Обичен фазан
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Phasianidae
Потсемејство: Phasianinae
Род: Phasianus
Вид: Обичен фазан
Научен назив
Phasianus colchicus
Карл Линеј, 1758

Обичниот фазан (Phasianus colchicus), е птица од семејството фазани, редот на кокошковидните. Потекнува од Азија, но раширена е низ целиот свет, зашто луѓето ги размножувале за лов. На ваквите места, претежно во Европа, каде птицата е натурализирана, позната е само како фазан. Зборот потекнува од античкиот град Фасис кој се наоѓа во близина на современиот Поти, во Грузија. Фазанот го има и во Македонија.

Опис

уреди
 
Скелет во Музејот Тулуз.

Има многу видови бои кај обичниот фазан, мажјак, варирајќи од речиси бел до скоро потполно црн. Ова се случува заради внатрешно размножување и мешање меѓу подвидовите и со зелениот фазан, како и други диви видови. На пример, фазаните со прстен на вратот, чести во Европа, Северна Америка и Австралија, не припаѓаат на некој посебен вид, тие повеќе претставуваат стереотипни хибриди.[2]

Телесната тежина варира од 0.5 до 3 кг, со просек кај мажјаците 1.2кг и кај женките 0.9 кг.[3][4] Возрасниот мажјак е 60-89 см долг, со долг кафеав опаш со црнии линии, кој одзема 50 см од целосната должина. Телесните перја се во линии - светло златни и кафени, со зелени, виолетови и бели шари. Главата е зелена со мала креста и посебен црвен подбрадок. P. c. colchicus и некои други подвидови имаат бел прстен на вратот.

Кај фазаните, половиот диморфизам е изразен, па женката e поскромна во боите, односно е кафена и малку прошарана со црни линии. Долга е 50-63 см, а младенчињата личат на женката додека не почнат да им растат карактеристичните светли перја на градите, главата и грбот, по околу 10 неделии од несењето. Зелениот фазан (P. versicolor) е многу сличен на обичниот. Мажјаците имаат пократок опаш и потемно перје, обично темнозелено на градите и стомакот, и секогаш им фали прстенот на вратот. Женките, пак, кај зелениот фазан се потемни, со многу црни точки на градите и стомакот.

Живеалиште и поведение

уреди
 
Еден час по испилување.

Природното живеалиште на обичниот фазан е Азија, меѓу Црното и Касписко Море. Живеат во шуми, фарми, грмушки, мочуришта, близу до вода. Обичните фазани се друштвени птици кога се вон сезона на парење и тогаш формираат големи јата. Плашливи се, и кога ќе го почувствуваат присуството на ловците се кријат на безбедни места.

Можат да летаат на кратки растојанија, но претпочитаат трчање. Ако се уплашени, тие одеднаш се вивнуваат нагоре со голема брзина, со трепетлив звук што го прават крилјата и се огласуваат со “кок кок кок“ како предупредување за другите птици. Летаат со брзина од 43 до 61км на час, но кога се ловени летаат и со 90 км на час.

Исхрана

уреди

Фазанот се храни претежно на земја. Јадат и животинска и растителна храна: овошје, семиња, листови; гуштери, змии, мали цицачи, а понекогаш и птици.

Размножување

уреди
 
Јајце во Музејот Тулуз.

Типично за фазаните е тоа што се полигинични, односно имаат харем од повеќе женки.[5] Женките ги несат јајцата на земја, по 10 во период на 2-3 недели од април до јуни. Периодот на инкубација е околу 23-26 дена. Пилињата сè до мајката неколку недели по несењето, но напредуваат брзо, и наликуваат на возрасни со 15 недели возраст.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Phasianus colchicus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Sibley (2000): p. 141
  3. „Ring-necked Pheasant, Life History, All About Birds – Cornell Lab of Ornithology“. Allaboutbirds.org. Посетено на 2011-04-25.
  4. „Ring-necked pheasant: Definition from“. Answers.com. 2009-05-12. Посетено на 2011-04-25.
  5. NDGFD (1992)

Дополнителна книжевност

уреди

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES
Intern 3
os 3
text 3