Марсел Кител

германски велосипедист

Марсел Кител (германски: Marcel Kittel; р. 11 мај 1988) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2011-2019 за екипите Џајант-Алпецин, Квик-Степ Флорс и Катјуша-Алпесин.[2]

Марсел Кител
Кител на Трката околу Келн 2018
Лични податоци
Цело имеМарсел Кител
Роден11 мај 1988(1988-05-11)(36 г.)
Арнштат,  Источна Германија
Висина1,88 м[1]
Маса82 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
2007–2010 Тирингер Енерги Тим
Професионални клубови
2011–2015
2016-2017
2018-2019
Скил-Шимано
Етикс-Квик Степ
Катјуша-Алпесин
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
14 поединечни етапи (2013, 2014, 2016, 2017)
Џиро д’Италија
4 поединечни етапи (2014, 2016)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2011)

Етапни трки

Трка Дубаи (2016, 2017)

Еднодневни трки и класици

Схелдепрејс (2012, 2013, 2014, 2016, 2017)
Минстерланд Џиро (2011, 2012)
Гран при де Фурмје (2016)

Како јуниор се насочил кон хронометрите, освојувајќи и бронзен медал на Светските првенства до 23 години. Кога станал професионалец во 2011 година, се насочил кон масовните спринтови и има освоени 19 етапи на секоја од трите големи трки, како и вкупно 89 победи во неговата професионална кариера.

По повлекувањето работи како амбасадор за велосипедските брендови Ендура и Роус.

Кариера

уреди

Скил-Шимано (2011–2015)

уреди

Кител го имал својот прв професионален настап во 2011 година со холандската екипа Скил-Шимано. Познат како специјалист за хронометри во тоа време, го освоил масовниот спринт на Тур де Лангкави. По успехот одлучил да стане спринтер. Потоа, освоил четири од петте етапи на Четири дена Денкерк, сите во масовни спринтови. Кител ја освоил својата прва етапа во Светската турнеја, победувајќи на воведната етапа на Трката околу Полска, каде освоил уште три други етапи. Исто така, го имал својот прв настап на некоја голема трка на Вуелта а Еспања, каде ја освоил седмата етапа поразувајќи ги Петер Саган и Óscar Freire. He finished the season off by winning two stages at the Herald Sun Tour. Kittel became the second most winning rider in 2011 - with 17 wins.

Кител го направил своето деби на Тур де Франс во 2012 година, кога бил избран како водач на својата екипа за Тур де Франс 2012.[3] Меѓутоа, се откажал на етапата 5, откако добил стомачен вирус уште на етапата 2, четврто откажување на Тур 2012.[4] Повторно се вратил на трките на почетокот на август, кога ја освоил првата етапа на Енеко Тур, прва трка по неговото враќање. Единствен возач кој се натпреварувал со него во масовниот спринт бил Французинот Арно Демар (ФДЖ-БигМет).[5] На етапата 3 го следела лоша среќа, кога се здобил со механички проблеми на 5 километри пред целта,[6] Кител победил повторно на етапата 4. Им се заблагодарил на колегите Том Велерс и Џон Дегенколб за нивната работа во последните километри, кога го довеле до целта и го штителе од ветрот.[7] На крајот на 2012, кога велосипедистичкиот свет бил потресен од допинг скандалот на Ленс Армстронг, Кител зазел антидопинг став и изјавил дека му е доста од луѓето кои сè уште го бранат Армстронг во велосипедистичкиот свет.[8]

Во 2013 година, екипата на Кител Аргос-Шимано била унапредена во елитната дивизија на спортот и добила статус на UCI World Tour екипа.[9] Кител ја освоил првата етапа на Трката околу Оман во масовен спринт, негов прв успех на сезоната.[10] На Тур де Франс 2013, Кител покажал неверојатен успех за спринтер. Завршил прв на првата етапа на Тур во Корзика и потоа ја презел првата жолта маичка на 100. издание на Тур де Франс. Меѓутоа, ја загубил жолтата маичка следниот ден од Јан Бакелантс од РадиоШек-Леопард. Кител не ставил крај на трката, па така тој победил на десеттата и дванаесеттата етапа. На последната етапа, Кител повторно триумфирал на Шанзелизе; ставајќи крај на четиригодишната победничка низа на возачот на Омега Парма-Квик Степ Марк Кевендиш. Завршил на четвртото место во бодовниот пласман.

Кител ја започнал сезоната 2014 со победа на три етапи по ред на Тур Дубаи. На третата етапа успеал да премине преку две кратки искачувања близу крајот на трката и го освоил спринтот во значително намалената група.[11] На Џиро д’Италија 2014, Кител ги освоил втората и третата етапа пред да ја напушти трката по завршувањето на третата етапа. Го повторил подвигот од минатата година на Тур де Франс, откако ја освоил првата етапа и ја облекол жолтата маичка, но ја изгубил од Винченцо Нибали веќе на наредната етапа. Меѓутоа, Кител ги освоил втората и третата етапа. Исто така, ја освоил и последната етапа на Шанзелизе повторувајќи го успехот од 2013 година во Париз. Во септември, Кител ја освоил воведната етапа на Трката околу Британија, претекнувајќи ги Никола Руфони и Марк Кевендиш.[12] Исто така ја освоил завршната етапа победувајќи го истиот двоец.[13]

Во јануари, Кител победил на Даун Андер Класик во Австралија втора година по ред.[14] Кон крајот на април учествувал на само две трки: Тур Даун Андер и Трката околу Катар. Не учествувал на ниеден спринт на овие трки, бидејќи фатил вирус. Се вратил со натпреварување во мај на Тур де Јоркшир,[15] но отпаднал по извозени 100 километри на првата етапа.[16] Се очекувало да настапи на Трката околу Калифорнија, но се повлекол неколку дена пред трката, наведувајќи повторно болест.[17] Возел на Стер ЗЛМ Тур, но не успеал да заврши помеѓу првите десет на некоја етапа. На крајот на јуни било објавено дека Кител нема да учествува на Тур де Франс, бидејќи неговата форма не била добра.[18] „Не добивајќи номиниран (за Тур) е без сомнение најтешкото време во мојата кариера“, изјавил Кител ден по објавата.[19]

Етикс-Квик-Степ (2016–2017)

уреди

Во октомври било објавено дека потпишал двегодишен договор со Етикс-Квик Степ од 2016 година,[20] откако Џајант-Алпецин[21] го ослободиле од неговиот договор една година порано.[22]

 
Кител на почетокот на Милано-Санремо 2018

На Трката Дубаи, прва трка во сезоната за него, освоил две етапи, како и генералниот и бодовниот пласман.[23] Продолжил со успесите на португалската трка Волта ао Алгарве, освојувајќи ја првата етапа со значајна разлика пред Андре Грајпел.[24] Исто така, ја освоил четвртата етапа и бодовниот пласман.[25]

Кител освоил пет етапи на Тур де Франс, со што стигнал до 14 етапни победи на Тур де Франс.

Тим Катјуша-Алпесин (2018–2019)

уреди

Трета година по ред избрал да ја започне сезоната на Трката Дубаи. Меѓутоа, овој пат не освоил ниту една етапа.[26] Кител освоил две победи во сезоната 2018, обете на Тирено-Адријатико.[27]

Кител силно ја започнал сезоната 2019, освојувајќи го Трофео Палма, дел од Предизвикот Мајорка, и остварувајќи второ место на Класика де Алмерија.[28] Го напуштил составот на екипата на Трката околу Калифорнија и Тур де Јоркшир, наведувајќи здравствени причини. На 9 мај 2019 година, неговиот договор со Катјуша-Алпесин бил прекинат.[2] Ова било заедничка одлука на управата на екипата и Кител, кој сакал да се повлече од професионалниот велосипедизам поради премореност.[29]

Кител го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам на 23 август 2019 година.[30]

Достигнувања

уреди
2004
1.   Национално младинско друмско првенство
2005
1.   Светско јуниорско хронометарско првенство
2. Национално јуниорско хронометарско првенство
2006
1.   Светско јуниорско хронометарско првенство
Национални јуниорски друмски првенства
1.   Хронометар
1.   Екипен хронометар
1. Етапа 3a (ITT) Трофео Карлсберг
2007
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Етапа 4 Трка околу Бранденбург
2008
1. Гросер Зилбер-Пилс Прајс
1. Меморијал Давиде Фардели
2. Краен пласман Трка околу Бранденбург
1. Етапа 5
2009
1.   Европско хронометарско првенство под 23 години
1. Етапа 6 Трка околу Тирингија под 23 години
4. Светско хронометарско првенство под 23 години
4. Класик Нојзен
6. Ла Кот Пикард
7. Краен пласман Флеш ди Сид
1. Етапа 1
1. Етапа 3
8. Краен пласман Триптих на планините и замоците
9. Краен пласман Тур ди О-Анжу
1. Етапа 4
2010
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
Тур де Мозел
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2. Краен пласман Трка Мајнфранкен
3.   Светско хронометарско првенство под 23 години
3. Краен пласман Фестнингсритет
1. Етапа 2
3. Меморијал Давиде Фардели
2011
1.   Краен пласман Делта Тур Зеланд
1. Етапа 1
1. Прорејс Берлин
1. Фландриско првенство
1. Минстерланд Џиро
1. Амстел Курасао Рејс
Четири дена Динкерк
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
Трка околу Полска
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 7
Хералд Сан Тур
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 5 Тур де Лангкави
1. Етапа 7 Вуелта а Еспања
2. Трка околу Келн
3. Трофео Палма де Мајорка
6. Трофео Кала Милор
2012
1. Схелдепрајс
1. Омлоп ван хет Хутланд
1. Минстерланд Џиро
Стер ЗЛМ Тур
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
Енеко Тур
1. Етапа 1
1. Етапа 4
Трка околу Оман
1. Етапа 3
1. Етапа 6
Тур де л’Еврометропол
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 2 Три дена Де Пане
1. Етапа 2 Етоал де Бесеж
2. Класик Хандзаме
3. Гран при де Фурмје
7. Гран при Импанис-Ван Петегем
2013
1.   Краен пласман Тур де Пикарди
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Схелдепрејс
1. Омлоп ван хет Хутланд
1. ПроРејс Берлин
Тур де Франс
1. Етапа 1
1. Етапа 10
1. Етапа 12
1. Етапа 21
Трка околу Турција
1. Етапа 1
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Етапа 2 Париз-Ница
1. Етапа 1 Трка околу Оман
6. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Етапа 2
2014
1. Даун Андер Класик
1. Схелдепрејс
Тур де Франс
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 21
Џиро д’Италија
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Трка околу Британија
1. Етапа 1
1. Етапа 8b
1. Етапа 1 Стер ЗЛМ Тур
5. Краен пласман Три дена Де Пане
6. Краен пласман Тур Дубаи
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
6. Ватенфал Класик
2015
1. Даун Андер Класик
Трка околу Полска
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
6. Трка околу Келн
2016
1.   Светско првенство во екипен хронометар
1.   Краен пласман Трка Дубаи
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Схелдепрејс
1. Гран при де Фурмје
Џиро д’Италија
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Волта ао Алгарве
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 1 Тур де Романди
1. Етапа 3а Три дена Де Пане
1. Етапа 4 Тур де Франс
3. Национално друмско првенство
2017
1.   Краен пласман Трка Дубаи
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Схелдепрејс
Тур де Франс
1. Етапа 2
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Етапа 10
1. Етапа 11
1. Етапа 1 Трка околу Калифорнија
1. Етапа 2 Трка Абу Даби
1. Етапа 3а Три дена Де Пане
1. Етапа 4 Стер ЗЛМ Тур
4. Минстерланд Џиро
2018
Тирено-Адријатико
1. Етапа 2
1. Етапа 6
5. Трка околу Келн
2019
1. Трофео Палма
2. Класика де Алмерија

Распоред на резултати на големите трки

уреди
2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Џиро ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНС-4 ДНЕ ДНС-9 ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи 2 2
Бодовен пласман
Тур ДНЕ ДНФ-5 166 161 ДНЕ 166 ДНФ-17 ДНФ-11
Освоени етапи 0 4 4 1 5 0
Бодовен пласман 4 4 2
Вуелта ДНФ-12 ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи 1
Бодовен пласман
Легенда
1 Победник
2–3 Топ три
4–10 Топ десет
11– Друго место
ДНЕ Не учествувал
ДНФ-x Не завршил (се повлекол на етапа x)
ДСК Диквалификуван
Н/А Трката/пласманот не беше одржана
НР Нерангиран во овој пласман

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Marcel Kittel profile“. Архивирано од изворникот на 2018-12-15. Посетено на 2022-12-20.
  2. 2,0 2,1 Ballinger, Alex (9 May 2019). „Marcel Kittel quits Katusha-Alpecin“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 8 July 2019.
  3. „Кител ќе го предводи Аргос-Шимано на Тур де Франс“. Cycling News. 19 јуни 2012. Посетено на 5 јули 2012.
  4. Декалуве, Брехт (5 јули 2012). „Кител се откажал од Тур де Франс на етапата пет“. Cycling News. Посетено на 5 јули 2012.
  5. „Кител направил победоносно враќање на Енеко Тур“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 август 2012. Посетено на 7 август 2012.
  6. Аткин, Бен (9 август 2012). „Енеко Тур: Кител спринтал на етапата четири додека Бонен го преземал водството“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 9 август 2012.
  7. „Кител ја зел втората победа на Енеко Тур“. Cycling News. Future Publishing Limited. 9 август 2012. Посетено на 9 август 2012.
  8. „На Кител му е доста на поддржувачите на Армстронг“. CyclingNews. Future Publishing Limited. 26 октомври 2012. Посетено на 13 февруари 2013.
  9. „Аргос-Шимано Тим ја прославува новата WorldTour лиценца“. CyclingNews. Future Publishing Limited. 10 декември 2012. Посетено на 13 февруари 2013.
  10. „Трка околу Оман: Марсел Кител ја освои етапата 1“. Bicycling. AFP. 11 февруари 2013. Посетено на 13 февруари 2013.
  11. Стоукс, Шејн (7 февруари 2014). „Кител грабна уште една победа на Тур Дубаи, Фини не успеа со нападите на последните искачувања“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 8 февруари 2014.
  12. „Трка околу Британија: Кител ја освои првата етапа во Ливерпул“. Cyclingnews.com. Future plc. 7 септември 2014. Посетено на 7 септември 2014.
  13. „Кител ја освои завршната етапа на Трката околу Британија“. Cyclingnews.com. Future plc. 14 септември 2014. Посетено на 14 септември 2014.
  14. „Марсел Кител ја отвори 2015 со победа на Даун Андер Класик“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 19 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 30 април 2015.
  15. Грегор Браун (28 април 2015). „Марсел Кител се враќа на Тур де Јоркшир по тримесечна пауза“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 30 април 2015.
  16. Даниел Бенсон (1 мај 2015). „Марсел Кител го напушта Тур де Јоркшир на етапа 1“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 мај 2015.
  17. Стјуарт Кларк (7 мај 2015). „Марсел Кител нема да вози на Трката околу Калифорнија додека продолжува да се мачи“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 8 мај 2015.
  18. О’Ши, Садб (25 јуни 2015). „Марсел Кител нема да вози на Тур де Франс“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 25 јуни 2015.
  19. Браун, Грегор (26 јуни 2015). „Кител: Ова е најтешкото време во мојата кариера“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 26 јуни 2015.
  20. Cycling News. Future Publishing Limited. 26 октомври 2012 http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/etixx-quick-step-announce-marcel-kittel-signing-194222. Посетено на 5 октомври 2015. Отсутно или празно |title= (help)
  21. „Аргос-Шимано заокружен со Паризјен“. Cycling News. Future Publishing Limited. 26 октомври 2012. Посетено на 2 јануари 2013.
  22. „Марсел Кител се приклучи на Етикс-Квик Степ, Иван Басо се повлекува“. bbc.co.uk. 5 октомври 2015. Посетено на 7 октомври 2015.
  23. Кејли, Фрец (6 февруари 2016). „Kittel takes stage, overall in Dubai“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-10-14. Посетено на 6 февруари 2016.
  24. Фаранд, Стивен (17 февруари 2016). „Volta ao Algarve: Kittel wins stage 1 in Albufeira“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 17 февруари 2016.
  25. Фаранд, Стивен (20 февруари 2016). „Volta ao Algarve stage 4: Kittel dominates the sprint in Tavira“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 29 февруари. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  26. „Dubai Tour 2018“. www.procyclingstats.com. Посетено на 21 февруари 2018.
  27. „Kittel ends season early after frustrating year“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 8 септември 2018. Посетено на 4 јануари 2019.
  28. „Kittel pulls out of Tour de Yorkshire due to health issues“. cyclingnews.com. 1 May 2019. Посетено на 9 May 2019.
  29. „Marcel Kittel and Katusha-Alpecin terminate contract“. cyclingnews.com. 9 May 2019. Посетено на 9 May 2019.
  30. „Marcel Kittel - News“. www.marcelkittel.de. Посетено на 2019-08-23.

Надворешни врски

уреди
  NODES
os 1