Одаја — просторија која има повеќенеменски функции како што се: преку ден за одмор, за примање на гости навечер, за веселби и за спиење.

Дневна соба

Од аспект на функционалноста, одајата секогаш е поврзана со чардакот на катот, кој ги поврзува сите останати содржини. На еден кат понекогаш се наоѓаат и до четири одаи, кои се поврзани со чардакот на средината на основата.

Во преземјето одајата е поврзана со тремот (под чардакот), а преку него и со надворешниот простор, а преку скалите со останатите нивоа на куќата по вертикала.

Форма

уреди

Формата на одајата во основа, се јавува во три типа:

  • правоаголен (најчесто застапен);
  • со издолжена форма (во голем број на примери);
  • со неправилна форма (многу ретко).

Употреба

уреди

Употребата на ентериерните елементи, се состои од:

  • одаја која не содржи постојани делови на ентериерот и огништето;
  • одаја со огниште, но без вградени делови во ентериерот;
  • одаја без огниште со вградена опрема, со долапи;
  • одаја со огниште и долапи.
  • одаја со вградени ентериерни делови: огниште, долапи и мусандри.

Одајата има мали (3 х 3,80 м, Битуше) или поголеми димензии (до 6 х 7,30 м, Тануше), со поволна ориентација.

Во зависност од применетиот конструктивен систем и просторниот распоред, одајата се формира, кај помал број на примери, со ѕидови од камен со голема дебелина или во поголем обем во бондручен систем. Кај поголем дел примероци одајата е поставена во делот од конструктивниот систем каде е употребена бондручна конструкција, поради прозорските отвори во ѕидот.

  NODES