Молизе

регион во Италија

Молизе (италијански: Molise) — еден од 20-те региони во Италија. Се наоѓа во нејзиниот јужен дел од земјата. Главен град е Кампобасо, а втор по големина и најважен град е Изернија.

Молизе
Molise

Mulise  (јазик?)
Регион на Италија
Знаме на Молизе MoliseГрб на Молизе Molise
ДржаваИталија
Управно средиштеКампобасо
Управа
 • ПретседателДонато Тома (ФИ)
Површина
 • Вкупна4.438 км2 (1,714 ми2)
Население (31-12-2017)
 • Вкупно308.493
 • Густина70/км2 (180/ми2)
Час. појасСЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
ISO 3166 codeIT-67
БДП (номинален)€6,5 милијарди (2018)[1]
БДП по жител€20.900 (2018)[2]
ИЧР (2018)0,863[3]
very high · 15th of 21
НУТС регионITF
Мреж. местоwww.regione.molise.it

Регионот Молизе е познат како еден од најмалите региони во земјата. Исто тој така е на крајните позиции во многу други аспекти - во однос на населението, густината на населението и нивото на развој.

Местоположба

уреди

Молизе е јужен регион на Италија, сместен на Апенинскиот Полуостров. На север се наоѓа Јадранското Море.

Од другите страни се наоѓаат следните италијански региони:

Природни одлики

уреди

Површината на регионот е 4.438 ² и според ова, Молизе е еден од помалите италијански региони.

Релјеф

уреди

Целата површина на регионот Молизе е планински и ридски терен. Прилично мали рамничарски површини се протегаат по долните делови на речните долини. На исток има краток излез до јадранскиот брег, кој е без природни пристаништа. Брегот е стрмен и брзо преминува во ридски предели. Испресечен е со длабоки речни долини во вид на клисури. Ридската област постепено преминува кон централниот дел на Молизе во високопланинската област на Самнитските Апенини. Највисокиот врв на регионот е Монти дела Мета, висок 2.241 m.

Клима

уреди

Климата во крајбрежниот дел на Молизе е средоземна. Како што се навлегува во копното и се оди на повисоки надморски височини, таа станува преодна помеѓу средоземната и континенталната. Во повисоките предели, климата е поостра, планинска.

Води

уреди

Регионот Молизе му припаѓа на сливот на Јадранското Море, на кое излегува со краток брег (долг 38 км). Повеќето реки имаат краток тек и длабоки долини во облик на клисури. Тие се спуштаат од Апенините во Јадранот. Иако ниту една од реките не е значајна во државни рамки, на ниво на регионот, познати се реките Трињо (се граничи со Абруцо ) и Биферно.

Управна поделба

уреди

Молизе е поделен на 2 окрузи, т.е. провинции со градови со исто име како управните средишта:

Историја

уреди

Подрачјето на Молизе било населено уште од праисторијата. Римјаните ја окупирале оваа област на почетокот на III век пр.н.е. и го потчинуваат локалното население Самнити. Овде ја основале провинцијата Самнитум (Samnitum). Во текот на неколку векови од владеењето на Стар Рим, населението било романизирано.

По падот на Стариот Рим, оваа област брзо ги менува господарите во раниот среден век. Прво потпаднала под Готите, потоа под Лангобардите и на крај под Војводството Беневент. Меѓутоа, локалните владетели имале голема независност, па може да се заклучи дека тука имало неколку сосема мали феудални држави до X век.

Во 13 век, областа конечно потпаднала под власт на Неаполското Кралство и, со мали прекини, останала така до средината на 19 век. Во 16 век, Молизе станал дел од Апулија. Во 1860 година оваа област била припоена кон новооснованата Италија. Веднаш бил основан регионот Абруци и Молизе, кој во 1963 година бил поделен на два нови региони: Абруцо и Молизе. Новото владеење не донело економски бум, областа станува изразито емигрантска. И денес, областа Молизе е една од најнеразвиените и најзафрлените во цела Италија.

Население

уреди

Денес, Молизе има околу 320 илјади жители, што го прави еден од најмалите региони во Италија . Сепак, посериозен факт е дека регионот имал повеќе жители на првиот целосно италијански попис од далечната 1861 година отколку денес и дека оваа бројка постојано се намалува со помали прекини до денес.

Густината на населението е околу 72 жители на квадратен километар, што е 3 пати помалку од националниот просек (200 жители/км2). Целата област на регионот е ретко населена.

Во покраината доминира италијанско население. Има лингвистички малцинства, Молизански Словени и Молизански Албанци. И двете од овие малцинства се наоѓаат во Провинцијата Кампобасо. Новонаселеното население е занемарливо, во склад со неразвиеноста на регионот.

Стопанство

уреди

И денес, Молизе припаѓа во неразвиениот дел на Италија. Може да се каже дека и денес е рурална и претежно земјоделска област со мали мануфактури. Земјоделството денес е поразвиено, но не е толку важно како порано. И денес, мануфактурното производство е блиску до занаетчиството. Единствената поголема фабрика во покраината е фабриката „Фиат “ во Термоли.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Eurostat – Tables, Graphs and Maps Interface (TGM) table“. European Commission. 2011-08-12. Посетено на 2011-09-16.
  2. ec.europa.eu. "Regional GDP per capita ranged from 30% to 263% of the EU average in 2018". Соопштение за печат.
  3. „Sub-national HDI – Area Database – Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org. Посетено на 2018-09-13.

Надворешни врски

уреди
  NODES
Done 1