttere), во чест на царот Лотар III.

Сместен на трговскиот пат од Брауншвајг до Магдебург (денешниот автопат 1), производството на пиво и ископување на варовник биле главните индустрии во раното ново време, додека манастирот се развил како свето одредиште. До 1924 година, манастирот и блиската населба Оберлутер (Oberlutter) биле споени како град. Манастирската црква е позната по своите скулптури и гробот на царот.

Меѓународни односи

уреди

Збратимени градови

уреди

Кенигслутер е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Hauptsatzung der Stadt[мртва врска] (PDF), abgerufen am 28. Oktober 2014.
  3. „Historisches Gemeindeverzeichnis für die Bundesrepublik Deutschland. Namens-, Grenz- und Schlüsselnummernänderungen bei Gemeinden, Kreisen und Regierungsbezirken vom 27. 5. 1970 bis 31. 12. 1982“. Статистичката служба на Долна Саксонија. 1983. Отсутно или празно |url= (help)

Надворешни врски

уреди
  NODES