Нитрат — повеќеатомски јон со хемиска формула NO
3
. Солите што го содржат овој јон се нарекуваат нитрати. Наоѓаат голема примена во производството на ѓубрива и експлозиви.[1] Речиси сите неоргански нистрати се растворливи во вода со исклучок на некои како бизмут оксинитратот.

Нитрат
Стапчест модел на нитратниот јон
Систематско име нитрат
Назнаки
14797-55-8 Ок
ChEBI CHEBI:17632
ChemSpider 918
3Д-модел (Jmol) Слика
PubChem 943
UNII T93E9Y2844 Ок
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Конјуг. киселина азотна киселина
Дополнителни податоци
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Структура

уреди
 
Нитратниот јон со делумните набои

Јонот е конјугирана база на азотната киселина, која се состо од средишен азотен атом обиколен со три истоветно сврзани кислородни атоми во триаголен рамнински распоред. Нитратниот јон има формален полнеж од −1. Ова доаѓа од здружениот формален полнеж каде секој од трите кислороди има полнеж од −23, а азотот има полнеж од +1 charge. Ова устројство често служи како пример за резонанција. Како и изоелектронскиот карбонатен јон, нитратниот јон може да е претстави со резонантни структури:

Прехранбен нитрат

уреди

Богат извор на неоргански нитрат во исхраната е лиснатиот зеленчук како спанаќот и руколата. NO
3
(неоргански нистрат) е активна состојка во сокот од цвекло и други зеленчуци. Друг извор е пивката вода.[2]

Нитратот кој се зема како додаток во исхраната дава поволни резултати кога се испитува издржливоста при физички напор.[3]

Внесувањето на големи количества нитрати во облик на чист натриум нитрат или сок од цветло кај млади здрави лица ја зголемува концентрацијата на плазмени нитрати во крвта за два до три пати, и таа концентрација останува барем 2 недели. Покачениот плазмен нитрат го поттикнува производството на азотен оксид (NO). Азотниот оксид е важена молекула за физиолшка сигнализација која, меѓу останатото, служи за регулација на крвотокот во муксулите и митохондриското дишење.[4]

Во сувомеснатите производи

уреди

Внесувањето на нитрити претежно зависи од количеството на преработено месо во исхраната, како и од концетрацијата на нитратите во тоа месо. Сувомеснатите производи содржат претежно нитрити, но се користат и нитрати. Нитратите водат до обрразување на нитрозамини.[5] Појавувањето на канцероген нитрозамин во преработката може да се спречи со внесување на антиоксидансите витамин Ц и алфа-токоферолот, кој е облик на витаминот Е.[6]

Исхраната предвидена за спречување на висок крвен притисок содржи големи количества на нитрати, кои прво се сведуваат на нитрит во плунката, а потоа образуваат азотен оксид.[2]

Природна застапеност и производство

уреди

Нитратните соли се природно застапени во почвата како лежишта на нитратин во суви предели. Нитратинот е значаен извор на натриум нитрат.

Разни видови на нитрификациски бактерии произведуваат нитрати во нивната природна средина користејќи амонијак или уреа како извор на азот и слободна енергија. Во минатото нитратните соединенија се употребувале во производството на барут во отсуство на минерални извори на нитрати по пат на ферментација на моч и измет.

Громовите кои удираат во Земјината амотсфера богата со азот и кислород даваат мешавиан од азотни оксиди, кои образуваат азотести јони и нитратни јони што потоа преоѓаат во почвата со дожд или нафаќање на влага врз зеленилото.

Индустриски, нитратите се произведуваат со азотна киселина.[1]

Примена

уреди

Земјоделство

уреди

Нитратите се користат како ѓубрива во земјоделството поради нивната голема растворливост и биоразградливост. Главни нитратни ѓубрива се амониумските, натриумските, калиумските, калциумските и магнезумскитете соли. За оваа цел се произведуваат неколку милиони килограми годишно.[1]

Оружје и други примени

уреди

Нитратите служат како оксиданс во експлозивите, каде брзата оксидација на јаглеродните соединенија ослободува големи количества на гас. Натриум нитратот ги отстранува воздушните меури во стопеното стакло и некои видови керамика. Некои метали се зајакнуваат со додавање на мешавина од стопена сол.[1]

Медицина

уреди

Во медицината, нитратите се употребуваат во спречувањето и лекувањето на акутни коронарни синдроми и срцеви удари. Лековите од оваа класа се нарекуваат вазодилататори (проширувачи на крвните садови).

Безбедност

уреди

Акутната токсичност на нитратот е мала. Постојат значајни разидувања меѓу стручњаците во врска со долгорочните ризици од изложенот на нитрати. За можни ризици се сметаат следниве: (i) нитратот може да биде претходник на нитритот во дебелото црево, а нитритот е претходник на нитрозамините поврзани со ракот; (ii) нитратот е поврзан со метхемоглобинемијата, пореметување на хемоглобинот во црвените крвни зрнца.[7][8]

Стандарди за пивка вода

уреди

Законот во САД дозволува највеќе 10 мг/л нитрат во пивката вода.[9] Прифатливата дневна доза на нитратни јони е пропишана во опсегот 0–3,7 мг (килажа)−1 ден−1.[10]

Токсичност во водите

уреди
 
Нитрати на морските површини во светот

Во слатководните површини и рачните устија близу земјиштето нитратот можат да достигне концентрациј смртоносна за рибите. Иако нитратот е многу помалку токсичен од амонијакот,[11] некои водни видови страдаат од попречен развој и имунитет при концентрација над 30 милионитини.[12] Токсичноста на нитратот и понатаму е предмет на расправа во стручната јавност.[13]

Прекумерните количества на нитрати во водните системи главно се должат на испуштање отпадни води, како и одлевање од наѓубрени земјишта. Ова води до еутрофикација и расцут на алги кои предизвикуваат аноксија (осиромашеност на кислородот) и мртви води. Затоа, нитратот служи како еден од показателите за квалитетот на водата.

Во сточната храна

уреди

Симптоми на нитратно труење кај домашните животни се повишениот пулс и потење; во понапреднти случаи крвта и ткивото добиваат сина или кафеава боја. Затоа, сточнатата храна треба се испитува и онаа со премногу нитрати се отфрла.

На следната табела се дадени безбедните количини на нитрати за различни видови стока:[14]

Категорија %NO3 %NO3–N %KNO3 Дејство
1 < 0,5 < 0,12 < 0,81 Безбедно за месодајни говеда и овци
2 0,5–1.0 0,12–0,23 0,81–1,63 Внимание: може да се јават некои потклинички симптоми кај бремени кобили, овци и месодајни крави
3 1,0 0,23 1,63 Проблеми од многу нитрат: може да се јават смртни случаи и пометнување кај месодајните крави и овците
4 < 1,23 < 0,28 < 2,00 Максимално безбедно количество за коњи. Не треба да се дава на бремени кобили

Нитратни соединенија

уреди

Нитрати се образуваат со следниве елементи од периодниот систем:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Laue, Wolfgang; Thiemann, Michael; Scheibler, Erich; Wiegand, Karl Wilhelm (2006), „Nitrates and Nitrites“, Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry, Weinheim: Wiley-VCH, doi:10.1002/14356007.a17_265
  2. 2,0 2,1 Hord NG, Tang Y, Bryan NS (јули 2009). „Food sources of nitrates and nitrites: the physiologic context for potential health benefits“. The American Journal of Clinical Nutrition. 90 (1): 1–10. doi:10.3945/ajcn.2008.27131. PMID 19439460.
  3. McMahon NF, Leveritt MD, Pavey TG (април 2017). „The Effect of Dietary Nitrate Supplementation on Endurance Exercise Performance in Healthy Adults: A Systematic Review and Meta-Analysis“ (PDF). Sports Medicine (Auckland, N.Z.). 47 (4): 735–756. doi:10.1007/s40279-016-0617-7. PMID 27600147. S2CID 207494150.
  4. Maughan, Ronald J (2013). Food, Nutrition and Sports Performance III. New York: Taylor & Francis. стр. 63. ISBN 978-0-415-62792-4.
  5. Bingham SA, Hughes R, Cross AJ (ноември 2002). „Effect of white versus red meat on endogenous N-nitrosation in the human colon and further evidence of a dose response“. The Journal of Nutrition. 132 (11 Suppl): 3522S–3525S. doi:10.1093/jn/132.11.3522S. PMID 12421881.
  6. Parthasarathy DK, Bryan NS (ноември 2012). „Sodium nitrite: the "cure" for nitric oxide insufficiency“. Meat Science. 92 (3): 274–9. doi:10.1016/j.meatsci.2012.03.001. PMID 22464105.
  7. Powlson, David S.; Addiscott, Tom M.; Benjamin, Nigel; Cassman, Ken G.; De Kok, Theo M.; Van Grinsven, Hans; l'Hirondel, Jean-Louis; Avery, Alex A.; Van Kessel, Chris (2008). „When Does Nitrate Become a Risk for Humans?“. Journal of Environmental Quality. 37 (2): 291–5. doi:10.2134/jeq2007.0177. PMID 18268290.
  8. „Nitrate and Nitrite Poisoning: Introduction“. The Merck Veterinary Manual. Посетено на 27 декември 2008.
  9. „4. What are EPA's drinking water regulations for nitrate?“. Ground Water & Drinking Water (англиски). Посетено на 13 ноември 2018.
  10. Bagheri, H.; Hajian, A.; Rezaei, M.; Shirzadmehr, A. (2017). „Composite of Cu metal nanoparticles-multiwall carbon nanotubes-reduced graphene oxide as a novel and high performance platform of the electrochemical sensor for simultaneous determination of nitrite and nitrate“. Journal of Hazardous Materials. 324 (Pt B): 762–772. doi:10.1016/j.jhazmat.2016.11.055. PMID 27894754.
  11. Romano N, Zeng C (септември 2007). „Acute toxicity of sodium nitrate, potassium nitrate, and potassium chloride and their effects on the hemolymph composition and gill structure of early juvenile blue swimmer crabs(Portunus pelagicus Linnaeus, 1758) (Decapoda, Brachyura, Portunidae)“. Environmental Toxicology and Chemistry. 26 (9): 1955–62. doi:10.1897/07-144r.1. PMID 17705664. S2CID 19854591.
  12. Sharpe, Shirlie. „Nitrates in the Aquarium“. About.com. Посетено на 30 октомври 2013.
  13. Romano N, Zeng C (декември 2007). „Effects of potassium on nitrate mediated alterations of osmoregulation in marine crabs“. Aquatic Toxicology. 85 (3): 202–8. doi:10.1016/j.aquatox.2007.09.004. PMID 17942166.
  14. „Nitrate Risk in Forage Crops - Frequently Asked Questions“. Agriculture and Rural Development. Government of Alberta. Посетено на 30 октомври 2013.

Надворешни врски

уреди
  NODES