Кори[1][2] или јуфки[3][4] — тенки (1 до 3-4 мм) и широки листови од ненараснато тесто кои се користат за подготовка на печива во блискоисточната и балканската кујна. Во пракса, ретко се користи една кора и затоа во разговорниот македонски јазик многу почесто се користи поимот „кори“. Со корите се обвива одреден фил и вака приготвеното тесто се подвргнува на топлинска обработка (печење, пржење или варење).

Баклавата се прави со слоевито подредување на корите.
Варени кори со овче сирење.

Корите најчесто се користат за подготовка на баници, но од нив се прават и слатки (баклави, штрудли и сл.).

Подготовка

уреди

Сите методи за подготовка користат жилаво тесто кое може да ја промени својата форма, без притоа да се раскинува. Разликите во подготовката се состојат најмногу во начинот на оформувањето.

Рассукување

уреди

Основниот начин на подготовка е со притискање со сукало (рассукување) на многу тенки слоеви. Тестото се сече на мали топки и со притискање и тркалање на сукалото постепено се намалува дебелината за сметка на зголемување на останатите размери. Во зависност од посакуваната големина на корите се рассукуваат различно големи парчиња тесто.

Растегнување

уреди

Тестото може да се растегне со раце на маса како подготовка за рассукување или како самостоен метод на подготовка. Во фабриките за производство на баници и слични производи често се користи овој метод поради неговата повисока производственост. За постигнување на минимална дебелина, на крајот тестото се врти и се користи центрифугалната сила за негово растегнување. Големината на таквата кора може да надмине 1 м2.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES