Мочниот канал (лат. urethra) е канал што почнува од мочниот меур и излегува надвор, а служи за парзнење на мочниот меур. Мочниот канал се разликува кај мажите и кај жените. Кај мажите тој дел е дел и на половиот систем и на екскреторниот систем и е многу подолг отколку кај жените.

Мочен канал а)кај жени; б) кај мажи

Мочниот канал кај жените е тенка цевка, долга само 4cm. Таа е сместена пред сраснувањето на двете карлични коски и е препокриена со мускули на предниот ѕид на вагината. Надворешниот отвор е наречен мочен отвор, или уретално месо, и е сместен во горниот дел на вагиналниот отвор меѓу малите усни на надворешниот дел на половиот систем кај жените.

Кај мажите мочниот канал е долг околу 20cm. На почетокот поминува низ простатата, каде е поврзан со двата канали кои носат клетки од машкиот полов систем. Таму продолжува низ пенисот, машкиот полов орган за копулација, и се отвора надвор. Мочниот канал кај машките има двојна функција: ги пренесува половите клетки и го испразнува мочниот меур, а кај женските организми, мочниот канал ја има само втората функција, односно само се испразнува мочниот меур.[1]

Наводи

уреди
  1. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.145

Надворешни врски

уреди
  NODES