Курдите (курдски: کورد ) се етничка група која себеси се смета за староседелски народ на регионот кој се нарекува Курдистан, а кој се состои од меѓусебно поврзани области на Иран (претежно во покраината Курдистан), Ирак, Сирија и Турција. Курдски заедници постојат и во Либан, Ерменија, Азербејџан, а во последните децении има и во повеќето европски држави и САД.

Курди
Вкупен број
околу 28[1] до 35 милиони[2][3]
Подрачја со значајно население
   Турција14-19,5 милиони (2010)
17–25%[1][2][3]
   Иран5–8 милиони (2010)
5[4]–10%[1][2]
   Ирак4.5–7 милиони (2010)
15–23%[1][2]
   Сирија1.4-2 милиони (2010)
6-9%[5][2]
   Израел150,000-200,000[6][7]
   Азербејџан150,000-180,000[8][9]
   Либан80,000[8]
   Ерменија50,000[9]
   Грузија40,000[9]
   Туркменистан50,000[9]
   Германија750,000[8]
   Франција135,000[8]
   Обединето Кралство90,000[8]
   Шведска90,000[8]
   Холандија75,000[8]
Јазици
курдски јазици и зазогорански јазици
Вероисповед
ислам и други религии
Сродни народи
Други ирански народи
Езидски новогодишни прослави во Лалеш, 18 април 2017 година

Етнички се сродни со другите ирански народи[10] и зборуваат курдски јазик, кој е индоевропски јазик од иранската гранка.

Според проценките ги има преку 35 милиони, што ги прави една од најголемите етнички групи без матична национална држава. Во XX век Турција, Иран и Ирак често ги задушувале курдските востанија.[11]

Курдски јазик

уреди

Курдскиот јазик припаѓа на северозападната подгрупа на иранските јазици, кои пак од своја страна принадлежат на индоиранските јазици, кои се клон на индоевропските јазици. Многу Курди зборуваат двојазично или многујазично, ги зборуваат јазиците на соседните народи како арапски јазик, турски јазик, персиски јазик[12]. Курдските Евреи и некои курдски христијани обично зборуваат на арамејски јазик. Арамејскиот е семитски јазик кој е поврзан со хебрејскиот јазик и арапскиот јазик.

Според Енциклопедија Британика, курдскиот јазик се дели на две основни групи[13]:

и неколку други дијалекти:

  • Керманшашки
  • Леки
  • Гурани
  • Заза

Некои податоци пишуваат дека Заза и Гурани[14][15] би требало да се сметаат за посебни видови јазици, којшто имаат голем број на зборови од курдскиот јазик. Како коментар за разликите помеѓу дијалектите, Крејенброек појаснува дека по некои односи, курманџискиот дијалект и соранскиот дијалект се сосема два различни јазици од курдскиот.

Население

уреди

Бројот на Курдите, кои живеат во Југозападна Азија е околу 27.000.000. Курдите се четврта по големина етничка група на Блискиот Исток, веднаш по Арапите, Турците и Персијците. Според CIA World Factbook, во Турција Курдите опфаќаат 20% од населението, во Ирак 15%-20%, во Сирија 8%[16] 7%, во Иран 7% и во Ерменија 1.3%. Во сите овие држави, со исклучок на Иран, Курдите формираат втора по големина етничка група. Околу 55% од целото курдско население во светот, живеат во Турција.[17]

Според Мекдовал, пак, во 1991 година, Курдите во Турција имало околу 19%, 23% во Ирак, 10% во Иран и 8% во Сирија. Општиот број на Курдите во 1991 година според таа преценка бил околу 22.500.000, а 48% од тој број живееле во Турција, 18% во Ирак, 24% во иран и 4% во Сирија[18].

Историја на курдскиот народ

уреди

Потекло

уреди
 
Територија на Курдистан

Кардуки се смета дека било местото од каде што Курдите се населиле по светот. Денеска постои географски и културен регион на Блискиот Исток, кој е главно населен со Курди[19]. Курдистан бил вклучен во територијата на Медиската империја од 630 п.н.е. до 550 п.н.е.[20], во времето на императорот Артаксеркс II, а покраината Кардоки станал независен од Персија. Според Ксенофонт[21], Кардуките во борбата со Персијците издвојувале голама победа која завршила со примирје. Некои учени сметаат дека Курдите се потомци на Медијците, но сепак постои голема разлика помеѓу нив.

Среден век

уреди

Во текот на 7 век, Арапите ја завладеале територијата на Курдистан. Регионот Шаразор бил заземан во 643 година. Во 846 година, еден од водачите на Курдите во Мосул дигнал востание против калифот Ал Мотасам. Тој го испратил военоначалникот Ајтак во контраофанзива против Курдите. Тој извојувал голема победа, нанесувајќи им големи човечки загуби. Во 903 година, Курдите повторно се дигнале на востание, но востанието повторно било задушено. На крајот, Курдистан бил преземен од Арапите, каде голем дел од Курдите го примиле исламот како своја национална вера. Во втората половина на 10 век, курдскиот регион бил дел од четири курдски династии: северниот дел бил управуван од страна на Шададиската династија (951-1174) како и некои делови од денешна Ерманија и Аран. Равадидската династија (955-1221) управувала во Тебриз и Марагек. Во источниот дел Хасанвајхидската династија (959-1015) и Аназидската династија (990-1117) во Керманшах, Динавар и Канакин. Во западниот дел биле Марванидската династија (990-1096), Ајубидската династија (1171-1250), и Ардаланската династија (14 век до 1867).

Курдски заедници во Западна Азија

уреди
Држава Број
Турција 15,300,000[22]
Иран 5,000,000[23]
Ирак 5,500,000[24]
Сирија 1,600,000[25]
Кувајт 233,500[26]
Азербејџан 200,000[27]
Либан 80,000[28]
Ерменија 95,000[28]
Грузија 40,000[28]
Subtotal West Asia 27 million
Германија 500,000 - 600,000[28]
Франција 100,000 - 120,000[28]
Холандија 70,000 - 80,000[28]
Швајцарија 60,000 - 70,000[28]
Белгија 50,000 - 60,000[28]
Австрија 50,000 - 60,000[28]
други Европски држави 80,000 - 100,000[28]
Северна Америка 21,800 - 27,000[28]
Вкупно 28 million

Ирак

уреди

Во Ирак, Курдите се 17% од вкупното население на Ирак. Тие го сочинуваат мнозинството во три покраини во Северен Ирак, кои заедно го формираат т.н. Ирачки Курдистан. Курдите исто така ги има и во Киркук, Мосул и Багдад. Околу 300.000 Курди живеат во престолнината Багдад, 50.000 во Мосул и уште 100.000 во јужен Ирак.

Курдите, под раководство на Мустафа Барзани биле ангажирани во борбата против ирачкиот режим од 1960 до 1975 година. Во март 1970 година, Ирак објавил примирје, со кое се предвидувало курдска автономија. Договорот бил склучен, а за негово остварување било договорено тоа да се случи за четири години. И покрај тоа, во исто време, ирачкиот режим започнал т.н. арапизациска програма во богатите региони на Киркук и Канакин. Така, во 1974 година, ирачките власти започнале нови воени офанзиви против курдското население во Ирак. Во периодот од 1975 година до 1978 година 200.000 Курди биле депортирани во други делови на Ирак.

За време на Ирано-ирачката војна, режимот повторно работел против курдските интереси. Ирак бил опседнат од меѓународната заедница и никогаш не бил казнет за масовното убиство на стотици илјади цивилни граѓани, повеќето Курди којшто биле повторно депортирани по различни делови на Ирак. Кампањата на ирачките власти во 1988 година била наречена Анфал која довела до уништување на околу 2.000 села и смрт на околу 50.000-100.000 Курди.

По курдското востание во 1991 година под раководство на Патриотската унија на Курдистан и Курдската демократска партија, ирачката војска повторно протерала илјадници Курди од територијата на Ирак. За да се смири ситуацијата, под раководство на ООН била создадена курдска автономија. Тие биле контролирани од страна на конкурентните партии Патриотска унија на Курдистан и Курдска демократска партија. Со започнувањето на американската офанзива во Ирак, овој регион е под контрола на пешмерга и Курдите имаат целосна контрола врз Киркук и делови од Мосул. До почетокот на 2006 година, двете курдски општества биле обединети во еден единствен регион. Во 2007 година бил одржан референдум за определување на конечните граници на курдскиот регион во Ирак.

Турција

уреди

Според CIA World Factbook, курдите формираат приближно 20% од вкупниот број на население во Турција, или околу 14.000.000 (2008)ref name=ciaturkey>Turkey Архивирано на 2 јули 2017 г., The World Factbook, CIA, 2008.</ref>. Во 1980 година, Курдското општество во Турција е најголема малцинска група во Турција[29], и тие се поврзани како едно хомогено национално општество. Во периодот од 1930 до 1940 година, курдите во Турција биле категоризирани како планински Турци. Таа класификација на курдите се променила во 1980 година[30].

Неколку размерни курдски востанија се случиле во 1925, 1930 и 1938 година, кои биле задушени од турските власти и повеќе од 1.000.000 курди биле насилно депортирани. Во тој период, сè до 1946 година курдскиот јазик, фолклор и имиња биле забранети во Турција[31]. Во Араратското востание од 1930 година биле уништени голем број на курдски села, заедно со нејзините жители. Турската држава во време на овие востанија била подпомагана од СССР и Иран. Востанието било организирано од страна на курдската партија, наречена Којбун, која пак имала подпишано договор со Дашнаксутин (Ерменска револуционерна федерација) во 1927 година[32]. До 1970 година, курдската левичарска партија по име Курдистанска социјалистичка партија на Турција, се противила на насилието и ги подржила граѓанските дејности и учеството на курдите на изборите. Во 1977 година, Мехди Зана, од истата партија победил на локалните избори во Дијарбекир. Во исто време се појавиле уште две организации: Национално ослободување на Курдистан и Курдска работничка партија.

Курдистанската работничка партија е објавена од САД, ЕУ и НАТО како терористичка организација. Според нив, тоа е етничка сепаратистичка организација која го користи насилието за постигнување на своите цели за создавање на независна курдска држава на некои делови од Југоисточна Турција, [Североисточен Ирак], Североисточна Сирија и Северозападен Иран. Во периодот од 1984 до 1999 година, оваа партија со турските власти била во постојани воени конфликти и безредија. Во тоа време, многу курдски цивили биле преместувани од Ван, Шернак и Дијарбекир во Западна Турција или Европа. Според некои податоци, се смета дека во периодот од 1993 до 1994 година има исчезнато околу 3.200 курди, кои биле тајно и масовно убивани од турските власти. Но ниту еден од извршителите на овие злосторства до ден денес не е обвинет ниту казнет.

Иран

уреди

Курдите формираат приближно 7% од вкупниот број на население во Иран. Заедно со персијците и други индоевропски племиња во Иран, курдите мигрирале од Средна Азија на територијата каде денеска се наоѓа Иран во 2 век п.н.е.[33]. Според некои податоци, некои курди силно се спротивставуваат на иранските власти како пред револуцијата од 1979 така и по неа, за основната им национална агенда, поддржана заедно од соседните курди кои живеат во Ирак, Турција и Сирија, а акако главна агенда им е создавање на независна курдска држава.

Во текот на 17 век, голем број на курди биле протерени од Шах Абаз I од Хорасан, Источен Иран во Кучан и Бирџанд, а некои имигрирале и во Авганистан[34] . Во 19 век и XX век, имало поголем број нереди организирани од иранските курди, кои биле силно задушувни од иранските власти[8][35]. Во јануари 1946 година, во време на окупацијата на СССР во северозападниот дел од Иран, била создадена Советска Курдистанска Република Махабад и била објавена за независна. Но, во мај 1946 година, војската на СССР се повлекла од Иран, а за само неколку месеци подоцна, претседателот на новата република Гази Мухамед бил јавно обесен во Махабад. Но по иранскиот преврат од 1953 година, Мухамед Реза Пахлеви го забранил образованието на курдски јазик[36].

По иранската револуција, интензивна борба започнала помеѓу курдските вооружени групи и исламската република од 1972 до 1982 година[37] . Во август 1979 година, Рухолах Хомеини објавил “Света војна“ против курдските бунтовници кои барале автономија или независност, и наредил на иранските вооружени сили да се премине во курдските региони во Иран и да ги протераат курдските бунтовници со кое би се воспоставило суверенитет врз целата држава.

Денеска, во Иран курдите својата културна идентичност ја искажуваат слободно, но немаат голема улога во администрацијата на државните служби[38][39] . Како во сите делови на Иран, сите нелегални политички партии се казнуваат дури со смрт. Курдските активисти за човекови права биле застрашувани од иранските власти во врска со нивната работа. По убиството на курдскиот опозициски активист Шиван Кадери и други двајца мажи од иранските курдски сили за сигурност во Махабад на 9 јули 2005 година, во курдските градови во Иран избувнале големи нереди и протести. Во овие нереди имало поголем број убиени и уапсени курдски жители. Иранските власти исто така укинале голем дел од курдските дневни списанија и весници апсејќи неколку уредници и репортери. Помеѓу мртвите била и Роја Толоуј, активистка за човековите права на жената и раководител во весникот Расан[40] . Според Мегународната кризна група, курдите живеат во најнеразвиените делови на Иран[41].

Сирија

уреди

Курдите во Сирија зазимаат околу 9% од вкупниот број на население или околу 1.600.000 жители[42] . Тоа ги прави најголемо етничко малцинство во Сирија. Тие се претежно концентрирани во североисточниот дел на државата, но значително голем дел од курдското население живее и во Алеп и Дамаск. Техники кои биле користени за потиснување на етничката идентичност на курдите во Сирија биле пред сè забрана на користење на сопствениот курдски јазик, откажување за регистрација на курдските деца со курдски имиња (во замена на курдски имиња биле давани арапски), забрана за отворање на фирма која не содржи арапско име, забрана на курдски училишта, книги и материјали напишани на курдски јазик.[43][44][45] Како севкупност, околу 3.000 курди во Сирија биле лишени од секакви социјални права[46][47] .

На 12 март 2004 година, во Ал Камишли, кој до голем степан е населен со курди, избувнале нереди помеѓу курдите и сиријците, кои нереди продолжиле во следните неколку денови. Најмалку триесет души биле убиени и околу 160 ранети[48][49].

Авганистан

уреди

Курдите во денешен Авганистан се населиле во 16 век од североисточен Иран, време кога тие биле протерани од страна на сефевидскиот шах Абас[50] . Курдите побегнале во Авганистан главно во Херат и други западни делови на Авганистан. Курдите, за разлика од соседните држави, во Авганистан поседувале некакви права. Притоа, за општински градоначалник на Кабул во 1641 година бил избран курдски водач[51]. Денеска, бројот на курдите во Авганистан е тешко да биде пресмететан, но според едни информации нивниот број е околу 200.000[52] .

Ерменија

уреди

Во периодот од 1930 до 1990 година, Ерменија била дел од Советскиот Сојуз, во рамките на кој курдите заедно со другите етнички состави имале статус на заштитено малцинство. Ерменските курди имаат сопствен весник кој е спонзориран од државата, радио предавања и право за негување на културните си обичаи. По распаѓањето на СССР, многу курди побегнале во Русија и Западна Европа[53].

Во диаспора

уреди

Според докладот од Советот на Европа, приближно 1.300.000 курди живеат во Западна Европа. Најраните курдски имигранти се од Турција, кои подоцна се преселиле во Германија, Австрија, Бенелукс, Швајцарија, Франција во 1960 година. Постојаните немири на Блискиот Исток во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век “помогнало“ уште поголем дел од курдите од Иран и Ирак да побегнат во Европа. Во последно време, сè повеќе курди се населуваат и во Велика Британија[54] , поточно во Девсбери и Северен Лондон[55][56] . Нивниот статус за останување во Британија понекогаш предизвикува големи спорови.

Освен во Европа, голема имиграција на курдите има и во Северна Америка. Во САД се знае дека живеат околу 100.000 курди, 50.000 во Канада и 15.000 во Австралија.

Религија

уреди

Ислам

уреди

Денеска, поголемиот дел од курдите се со муслиманска вероисповед, и принадлежат кон сунитите[57]. Мал дел од курдите се шиити, кои претежно живеат во Иран и Ирак. Курдите во Ирак имаат полиберален статус кон исламот, кое дава на пример жените да не го покриваат своето лице и да не носат арапска абаја.

Алеви

уреди

Религијата Алеви е втора по големина религиозно малцинство на курдите. Претежно живеат во Тунчели, Турција и околината.

Јазданизам

уреди

Христијанство и Јудаизам

уреди

Христијанството и Јудаизмот се најмалите религиозни групи помеѓу курдскиот свет[58] . Асенет Барзани, која живееле во Мосул од 1590 до 1670 година била сред првите еврејски жени која станала рабин. Голем дел од курдските евреи имигрирале во Израел, кога била создадена нејзнината независност.

Култура

уреди

Курдистанската култура е наследена од различни древни народи, кои го оформуваат модерното курдско општество. Нивното наследство најмногу е преземено од локалните хуриани, древните ирански мидијци, шумерите и исламските арапи. Курдската култура е многу блиска со онаа на иранските персиски народи. Курдите, како и иранците го празнуваат Невроз (21 март) како ден на Нова година.

Наводи

уреди

{{|2}}

Литература

уреди
  • Гордана Синадиновска, Бранислав Синадиновски „Курдското национално прашање“, Скопје, 1988.

Надворешни врски

уреди
Курдското прашање во Турција
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 CIA: 14 милиони во Турција, 4.5–6 милиони во Ирак, 5–6 милиони во Иран и во Сирија и дијаспората
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 The Kurds: culture and language rights (Kerim Yildiz, Georgina Fryer, Kurdish Human Rights Project; 2004): 23% of Turkey, 23% of Iraq, 10% of Iran, 6%+ of Syria; plus 1–2 million in neighboring countries and the diaspora
  3. 3,0 3,1 Sandra Mackey , “The reckoning: Iraq and the legacy of Saddam”, W.W. Norton and Company, 2002. Excerpt from pg 350: “As much as 25% of Turkey is Kurdish.”
  4. Volume 2. Dabbagh – Kuwait University. — Iran, page 1111–1112. // Encyclopedia of Modern Middle East & North Africa. Second Edition. Volume 1 — 4. Editor in Chief: Philip Mattar. Associate Editors: Charles E. Butterworth, Neil Caplan, Michael R. Fischbach, Eric Hooglund, Laurie King–Irani, John Ruedy. Farmington Hills: Gale, 2004, 2936 pages. ISBN 9780028657691 "With an estimated population of 67 million in 2004, Iran is one of the most populous countries in the Middle East. ... Iran’s second largest ethnolinguistic minority, the Kurds, make up an estimated 5 percent of the country’s population and reside in the provinces of Kerman and Kurdistan as well as in parts of West Azerbaijan and Ilam. Kurds in Iran are divided along religious lines as Sunni, Shi'ite, or Ahl-e Haqq."
  5. John L. Henriques , "Syria: issues and historical background", Nova Science Publishers, [1]
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-07-28. Посетено на 2011-09-11.
  7. [2]
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 The cultural situation of the Kurds, A report by Lord Russell-Johnston, Council of Europe, July 2006.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Ismet Chériff Vanly, “The Kurds in the Soviet Union”, in: Philip G. Kreyenbroek & S. Sperl (eds.), The Kurds: A Contemporary Overview (London: Routledge, 1992)). pg 164: Table based on 1990 estimates: Azerbaijan (180,000), Armenia (50,000), Georgia (40,000), Kazakhistan (30,000), Kyrghizistan (20,000), Uzbekistan (10,000), Tajikistan (3,000), Turkmenistan (50,000), Siberia (35,000), Krasnodar (20,000), Other (12,000), Total 450,000
  10. Microsoft Encarta Online Encyclopedia, s.v. "Iran Архивирано на 28 октомври 2009 г.," (by Eric Hooglund), section 3A (accessed 24 јули 2006).
  11. Encyclopedia Britannica Online, s.v. "Kurds."
  12. The correlation Between Languages and Genes: The Usko-Mediterranean Peoples, Human Immunology, vol. 62, p.1057, 2001
  13. Kurdish language. Encyclopædia Britannica.
  14. Philip G. Kreyenbroek, Stefan Sperl, "The Kurds", Published by Routledge, 1992.
  15. McKenzie, D. N. (1961) ‘The origins of Kurdish’, in Transactions of the Philological Society: 68 - 86.
  16. The CIA Factbook reports all non-Arabs make up 9.7% of the Syrian population, and does not break out the Kurdish figure separately. Since Syria contains a large Armenian population, 8% may be a reasonable percentage.
  17. „CIA: The World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2009-09-12. Посетено на 2009-05-10.
  18. Amir Hassanpour, "A Stateless Nation's Quest for Sovereignty in the Sky", Paper presented at the Freie Universitat Berlin, 7 ноември 1995.
  19. Ilya Gershevitch, William Bayne Fisher, The Cambridge History of Iran: The Median and Achamenian Periods, 964 pp., Cambridge University Press, 1985, ISBN 0-521-20091-1, 9780521200912, (see footnote of p.257)
  20. Carduchi, Енциклопедија „Ираника“.
  21. Xenophon, Anabasis 3.5.16
  22. „CIA factbook“. Архивирано од изворникот на 2017-07-02. Посетено на 2009-05-10.
  23. „CIA factbook“. Архивирано од изворникот на 2012-02-03. Посетено на 2009-05-10.
  24. „CIA factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2009-05-10.
  25. US Department of State
  26. worldstatesmen.orgПредлошка:Verify credibility
  27. khrp.org Архивирано на 4 јули 2008 г.Предлошка:Verify credibility
  28. 28,00 28,01 28,02 28,03 28,04 28,05 28,06 28,07 28,08 28,09 28,10 Kurdish InstituteПредлошка:Verify credibility
  29. Ethnologue census of languages in Asian portion of Turkey
  30. Linguistic and Ethnic Groups in Turkey
  31. H. Hannum, Autonomy, Sovereignty, and Self-determination, 534 pp., University of Pennsylvania Press, 1996, ISBN 0-8122-1572-9, 9780812215724 (see page 186).
  32. Reşat Kasaba, The Cambridge History of Turkey, 600 pp., Cambridge University Press, 2008, ISBN 0-521-62096-1, 9780521620963(see page 340)
  33. Iran: Ethnic Groups, Encyclopaedia Britannica.
  34. A People Without a Country: The Kurds and Kurdistan By Gérard Chaliand, Abdul Rahman Ghassemlou, Marco Pallis, pg. 205
  35. Fifteenth periodic report of States parties due in 1998: Islamic Republic of Iran
  36. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име pariah_minority.
  37. The Security of Southwest Asia by Zalmay Khalilza, page 191, University of Michigan Publishing
  38. „Iran: Threats against Kurdish human rights defenders must stop“. Архивирано од изворникот на 2006-09-21. Посетено на 2006-09-21.
  39. Status of minorities
  40. „Amnesty International“. Архивирано од изворникот 2005-12-19. Посетено на 2005-12-19.
  41. Iran's Waning Human Rights (The New York Times)
  42. World Gazetteer
  43. Syria: End persecution of human rights defenders and human rights activists Архивирано на 13 октомври 2007 г..
  44. Syria: The Silenced Kurds
  45. Essential Background: Overview of human rights issues in Syria. Human Rights Watch, 31-12-2004.
  46. Syria's Kurds Struggle for Rights
  47. „The Media Line“. Архивирано од изворникот на 2011-09-30. Посетено на 2009-05-11.
  48. Syria: Address Grievances Underlying Kurdish Unrest
  49. Serhildana 12ê Adarê ya Kurdistana Suriyê.
  50. Knowledge, Culture, and Power: International Perspectives on Literacy as Policy and Practice By Peter Freebody, Anthony R. Welch, pg.40
  51. The Encyclopaedia of Islam: Supplement : Fascicules 1-2, By Clifford Edmund Bosworth, E. Van Donzel, B. Lewis, pg. 63
  52. The Kurdish Diaspora, Institut Kurde de Paris (Paris: Institut Kurde de Paris, 2006), http://www.institutkurde.org/en/kurdorama/.
  53. Kurds and Kurdistan: A General Background, p.22
  54. MP: Failed asylum seekers must go back - Dewsbury Reporter
  55. 'I will not be muzzled' – Malik“. Архивирано од изворникот на 2010-01-02. Посетено на 2009-05-12.
  56. „UK Polling Report Election Guide: Dewsbury“. Архивирано од изворникот на 2017-10-10. Посетено на 2009-05-12.
  57. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име itnet_kurds_islam.
  58. „Religion: Judaism“. Архивирано од изворникот на 2006-02-15. Посетено на 2009-05-12.
  NODES
INTERN 4
Note 1
Project 1
Verify 3