Орионов Крак — помал спирален крак на Млечниот Пат со ширина од 3.500 светлосни години (1.100 парсеци) и 10.000 светлосни години (3.100 парсеци) во должина.[1]. Познат е и под полното име крак Орион-Лебед, Месен Крак или Орионов Мост.

Краците на Млечниот Пат

Кракот е наречен по соѕвездието Орион, кое е меѓу најзабележителните на зимското небо (на северната полутопка).

Сместен е меѓу кракот Кобилица–Стрелец (чии месни делови се издадени кон Галактичкото Средиште) и Персеевиот Крак (чиј месен дел е главниот најнадворешен крак и еден од двата главни во галаксијата).

Кон средината на 2013 г. се изнесени докази дека Орионовиот Крак може да е огранок на Персеевиот Крај, или пак одделен изданок.[2]

Сончевиот Систем се наоѓа близу неговиот внатрешен обрач во релативна шуплина во меѓуѕвездената средина наречена Месен Меур, некаде наполу од должината на кракот, околу 8.000 парсеци (26.000 светлосни години) од Галактичкото Средиште.

Во поново време се измерени паралаксите и сопствените движења на преку 30 метанолски (6,7-GHz) и водени (22-GHz) мазери во големомасени ѕвездородни подрачја на далечина до неколку килопарсеци од Сонцето со голема точност. Наодите покажуваат дека Месниот Крак е одвоена делница на крак меѓу Стрелецовиот и Персеевиот Крак кој обвиткува помалку од една четвртина од Млечниот Пат. Делницата е долга ~20.000 сг и широка ~3.000 сг со агол на наваленост од 10,1° ± 2,7° до 11,6° ± 1,8°. Оттука можеме да заклучиме дека Месниот Крак е поголем одошто се мислело, и дека неговиот агол на наваленост и степен на ѕвездородност се споредливи со главните краци на галаксијата. Затоа тој се смета за петти крак на Млечниот Пат.[3][4][5][6][7]

Месјеови објекти

уреди
 
Орион и соседните краци со маглини и ѕвезди

Орионовиот Крак содржи разни Месјеови објекти:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Harold Spencer Jones, T. H. Huxley, Proceedings of the Royal Institution of Great Britain, Royal Institution of Great Britain, v. 38–39
  2. Earth's Milky Way Neighborhood Gets More Respect, National Radio Astronomy Observatory, Dave Finley, 3 јуни 2013
  3. Reid, Mark; Zheng, Xing-Wu (2020). A New Map of the Milky Way. April. Scientific American.
  4. Xu, Y., Reid, M., Xu, Y., Reid, M., Dame, T., et al. 2016, SciA, 2, e1600878
  5. Xu ,Y., Li, J. J., Reid, Xu ,Y., Li, J. J., Reid, M. J., et al. 2013,.ApJ, 769, 15.
  6. Reid, M. J., Menten, Reid, M. J., Menten, K. M., Brunthaler, A., et al. 2019, ApJ, 885,18
  7. Hirota,T., Nagayama,T., Hirota,T., Nagayama,T., Honma,M., et al. 2020, PASJ,72,50

Надворешни врски

уреди
  NODES