Магнетизам — класа на физички појави кои се придружени од магнетни полиња. Електричните струи како и магнетните моменти на елементарните честички го создаваат магнетното поле, кое дејствува на други струи и магнетни моменти. Секој материјал е под влијание на некое магнетно поле. Најпознатион ефект е оној на постојаните магнети, кои имаат постојани магнетни моменти предизвикани од феромагнетизмот. Повеќето материјали немаат постојани моменти. Некои се привлечени од магнетното поле (парамагнетизам); а други пак се одбиени од магнетното поле (дијамагнетизам); други пак имаат спожени заемодејства кога ќе бидат под дејство на магнетно поле (вртежно стакло и антиферомагнетизам). Супстанциите кои се незначително под влијание на магнетното поле се познати како немагнетни супстанци. Такви се: бакарот, алуминиумот, гасовите, и пластиката. Чистиот кислород пројавува магнетни својства кога ќе биде изладен до течна состојба.

Магнетно поле на идеален цилиндричен магнет.

Магнетната состојба (или магнетната фаза) на материјалот зависи од температурата и други променливи, како што се притисокот и дејството на магнетното поле. Еден материјал може да пројавува повеќе од еден облик на магнетизам во зависност од промената на овие променливи.

Историја

уреди
 
Цртеж на медицински третман користејќи магнетни четки. Шарл Жак 1843, Франција.

Магнетизмот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  NODES
os 1