Махабхарата
Махабхарата (деванагари: महाभारत) — хиндуистички еп напишан на санскрит. Насловот може да се преведе како „големата повест за династијата Барата“. Барата е легендарниот крал за кого се смета дека го основал кралството Баратаварша. „Махабхарата“ е најголемото дело во светската книжевност, составено од 18 книги со над 200.000 стихови. Епот бил создаван во текот на осум векови, од 4 век п.н.е до 4 век од новата ера.[1]
Дел од статиите Хиндуизам | |
Историја · Божества | |
Секти · Митологија | |
Верувања | |
---|---|
Реинкарнација · Мокша | |
Карма · Самсара · Маја | |
Нирвана · Дарма | |
Јога · Ајурведа | |
Југа · Вегетаријанство | |
Бакти · Арта | |
Текстови | |
Упанишади · Веди | |
Багават гита | |
Рамајана · Махабхарата | |
Пурана · Аранјака | |
Сродни статии | |
Хиндуизам по земји | |
Водачи · Мандир · | |
Касти · Мантра | |
Речник · Празници | |
Мурти |
„Махабхарата“ е еден од двата големи епови на древна Индија, заедно со „Рамајана“. Епот е дел од хиндуистичката историја, и е важен дел од хинду-митологијата. „Махабхарата“ има огромна важност за културата во Индија, зборувајќи за целите на човекот (арта или цел, кама или задоволство, дарма или должност и мокша или ослободување) и претставува обид да се објасни врската меѓу поединецот со општеството и со светот (природата на себството), како и работата на кармата.
Содржина
уредиВо основа, „Махабхарата“ се состои од два дела при што едната половина е посветена на долготрајната борба меѓу Пандуите и Куруите, додека втората половина ја сочинуваат разни поединечни епизоди, како што се приказната за Нал и Дамајанта, за Савитра, за Багавадгита, итн. Основната тема во главниот еп е постојаната борба меѓу двете ариевски племиња, Пандуите и Куруите, при што основната тема е испреплетена со разни борби со џинови.[2]
Осврт кон епот
уреди„Махабхарата“ има големо историско значење, зашто дава слика на животот во древната Индија - животот на аристократијата, различните религиозни, филозофски и морални сфаќања, врската меѓу војничката аристократија и свештенството, воените стратегии и тактики, одликите на патријархалното семејство итн. Исто така, епот се одликува и со голема уметничка вредност, зашто во него е насликана цела галерија човечки типови.[3] Оваа книга е неповторлив документ за древната индиска култура, највеличествениот дострел на старата индиска книжевност и еден од најголемите културни дострели во човековата цивилизација.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Vojislav Đurić, „Pogovor“, во: Pesma o kralju Nalu. Beograd: Rad, 1963, стр. 129.
- ↑ Vojislav Đurić, „Pogovor“, во: Pesma o kralju Nalu. Beograd: Rad, 1963, стр. 129-132.
- ↑ Vojislav Đurić, „Pogovor“, во: Pesma o kralju Nalu. Beograd: Rad, 1963, стр. 129-130.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 10.
Надворешни врски
уреди- Махабхарата на Ризницата ?
- Махабхарата — аудиокнига на македонски