Кејт Бланчет[1] (англиски: Cate Blanchett; во Македонија грешно позната и под името „Бланшет“; родена на 14 мај 1969) е австралиска филмска глумица.

К. Бланчет, 2005.

Животопис

уреди
 
Бланчет на Берлинскиот филмски фестивал, 2007.

Долго време, Бланчет била уметнички директор на театарот "Сиднеј театар компани", кој го водела заедно со својот сопруг. Во 2013 година, Бланчет станала заштитно лице на парфемот на Џорџо Армани, "Си" (Si). Кеј Бланчет е омажена за драматургот и сценаристот Ендрју Аптон со кого имаат три сина.[2]

 
Бланчет на „Tropfest Opens“, 2012 година.

Филмска кариера

уреди
 
Бланчет во 2013 година.

Во 2004 година, за улогата на Кетрин Хепберн во филмот „Авијатичарот“, Бланчет ја освоила наградата „Оскар“. Во 2007 година, таа го глумела ликот на Боб Дилен во филмот на Тод Хејнс „Не сум таму“ при што за својата улога била номинирана за „Оскар“, а ги освоила наградите „Златен глобус“ и „Волпи“ на Венецијанскиот филмски фестивал.[3] Во 2014 година, таа го освоила и својот втор „Оскар“, овојпат за улогата на Јасмин во филмот „Тажната Јасмин“ на режисерот Вуди Ален. Претходно, за оваа улога, таа се закитила и со наградата „Златен глобус“.

 
Бланчет на Фестивалот во Кан, 2014 година.

Наводи

уреди
  1. „SK-II #changedestiny: Conversations with Cate Blanchett“. YouTube. 2 October 2015. Посетено на 22 January 2017.
  2. Наташа Спирова, "Уживам да готвам", Антена, број 819, 7.3.2014, стр. 29.
  3. „Дание Деј-Луис беше совршен Линколн, Бланчет блесна во улогата на Дилан“, Дневник, година XIX, број 5782, петок, 5 јуни 2015, стр. 21.
  NODES