Под мудрост се подразбираат способноста и желбата да се донесуваат избори што можат да добијат потврда по долгорочно испитување од многу луѓе. Во оваа смисла, да се оцени еден избор како „мудар“ значи дека дејството или не-дејството било стратешки точно во однос на одредени широко прифатени вредности. Mудроста ја претставува способноста на човекот да мисли и да дејствува, користејќи ги знаењето, искуството, разбирањето, разумот и менталната способност. Мудроста се смета за доблест, тоа претставува поседување на знаење кое треба да се искористи во која било околност. Тука се вклучени: разбирањето на луѓето, нештата, настаните, ситуациите, како и подготвеноста и способноста да се применуваат перцепцијата и расудувањето. Често е потребно и контрола на емотивните реакции, за разумот да преовладува на универзален принцип. Мудроста означува длабоко знаење, но и можност за расудување. Мудрите луѓе често ги нарекуваат и филозофи.

Мејниер - Мудроста што ја брани младоста против љубовта

Во 6 век п.н.е., Старите Грци признавале седум мудреци: Талес, Солон, Хилон, Питак, Бијант, Клеобул и Периандар.[1]

Во своето дело, „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски вели дека мудреците се некорисни во секојдневниот, практичен живот, за што најдобар пример е Сократ.[2]

Мудроста како тема во уметноста

уреди
  • „Книга на мудроста“ - суфиска приказна.[3]
  • „Три мудри совети“ - унгарска народна приказна.[4]
  • „Мудреци над мудреците“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.[5]
  • „Мудрост“ – кус расказ на македонскиот писател Горан Петревски.[6]
  • „Каменот на мудроста“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 2002-2003 година.[7]
  • „Мудрост“ - песна на полскиот поет Јулијан Тувим.[8]
  • „Спомените на еден мудар старец“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[9]
  • „Бистрината и мудроста“ (The Wit And The Wisdom) - песна на американската рок-група „Хускер Ду“ (Hüsker Dü) од 1985 година.[10]

Наводи

уреди
  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 129.
  2. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 31.
  3. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 80.
  4. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 36-40.
  5. Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 36-37.
  6. Современост број 3/2023, стр. 25-26.
  7. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 257.
  8. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 40.
  9. Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 144-49.
  10. Discogs, Hüsker Dü ‎– Flip Your Wig (пристапено на 1.7.2020)
  NODES
os 4