Облак — видлива маса на кондензирани капки или замрзнати кристали во атмосферата над површината од Земјата или некое друго планетaрно тело. Гранката од метеорологијата која се занимава со проучување на облаците се нарекува нефологија.

Видови облаци

На Земјата кондензираната материја всушност е водена пареа, која образува мали капки или кристали на мраз, најчесто со големина на пречникот од 0,01 мм. Групирани милијарди капки односно кристали образуваат облак, кој е видлив објект во атмосферата.

Видови облаци

уреди
 
Кумулус
 
Кумулонимбус
  • Стратус: Нискиот облак што создава безобличен сив слој и делумно или во целост го покрива небото се нарекува Стратус.Основата на облакот е пониска од 2000 м а ако е на нивото на почвата,стратусот е во облик на магла. маглата на ридовите има основа што е пониско од врвот на ридот што таа го покрива. Маглата исчезнува при испарувањето на нејзиниот најнизок слоја остатокот од маглата станува облак од видот стратус. Бидејќи нема вертикални движења на воздухот тој не може да предизвика врнежи од дожд или снег,но може да заврне слаб дожд или снег во форма на ситни иглички Ако облакот е тенок тогаш околу месечината се гледа светол диск Стратусот најчесто се јавува ноќно време кога времето е убаво,особено над водена површина.Брзо се разнесува наутро при покачувањето на температурата на воздухот Од овој облик на облаци постојат и уште неколку подвидови како циростратус алтостратус.
  • Кумулонимбус: Тоа е облак кои се протега вертикално до големи височини,понекогаш и до тропопаузата или над неа.Се состои од облаци со капки во ниските слоеви и од ледени кристали во неговите високи слоеви Овие облаци предизвикуваат бури со грмотевици,град,обилен дожд а понекогаш и снег, на одредени места и торнада Кумулонимбусот се создава при конвективно струење во многу нестабилниот воздухКумулонимбусите ретко можат да се задржат подолго од еден час Најчесто сета влага која ја имаат во себе ја истураат на површината за многу кратко време во вид на пороен дожд Ако насоката и брзината на ветерот во неговата внатрешностсе изменат со височината,тогаш средишниот дел од облакот може да добие спирално движење кое доколку добие во интензитет може да предизвика торнадо
  • Кумулус: Кумулусите се видови на облаци кои се создаваат со конвективно струење на Основата најчесто му е пониска од 2000 м а неговата должина и ширина од 10 до 20 км Облакот има изглед на волна и многу е светол особено ако се гледа од поголема височина Сето тоа е резултат на големото количевство на одбиена светлина Овие облаци немаат хомогеност што здачи дека изгледаат расфрлани нив небото па така Сонцетосе прољира помеѓу нив Најчесто се појавуваат летно време но нее ретко и да се видат преку целата година Можат да бидат и во комбинација со други облаци но тогаш е многу тешко да се препознаат.
  • Алтокумулус: Тоа е облак кој се создава на средна висина т.е. од 2000 до 4000 м додека над поларните области неговата висина изнесува и 6000м Обликот му е многу променлив но често создава форми на ваљаци,распоредени во линии или бранови Облаците се иссенчени на рабовите и имаат различна боја за разлика од остатокот на облакот Алтокумулусот има бела или сива боја но најчесто е во комбинација од двете Сивата како што реков се наоѓа на рабниот дел. Овој вид на облаци се создава ноќно време кога рамнотежата на зрачењето е различна во однос на денот. Облакот сè уште прима топлина што ја испушта површината под него а тој ја испушта својата топлина во горните слоеви Воздухот се крева нагоре,водената пареа кондензира во капки кои се издигаат на врвот од облакот каде што се заледуваат во кристали а потоа повторно по пат на гравитација се спуштаат во неговиот средиштен дел Кога сонцето ќе изгрее овој облак се расформирува затоа што сонцето ќе ги загрее неговите врвови и ќе ја прекине циркулацијата
  • Цирокумулус: Цирокумулусот е висок облак што се состои од целосно замрзнати кристали Често на небото се гледа во форма на бранови Ваквата покриеност на небото наговестува дека на површината ќе се појави зголемена циркулација на воздухот или ветерНеговиот изглед е брановит што укажува на силните воздушни движења во атмосферата
  • Цирус: Тоа се облаци кои како и сите други поттипови на цируси се изградени од ледени кристали Неговата форма ја одредуваат високите воздушни струења и количевството на замрзнати кристали Често низ народот се нарекува и мачкина опашка Настанува со издигање на стабилниот воздух во височина тоа најчесто се случува на линијата на фронтовите неговата висина може да достигне и над тропопаузата Карактеристични се за областите со умерена клима во текот на целата година.

Облаците како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Облаците како тема во книжевноста

уреди

Облаците како тема во музиката

уреди
  • „Облаче“ — песна на македонската група Баклава од 2008 година.[21]
  • „Разбивање на облаците“ (англиски: Cloudbusting) — песна на британската поп-музичарка Кејт Буш (Kate Bush) од 1985 година.[22]
  • „Облаци што носат бура“ (англиски: Stormy Clouds) — песна на англиската рок-група The Verve од 1995 година.[23]
  • „Облаци“ (англиски: Clouds) — песна на австралиската поп-група The Go-Betweens од 1988 година.[24]
  • „Голем бел облак“ (англиски: Big White Cloud) — песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1970 година.[25]
  • „Облаци“ (англиски: Clouds) — музички албум на канадската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1969 година.[26]
  • „Мали пердувести облаци“ (англиски: Little Fluffy Clouds) — песна на британската техно-група The Orb од 1991 година.[27]
  • „Облаче“ — песна на македонската група Фолтин од 2015 година.[28]
  • „Облаци“ (англиски: Clouds) — песна на македонскиот музичар Кирил Џајковски од 2001 година.[29]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 136.
  2. Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 57-58.
  3. Родољубиве песме. Београд: Просвета (без дата), стр. 77-78.
  4. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 6.
  5. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 98.
  6. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 193-217.
  7. Дејан Мирчески, Кристалните јами на пропаста, Темплум, Скопје, 2012.
  8. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 31.
  9. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 47.
  10. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 289.
  11. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 30.
  12. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  13. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 60.
  14. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 31-32.
  15. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 42.
  16. Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 6-8.
  17. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 84-86.
  18. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 308-309.
  19. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 39.
  20. Љубица Шопова, Форми во создавање. Скопје: ПНВ Публикации, 2020, стр. 38.
  21. Baklava, Kalemar, SJF Records 124, 2008.
  22. YouTube, Kate Bush - Cloudbusting (пристапено на 9.5.2017)
  23. The Verve – A Northern Soul (пристапено на 7.4.2024)
  24. Discogs, The Go-Betweens – 16 Lovers Lane (пристапено на 15.3.2021)
  25. YouTube, Big White Cloud - John Cale (пристапено на 13.2.2018)
  26. Joni Mitchell – Clouds (пристапено на 27.4.2023)[мртва врска]
  27. The Orb – The Orb's Adventures Beyond The Ultraworld (пристапено на 31.5.2023)
  28. Фолтин, Пијан славеј, НУ Центар за култура, Битола, 2015.
  29. DISCOGS, Kiril Dzajkovski* ‎– Dust (Original Motion Picture Soundtrack) (пристапено на 21.9.2020)

Надворешни врски

уреди
  NODES
os 4