Маса е одлика на физичките објекти. Според SI системот таа се мери во килограми, kg. Масата е мерка за инертност на телата. Инертноста ќе ја објасниме преку пример. Имено, ако на некое тело дејствуваме со прилично голема сила (да туркаме камион на пример) и притоа не го придвижиме многу, би кажале дека телото е релативно многу инертно. Ако на некое друго тело дејствуваме со релативно мала сила, а притоа доста ја промени својата положба, би рекле дека тоа тело има релативно мала инертност (мало парче памукче дувнато со уста, честица прашина во воздухот), и сл. Секое тело кое е доста инертно има и голема маса, додека пак секое тело кое е малку инертно има и мала маса. Ќе наведеме и друг пример: на пример ако некое тело се движи со одреден интензитет, правец и насока и ако врз него дејствуваат некои релативно големи надворешни сили, кои се обидуваат да му ја променат насоката, правецот и интензитетот на движење, но ако телото не се помести многу би рекле дека телото е релативно доста инертно (има голема голема маса), но ако силите многу го поместат телото, тогаш телото има релативно мала инертност, па и мала маса. Па генерално би рекле дека инертноста или инерцијата е способност на телата да ја задржат состојбата на мирување или движење, ако врз нив дејствуваат сили кои се обидуваат да му ја поместат состојбата на мирување или движење. Масата на објектите е централен концепт на класичната механика и поврзаните научни дисциплини.

Маса
Тег од 2 кг што се користи кај ваги
Симболи
m
SI-единицакилограм
Екстензивна?да
Зачувана?да


  NODES