Мус (на француски: mousse или во превод „пена“) — лесен за јадење десерт кој содржи воздушни меурчиња кои му даваат воздушеста текстура и сунѓерест изглед. Може да варира од светол и мек до кремаст и густ, во зависност од техниките на подготовка. Мусот може да има сладок или солен вкус.[1]

Мус
Чоколаден Мус.
Дел од оброкотдесерт
Место на потеклоФранција
Главни состојкиМатени белки или шлаг, чоколадо или пасирано овошје
ВаријантиЧоколадо, ванила, јагода, чоко ванила итн.

Слаткиот мус најчесто се прави од изматени белки или шлаг,[2] и се додава чоколадо, кафе, карамела,[3] пасирано овошје или разни тревки и зачини, како нане или ванила.[4] Понекогаш во чоколадниот мус, се додаваат и жолчки кои се мешаат во претходно стопено чоколадо за да се добие помоќен вкус на финалниот производ. Мусот, се сервира како ладен десерт, а може да се користи и како фил за торта.[5] Понекогаш се зацврснува со желатин.[6][7]

Солениот мус може да се направи од месо, риба, морски плодови, паштета, сирење или зеленчук.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 "Mousse" Архивирано на 29 декември 2016 г.. Food Network Food Encyclopedia. Retrieved February 21, 2017.
  2. Prosper Montagné, Larousse Gastronomique, 1961 (English translation of 1938 French edition), p. 630
  3. „Caramel & White Chocolate Mousse Recipe“. VideoCulinary.com (англиски). Посетено на 2016-01-04.
  4. „How to prepare Mousse“ (англиски).[мртва врска]
  5. „Silky mousses with a stable structure: a few tips and tricks -“. Quescrem (англиски). 2019-11-29. Архивирано од изворникот на 2021-06-25. Посетено на 2021-06-25.
  6. Hyman, Gaston (1977). Hyman, Phillip; Hyman, Mary (уред.). Lenôtre's Desserts and Pastries (англиски) (1. изд.). Woodbury, New York: Barrons Educational Series Inc. стр. 78. ISBN 978-0812051377.
  7. „Paris Confidential: The Mystery Mousse Behind The Chocolate Bar“. NPR.org (англиски). Посетено на 2017-10-05.
  NODES