Моту Оне

остров во Француска Полинезија

Моту Оне' , познат и како 'Белингхаузен' , е атол на групата Заветрени Острови кои се дел од архипелагот Друштвени Острови кој се наоѓа во Тихиот Океан. Моту Оне се наоѓа 550 километри северозападно од Тахити и 72 километри североисточно од Мануае, најблизок сосед.

Моту Оне
Остров
Фотографија на НАСА од Моту Оне.
Фотографија на НАСА од Моту Оне.
Мапа на Маупити
Мапа на Маупити
ЗемјаФранција
Прекуморски региони на ФранцијаФранцуска Полинезија
АрхипелагДруштвени Острови
ГрупаЗаветрени Острови
Површина
 • Вкупна2,8 км2 (11 ми2)
Население
 • Вкупно0
 • Густина0,0/км2 (0,0/ми2)

Гребенот на Моту Оне сосема ја опфаќа лагуната, без премин. Сите негови страни се покриени со ниски, песочни острови освен јужната страна. Моту Оне значи песочен остров на полинезиски, што во суштина означува ниско, песочно островче кое не може да одржи постојано човечко живеалиште.

Историја

уреди
 

Името Атол Белингсхаузен или поретко Белингсхаузен на атолот му го дал еден руски офицер и морепловец од германско потекло во Руската царска морнарица, Ото Естефејевич Коцебу во чест на Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен. Не треба да се меша со островот Белингсхаузен, кој е дел од Јужните Сендвички Острови, во југозападниот Атлантик.

Атолот бил посетен од страна на Истражувачката Експедиција на САД во септември 1839.[1]

Администрација

уреди

Атолот Моту Оне е дел од комуната (општината) Маупити, и самата дел од административната субдивизија на Заветрените Острови, како дел на Француска Полинезија

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Stanton, William (1975). The Great United States Exploring Expedition. Berkeley: University of California Press. стр. 132. ISBN 0520025571.

Надворечни врски

уреди

15°48′S 154°32′W / 15.800° ЈГШ; 154.533° ЗГД / -15.800; -154.533{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница

  NODES