Крвната плазматечност со светложолта боја, содржи најмногу вода, дури до 90%, а останатите се растворени или суспендирани супстанци. По водата материи со најголем процент во плазмата се белковините, кои се главни градежни делови на човечкиот организам и се неопходни за растење и обновување на ткивата во организмот.

Одделување на плазма и серум од крв од стаорец.
Единица дарувана свежа плазма.

Состав

уреди

Крвната плазма содржи најмногу вода, од 79-82%, потоа белковини, масти, шеќери, витамини, минерални соли, јаглерод диоксод, кислород и друго. Во крвната плазма пливаат црвените крвни клетки - еритроцити, белите крвни клетки - леукоцити и крвните плочки - тромбоцити.

Во крвната плазма исто така има составни делови на хранливите материи. Основен јаглехидрат што го има во крвната плазма е гликозата. Таа во крвта доаѓа при процесот на ресорпција на дигестираните јаглехидрати од дигестивниот тракт, или при разградбата на гликогенски резерви во црн дроб. Во плазмата, исто така, има и аминокиселини што се производи на дигестијата на белковините. Има и мал процент масти. Тие можат да се складираат како масти за добивање енергија, или се носат во клетките и служат како извор на енергија.[1]

Функции

уреди

Најважен катјон во крвната плазма е натриум. Тој се наоѓа во облик на хлорид, бикарбонат и фосфат. Натриум хлоридот има важна улога во регулирањето на осмотскиот притисок, а благодарение на движењето на анјоните низ клеточната мембрана влијае и на регулирањето на ацидобазната рамнотежа. Натриум бикарбонатот во комбинација со јаглеродна киселина е најважен неоргански пуфер во крвната плазма. Калиумот има важна улога во регулирањето на пропустливоста на клеточната мембрана и нервно-мускулната раздразливост. Калциумот во крвната плазма се наоѓа во два облика: слободен или поврзан со белковините. Фунцкионално калциумот е антагонист на калиумот и ја смалува пропустливоста на клеточната мембрата, а е активатор на некои ензими при коагулација на крвта. Магнезиумот е регулатор на раздразливоста на нервно-мускулниот систем, а исто така, е и трансферин. Од анјоните што се присутни во крвната плазма има хлориди, што се сврзани со натриум, калиум и калциум, потоа фосфати, сулфати, јодити и др.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование стр.84
  NODES