Макс Штирнер

германски филозоф

Јохан Каспар Шмит (германски: Johann Kaspar Schmidt), познат како Макс Штирнер (германски: Max Stirner, 25 октомври 1806 - 26 јуни 1856) — германски филозоф, претставник на левите хегелијанци. Неговото најпознато дело е „Единствениот и неговата сопственост“ (Der Einzige und sein Eigentum, 1845) во која ги брани егоизмот и анархизмот, залагајќи се за ослободување на поединецот од моралот, религијата, државата, семејството, општеството и принципите. Според него, поединците создаваат доброволни сојузи во кои се зачувани и приватната сопственост и наемниот труд. Неговите идеи остро ги критикувале Маркс и Енгелс во нивните дела „Светиот Макс“ и „Германската идеологија“.[1]

Наводи

уреди
  1. Фридрих Енгелс, Лудвиг Фојербах и крај класичне немачке филозофије. Култура: Београд, 1947, стр. 69 и 72.
  NODES