Масло

вискозна течност

Масловискозна течна хемиска супстанца, нерастворлива во вода, но растворлива во алкохол и етер.[1] Содржи големо количество на јаглерод и водород, а според физичките особини е запаливо и лизгаво. По потекло маслото може да биде животинско, растително или минерално. Постојат испарливи или неиспарливи масла.

Општ хемиски состав на мастите и маслата

Видови масла

уреди

Органски масла

уреди
 
Шише сончогледово масло

Органските масла се добиваат од најразлични видови растенија, животни и други организми што се лачат со природните метаболични процеси. Научниот поим „липид“ се однесува на масните киселини, стероиди и слични хемиски супстанции што се содржат во маслата и мастите на живите организми, а маслото е поим за општата мешавина од супстанции. Освен липиди, органските масла може да содржат други состојки како белковини, восок и алкалоиди.

Липидите можат да се поделат според начинот на кој се создаваат во организмот, нивната хемиска структура и ограниченоста на растворливостта споредени со масла. Содржат многу јаглерод и водород, со значаен недостаток на кислород во споредба со органските соединенија и минералите.

Минерални масла

уреди

Минералните масла се добиваат со рафинирање на сирова нафта и играат значајна улога во современото стопанство. Самата нафта доаѓа од фосилизирани органски материи, како зоопланктони и алги, кои со текот на долг временски период се претвораат во нафта по геохемиски пат.[2] Овие масла не се буквално минерални — нафтата не се добива од минерали, туку се нарекува така бидејќи органските материи се помешани со и сместени помеѓу минерали во земјата.

Примена

уреди
 
Моторно масло

Исхрана

уреди

Маслото за јадење (зејтин) се добива од животни (во облик на путер, животинска маст и сл.) или растенија (сончогледово, маслиново, пченкарно, маргарин и многу други).

Козметика

уреди

Во козметиката, маслото се нанесува како омекнувач кожата и косата, поттикнувајќи го нејзиниот раст.[3][4]

Религија

уреди

Маслото има видно место во религијата, во обредот миропомазание и како гориво за кандила.

Сликарство

уреди

Сликарските пигменти се мешаат со масла за да добивање на трајна боја во масленото сликарство. Најстарите постоечки слики во маслена техника датират од 650 г.[5]

Разладување

уреди

Маслата се користат како разладувачи во електрични строеви како што се трансформаторите.

Подмачкување

уреди

Во индустријата и механиката, маслото има важна улога како мазиво (подмачкувач) за намалување на триењето на деловите. Ова се претежно минерални масла (машинско мазиво, моторно масло и др.), но има и механизми што се подмачкуваат со растителни масла како што е лененото.

Органските масла се користат во еколошката хемија („зелена хемија“).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „масло“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Kvenvolden, Keith A. (2006). „Organic geochemistry – A retrospective of its first 70 years“. Organic Geochemistry. 37: 1. doi:10.1016/j.orggeochem.2005.09.001.
  3. „Basil (Ocimum basilicum)“. Архивирано од изворникот на 2013-10-02. Посетено на 2013-10-01.
  4. Најдобро масло за раст на косата (англиски)
  5. Во Авганистан пронајдени најстарите маслени слики — Discovery News, 19 февруари 2008 (англиски)

Надворешни врски

уреди
  NODES
os 3