Обвинувам
Обвинувам (француски: J'accuse) — отворено писмо од францускиот писател Емил Зола објавено на 13 јануари 1898 во весникот L'Aurore. Во писмото, Зола ги обвинува францускиот претседател Феликс Фор и француската влада за антисемитизам и за неправедно притворање на Алфред Драјфус, офицер во француската армија, кој бил осуден на доживотна казна затвор поради шпионажа. Зола ги предочил судските грешки и недостатокот на докази. Писмото биле отпечатено на насловната страница на весникот и предизвикало јавна реакција во земјата и во странство. Зола бил обвинет и осуден за клевета на 23 февруари 1898. За да избегне притворање, избегал во Англија, во се вратил дома во јуни 1899.
Имало и други памфлети во одбрана на Драјфус, како прогласот на Бернар Лазар Убивање на правдата: Вистината за аферата Драјфус од ноември 1896. Како последица на популарноста на писмото, Обвинувам станал чест израз за искажување несогласување и обвинување со некој моќен.
Позадина на случајот
уредиАлфред Драјфус е роден во 1859 година во градот Милуз, која се наоѓа во провинција Алзас во североисточниот дел на Франција. Роден е во богато еврејско семејство,[1] а го напуштил родниот град и заминал во Париз во 1871, поради анексијата на покраината од страна на Германија по француско-пруската војна. Во 1894, како капетан на артилеријата на генералштабот на Франција, Драјфус бил осомничен за обезбедување на тајни воени информации за германската влада.[1]
Чистачката и француски шпион мадам Бастијан работела во амбасадата на Германија и била сведок во истрагата. Таа рутински претресувала корпи со отпад и поштенски сандачиња во германската амбасада за да најде сомнителни документи.[2] Таа нашла сомнителена папка (детален список на документи) во германската амбасада во 1894, и го доставила до началникот Хуберт-Џозеф Анри, кој работел за француската воена контраразузнавачка служба во генералштабот.[2]
Папката била поделена на шест дела, а била пронајдена од страна на Мадам Бастијан во корпата за отпадоци на Максимилијан фон Шварцкопен, германскиот воен аташе.[2] Кога била отворена истрага за документот, Драјфус бил осуден во голема мера врз основа на сведочењата на професионални графолози:[3] нивното тврдење било дека „немањето сличност со ракописот на Драјфус е доказ дека папката е фалсификат“, и подготвиле детален дијаграм да докажат дека тоа е така.[4] Имало и искази од воени офицери кои доставиле уверливи докази.[3]
Драјфус бил прогласен за виновен за оддавање воена тајна од страна на воениот суд, при што му било ускратено правото да ги испита доказите против него. Армијата му го одзела воените чинови и заслуги на понижувачка церемонија и го испратила на Островот на ѓаволот, казнена колонија во близина на брегот на Француска Гвајана во Јужна Америка.[3]
Во тоа време Франција се соочила со силен антисемитизам, и многу малку луѓе кои не биле роднини на Драјфус застанале во негова одбрана. Во 1899 година, Драјфус се вратил во Франција за повторно судење, но иако повторно прогласен за виновен, тој бил помилуван.[3] Во 1906, Драјфус повторно апелирал пресудата за неговиот случај да биде поништена. Во 1906, тој бил награден со орден на Легија на Слоновата honneur, во која е наведено „војникот што доживеал низ невидено мачеништво“.[2]
Вмешување на Зола
уредиЕмил Зола е роден на 2 април 1840 година во Париз. Најважно книжевно дело Зола е Ругон-Макар, циклус од дваесет романи за париското општество во текот на владеењето на Наполеон III.[5] Тој исто така бил предводник на натурализмот во литература од 19-от век. Зола бил еден од најсилните поддржувачи на Третата република и бил награден со „Легија на честа“. Тој ја ризикувал својата кариера во јануари 1898, кога одлучил да застане на страната на Алфред Драјфус. Зола напишал отворено писмо до претседателот на Франција, Феликс Фор, обвинувајќи ја француската влада за лажно обвинување на Драјфус и за антисемитизам.[5]
Неговата намера била да подготви широко обвинение и да принуди луѓе во владата да го тужат за клевета. Откако тужбата е поднесена, поддржувачи на Драјфус имале можност да ги објават слабите докази врз кои бил осуден Драјфус. Зола го насловил своето писмо Обвинувам (француски: J'accuse), кое било објавено на насловната страница на либералниот париски весник L'Aurore на Жорж Клемансо. Зола бил обвинет на суд за клевета за објавување на своето писмо до претседателот, и бил осуден две седмици подоцна. Тој бил осуден на затворска казна и му бил одземен орденот „Легија на честа“. За да не оди во затвор, Зола побегнал во Англија, и останал таму до паѓање на француската влада. Четири години по писмото до претседателот, Зола починал од труење со јаглерод моноксид предизвикан од затнат оџак. На 4 јуни 1908, посмртните останки на Зола биле погребани во парискиот Пантеон.[5]
Аргументите на Зола
уредиЗола тврдел дека „набедувањето на Алфред Драјфус било врз основа на лажни обвиненија за шпионажа и било погрешно толкување на правдата“.[5] Тој прв укажал дека оваа местенка била дело на мајорот Пати де Клам. Зола вели: Тој беше оној кој излезе со напишаниот документ во папката на Драјфус; тој беше оној кој ја добил идејата за негово набљудување во соба обложена со огледала и тој беше оној кого мајор Форцинети го фати носејќи угаснат фенер планирајќи да се нафрли на обвинетиот Драјфус додека тој спиел, надевајќи се дека разбуден од ненадеен блесок на светлина, Драјфус ќе признае вина.[6]
Следно, Зола истакнал дека ако истрагата била правилно спроведена, тогаш доказите јасно покажуваат дека папката дошла од страна на пешадијата, а не од офицер во артилерија како Драјфус.[6] Зола силно ја бранел страната на Алфред Драјфус кога тој велел: „Овие, господине, се факти кои се објаснуваат како се убива правдата, а доказите за карактерот Драјфус, неговото богатство, и недостатокот на мотив за одбрана се комбинираат за да се покаже дека тој е жртва на сензационални измислици на мајорот Пати де Клам, религиозните кругови околу него, и опсесијата со 'валканите Евреи кои се злото на нашето време“.[6]
По дополнителна истрага, Зола укажал дека мајорот Естерхази бил човекот кој требало да биде осуден за ова кривично дело и дека имало цврсти докази против него, но тој не можел да биде прогласен за виновен бидејќи така целиот генералштаб би бил виновен, па затоа надредените го штителе Естерхази.
На крајот од своето писмо, Зола го обвинил генералот Било за прикривање докази за невиност на Драјфус. Тој ги обвинил и генералот Де Буадефр и генералниот Гонс за верските предрасуди спрема Драјфус. Тој обвинил и три графолози, господата Белом, Варинар и Куар, за поднесување лажни извештаи, освен ако врз нив не бил направен медицински преглед чии наоди укажале тие се болни или се во состојба која го нарушува нивниот вид и расудување.[6]
Завршното обвинување на Зола било кон воениот суд кој донел пресуда за прекршување на законот од страна на обвинетиот Алфред Драјфус врз основа на докази кои не биле изведени, и на апелацискиот воен суд за извршување на кривично дело намерно ослободување на мајорот Естерхази, кој бил виновен. [6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Alfred Dreyfus Biography (1859–1935). Biography.com (2007). Retrieved 16 February 2008.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Burns, M. (1999). France and the Dreyfus Affair: A Documentary History. NY: St. Martin's College Publishing Group.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Rothstein, E. "A Century-Old Court Case That Still Resonates" The New York Times (17 October 2007).
- ↑ Gopnik, Adam (2009). „Trial of the Century: Revisiting the Dreyfus affair“. The New Yorker. Condé Nast (28 September): 72–78. Посетено на 29 May 2011.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Shelokhonov, S. (2008). Biography for Émile Zola at the Internet Movie Database. Retrieved 15 February 2008.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 Zola, E. "J'Accuse" Архивирано на 15 јули 2008 г.. L'Aurore (13 January 1898). Translation by Chameleon Translations. Retrieved 12 February 2008.
Дополнителна литература
уреди- Wilkes, Donald E., Jr. (11 February 1998). „'J'accuse...!': Émile Zola, Alfred Dreyfus, and the greatest newspaper article in history“. Flagpole Magazine. 12. стр. 12. OCLC 30323514. Посетено на 28 January 2011Предлошка:Inconsistent citations