Наос или Зета Пупис (Zeta Puppis / ζ Pup / ζ Puppis) е ѕвезда во соѕвездието Крма. Позната е по имињата Наос („Naos" од грчки ναύς „брод“) и Сухаил Хадар („Suhail Hadar“ од арапски, „светла ѕвезда на тлото“).

Zeta Puppis

Уметнички приказ на ѕвездата Наос (Зета Пупис).
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Крма
Ректасцензија 08ч 03м &1000000000000035100000035,1с[1]
Деклинација −40° 00′ &1000000000000011600000011,6″[1]
Прив. величина (V) 2.21
Особености
Спектрален тип O5 IAf
U−B Боен показател −1.09
B−V Боен показател −0.27
Променлив тип ?
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)−24.0[1] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: −30.82[1] млс/г
Дек.: 16.77[1] млс/г
Паралакса (π)3.00 ± 0.10 млс
Оддалеченост1.090 ± 40 сг
(330 ± 10 пс)
Апсолутна величина (MV)−5.96
Податоци
Маса64 M
Полупречник16 R
Сјајност(bolometric)790,000 L
Температура42,400 K
Металичност?
Вртење>211 km/s.(>4.8 days)
Старост4 × 106 години
Други ознаки
Naos, Suhail Hadar, HR 3165, HD 66811, SAO 198752, FK5 306, CoD C-39 3939, CPD P-39 2011, HIP 39429.
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Нејзиниот спектрален тип е O5Ia, што значи дека ова е екстремно жешка ѕвезда. Таа е една од ретките ѕвезди на ноќното небо од типот „O“ што се гледаат со голо око. Температурата на површината ѝ е 42.400 K[2], а масата 59 сончеви маси.

За разлика од многу други ѕвезди на толкава далечина, за Зета Пупис се знаат точните параметри, а се знае и дека потекнува од реонот со молекуларен облак во соѕвездието Едро.[3] Според тоа, за оваа ѕвезда можеме точно да ја одредиме оддалеченоста, што на пример не можеме за ѕвездата Денеб.

Зета Пупис е есктремно сина суперџин ѕвезда, една од најсјајните ѕвезди во нашиот Млечен Пат. Визуелно е 21.000 пати помоќна од нашето Сонце, но бидејќи е екстремно сина ѕвезда, поголемиот дел од нејзиното електромагнетно зрачење е ултравиолетово. Сините ѕвезди не се многу големи, па така и Наос не е исклучок, околу 20 пати е поголем од сончевиот полупречник. Во тој поглед најголеми се црвените џинови, како што е Бетелгез на пример.

За неколку илјади години, Наос ќе се излади и ќе се претвори во црвен суперџин, и ќе мине низ спектралните типови: B, A, F, G, K, и M. Кога ќе се случи ова, гледано од Земјата, Наос ќе биде една од најсјајните ѕвезди на небото. За 2 милиони години, Наос ќе се претвори во црвен суперџин од типот M5, а се прептоставува дека на крајот ќе експлодира во хипернова толку моќно и сјајно, што ќе се види на небото посјајно од полна Месечина.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „SIMBAD Query Result“. Results for NAOS. Посетено на 2009-01-09.
  2. Lamers & Cassinelli 1999, accurate to 200 K.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-09-07. Посетено на 2009-06-05.
  • Schaerer, Daniel; и др. (1997). „Fundamental Stellar Parameters of γ2 Velorum from HIPPARCOS Data“. Astrophysical Journal Letters. 484: L153–L156. doi:10.1086/310785.
  NODES