Епохата на Олигоцен е геолошки период што го опфаќа временскиот распон од пред 33.9 до 23 милиони години. Како и кај останатите постари геолошки периоди, добро се идентификувани карпи според кои тој може да се дефинира, но точниот момент кога почнува и завршува не би можел најпрецизно да се утврди.

Името на Олигоценот доаѓа од грчките зборови ὀλίγος (oligos, неколку) и καινός (kainos, ново) и тој следува по епохата на Еоцен, а по него доаѓа епохата на Миоцен. Олигоценот е трета и последна епоха од Палеогенскиот период.

  NODES
Done 1
see 1