Кинески јуан или женминби (кинески: 人民币, пинјин: rénmínbì; симб. , ¥; ISO 4217: CNY) — официјална валута во Кина (без Хонгконг и Макао). Симболот за јуанот е ¥, а го издава Народната банка на Кина. Во јули 2016 г. инфлацијата изнесувала 1,4%.

Кинески јуан
人民币
Банкнота од серијата од 2005 г.
ISO 4217
КодCNY
Број156
Показател2
Составници
Подединица
 1јуан (元,圆)
110ѓао ()
1100фен ()
МножинаЈазикот на кој припаѓа единицата нема граматички број.
Симбол¥
ПрекарДедо Мао
 јуан (元,圆)куај ()
 ѓао ()мао ()
Банкноти
 Чести¥0,1, ¥0,5, ¥1, ¥5, ¥10, ¥20, ¥50, ¥100
 Ретки¥0,2, ¥2
Монети
 Чести¥0,1, ¥0,5, ¥1
 Ретки¥0,01, ¥0,02, ¥0,05
Демографија
Офиц. кориснициКина Кина
 Зимбабве[1][2]
Неофиц. корисник/ци Монголија[3]
 Северна Кореја[3]
 Мјанмар (во Коканг , Ва и Мандалај)
 Виетнам (погранично подрачје)
 САД (резервна валута)
Издавач
Централна банкаНародна банка на Кина
 Мреж. местоpbc.gov.cn
Вредност
Инфлација1,4%, јули 2016
 Извор'[1]'
 НачинИПЦ
Врзан соделумно, со кошница меѓународни валути натежнати кон трговија

Називот женминби на кинески значи „народна валута“. Основна единица на женминби (со кратенка RMB) е јуанот (圆 или 元, правилно: „јуен“), и многу често и самата валута се поистоветува со јуанот. Еден јуан содржи 10 ѓаоа, кои пак се делат на 10 фени.

Историјат

уреди
 
Банкноти од 10 женминби издадени во 1949 г.

Првата серија банкноти на женминби била издадена во декември 1948 година. Биле печатени само банкноти и тие ги замениле разните валути во оптек на подрачјата под контрола на комунистите.

Во првата серија биле издадени дури 62 различни дизајни на банкнотите, а сите биле повлечени во 1955 година, откако била издадена втората серија на кинескиот јуан (женминби). До сега се издадени 5 серии на јуанот, а последната била претставена во 1999 година.

Во текот на својата историја, курсната вредност главно била врзувана за американскиот долар. Во периодот на централно планирање, вредноста на валутата била преценета, додека денешната курсна вредност е далеку под реалната вредност. Флексибилноста на курсот е ограничена со вредностите што ги поставила Владата на НР Кина.

Во оптек се банкноти во вредност од 0,1, 0,2, 0,5, 1, 2, 5, 10, 20, 50 и 100, како и монети од 0,01, 0,02, 0,05, 0,1, 0,5 и 1.

Наводи

уреди
  1. Hungwe, Brian. „Zimbabwe's multi-currency confusion“. BBC. Посетено на 2014-07-22.
  2. „Zimbabwe to make Chinese yuan legal currency after Beijing cancels debts“. The Guardian. 2015-12-21. Посетено на 2015-12-26. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. 3,0 3,1 „Женминби го зголеми влијанието во околните подрачја“. Народен дневник. 2004-02-17. Посетено на 2007-01-13. (англиски)


Тековен девизен курс на CNY
Од Google Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB
Од Yahoo! Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB
Од XE.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB
Од OANDA.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD RUB

Надворешни врски

уреди
  NODES