Кизил (река)
Кизил или Кизилирмак (турски: Kızılırmak = „Црвена Река“), во антиката наречена Халис (старогрчки: Ἅλυς) — најдолга река во Турција што извира и завршува во земјата. Искористена е за хидроенергетски потреби и наводнување на оризови полиња, но не е пловна.
Кизил Kızılırmak | |
Река | |
Кизил кај Искилип
| |
Земја | Турција |
---|---|
Притоки | |
- леви | Деврез, Ѓок |
- десни | Делиџе |
Градови | Сивас, Киршехир, Крккале |
Извор | |
- место | Имранли, Sivas Province |
- височина | 2.000 м |
- координати | 39°48′N 38°18′E / 39.800° СГШ; 38.300° ИГД |
Утока | Црно Море |
- местоположба | Бафра, Самсун |
- височина | 0 м |
- координати | 41°44′04″N 35°57′23″E / 41.73444° СГШ; 35.95639° ИГД |
Должина | 1.355 км |
Сливот на Кизил
| |
Службен назив: Делта на Кизилирмак | |
Прогласено: | 15 април 1998 [1] |
Географија
уредиРеката е долга вкупно 1.355 км.[2] Извира во Источна Анадолија и тече на запад, свртува на југозапад, па образува широк лак. Продолжува на запад, па на северозапад, минувајќи североисточно од езерото Туз, а потоа на север и североисток, каде ѝ се придружува големата притока Делиџе. Тече цик-цак до утоката на реката Деврез, а потоа назад кон североисток, се соединува со реката Ѓок и завршува во Црното Море (41°43′N 35°57′E / 41.72° СГШ; 35.95° ИГД). На Кизил се изградени браните „Бојабат“, „Алтанкаја“ и „Дербент“.
Историја
уредиХетитите реката ја нарекувале Мараш-шантија, и ја исцртувала западната граница на нивната татковина. Во класичната антика, Кизил претставувал граница помеѓу Мала Азија и остатокот од Азија, како и меѓу Понт и Пафлагонија. Крај реката се одиграла Битката кај Халис (28 мај 585 г. п.н.е.)[3] како погранично подрачје помеѓу Лидија на запад и Медија на исток. Ова важело сè додоека лидискиот цар Крез не ја преминал реката во походот против Кир Велики во 547 г. п.н.е. Крез ја изгубил војната, и Персија се проширила сè до Егејското Море.
Наводи
уреди- ↑ „Список на рамсарски места“. Ramsar.org. Посетено на 13 април 2013. (англиски)
- ↑ Turkish Statistical Institute (2011). „Land and Climate“. Turkey in Statistics 2011: The Summary of Turkey’s Statistical Yearbook, 2011. стр. 2.
- ↑ Наречена и Битка на затемнувањето. Ова е најраната битка чиј ден на случување може да се утврди со точност поради затемнувањето на сонцето, кое нагло ставило крај на борбата.
Надворешни врски
уреди- Кизил на Ризницата ?
- Халис Архивирано на 30 март 2010 г. — Livius