Лотар I
Лотар I (средновековен латински и холандски: Lotharius; германски: Lothar ; француски: Lothaire; италијански: Lotario) (795-29 септември 855) ― император (817–855, совладеел со својот татко до 840 година), и управник на Баварија (815-817), крал на Италија (818-855) и Средна Франција (840-855).
Лотар I | |
---|---|
Франкиски император | |
Император на Каролиншкото Царство | |
На престол | 817–855 |
Крунисување | 817, Ахен; 5 април 823, Рим |
Претходник | Лудвиг Побожниот |
Наследник | Лудвиг II |
Крал на Италија | |
На престол | 818 - 855 |
Претходник | Бернард Италијански |
Крал на Средна Франкија | |
На престол | 840 - 855 |
Наследник | Лудвиг II (Италија) Лотар II (Лотарингија) Карло (Прованса) |
Роден(а) | 795 |
Починал(а) | 29 септември 855 (на 59–60 г.) Прим |
Почивалиште | |
Деца | Лудвиг II Лотар II Карло |
Династија | Каролинзи |
Татко | Луј Благочестивиот |
Мајка | Ергенгарда Еспајеска |
Лотар бил најстариот син на каролиншкиот император Лудвиг Побожниот и неговата сопруга Ерменгарде Есбајеска,[1] ќерка на Ингерман, војводата на Есбаје. Во неколку наврати, Лотар ги повел своите полноправни браќа Пипин I Аквитански и Лудвиг Германски во бунт против нивниот татко за да протестираат против обидите да го направат нивниот полубрат Карло Ќелавиот сонаследник на франкиските поседи. По смртта на таткото, Карло и Лудвиг ги здружиле силите против Лотар во тригодишна граѓанска војна (840-843). Борбите меѓу браќата ја децентрализирале Франкиската Империја, составена од нивниот дедо Карло Велики, и преку власта во своите земји, ги поставиле темелите за развој на современа Франција и Германија.[2]
Смрт и последици
уредиВо 855 година, тој сериозно се разболел, и очајувајќи се да се опорави, се откажа од престолот, ги поделил своите земјишта на тројцата синови и на 23 септември влезе во манастирот Прим, каде што починал шест дена подоцна. Тој бил погребан во Прим, каде што биле пронајдени неговите останки во 1860 година. Токму во Прим, Лотар најмногу бил е запаметен.[3]
Истата година, Лотаровото кралство било административно поделено меѓу неговите тројца синови во договор наречен Примски договор: најстариот, Лудвиг II, ја добил Италија и титулата император; вториот, Лотар II, ја примил Лотарингија; најмладиот, Карло, ја доби Прованса.
Наводи
уредиЦитати
уреди- ↑ Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) - ↑ William W. Kibler; Grover A. Zinn (1995). Medieval France: An Encyclopedia. Psychology Press. стр. 1065–. ISBN 978-0-8240-4444-2.
- ↑ Screen, Elina (мај 2018). „Remembering and Forgetting Lothar I“. Writing the Early Medieval West. doi:10.1017/9781108182386.017. Посетено на 14 октомври 2021.
Извори
уреди- Преживеани писма на Лотар I, на англиски со англиски превод од Ричард Метју Полард.
- извори на Енциклопедија Британика 1911
- Фулденски анали
- Нитард, Historiarum Libri, both in the Monumenta Germaniae Historica Scriptores, Bände i. and ii. (Хановер и Берлин, 1826 fol.)
- Е. Милбахер, Die Regesten des Kaiserreichs unter den Karolingern (Инсбрук, 1881)
- Е. Димлер, Geschichte des ostfränkischen Reichs (Лајпциг, 1887–1888)
- Б. Симсон, Jahrbücher des deutschen Reiches unter Ludwig dem Frommen (Лајпциг, 1874–1876)