Палеоген
ЕРА | ПЕРИОД |
Кенозоик | Квартар |
Неоген | |
Палеоген | |
Мезозоик | Креда |
Јура | |
Тријас | |
Палеозоик | Перм |
Карбон | |
Девон | |
Силур | |
Ордовик | |
Камбриум |
Палеоген (неофицијално долен или ран терцијар) е геолошки период кој траел 43 милиони години; започнал по завршувањето на периодот креда пред 66 милиони години и траел до почетокот на неогенот пред 23.03 милиони години. Со овој период започнува кенозојската ера од тековниот фанерозојски еон. Порано за овој период се користел терминот терцијар, за да се дефинира временскиот распон кој сега е поделен на палеоген и следниот период неоген; и покрај тоа што повеќе не се користи како официјален стратиграфски поим, терминот „терцијар“ сè уште често се употребува во научната литература и останува во неофицијална употреба.[1] За означување на палеогенот најчесто се користи кратенката Pg (но Геолошкиот институт на САД ја користи кратенката PE).[2][3]
За време на палеогенот, цицачите се диверзифицирале од релативно мали, едноставни форми во голема група разновидни животни.[4][4]
Палеогенот е поделен на палеоцен, еоцен и олигоцен. Крајот на палеоценот (пред 56 милиони години) се одликува со палеоцен-еоценскиот топлински максимум, еден од најзначајните периоди на глобални промени за време на кенозоикот, кога имало нарушување на океанската и атмосферската циркулација и довело до истребување на многу длабокоморски фораминифери, а на копно цицачите доживуваат експанзија. Терминот „палеогенски систем“ се однесува на карпите депонирани во „палеогенскиот период“.
Клима и географија
уредиСистем | Оддел | Степен | Старост (мг) | |
---|---|---|---|---|
неоген | миоцен | аквитан | помладо | |
палеоген | олигоцен | хат | 23,0 | 27,8 |
рупел | 27,8 | 33,9 | ||
еоцен | пријабон | 33,9 | 37,8 | |
бартон | 37,8 | 41,2 | ||
лутет | 41,2 | 47,8 | ||
ипрес | 47,8 | 56,0 | ||
палеоцен | танет | 56,0 | 59,2 | |
зеланд | 59,2 | 61,6 | ||
дан | 61,6 | 66,0 | ||
креда | горна креда | мастрихт | постаро | |
Поделба на палеогенот согласно МКС, 2017 г.[5] |
За време на палеогенот започнал тренд на постепено поладна и посува клима за разлика од топлите и влажни услови во доцната мезозојска ера. Иако периодично имало топли периоди, каков што е примерот со палеоцен-еоценскиот топлински максимум,[6] трендот на ладење се задржал до крајот на најновиот глацијален период во леденото доба, кога температурите почнале повторно да растат. Трендот делумно бил предизвикан од формирањето на антарктичката кружна струја, која значително ја намалила температурата во океаните. Една студијата од 2018 година проценила дека за време на раниот палеоген пред околу 56-48 милиони години, просечните годишни температури на воздухот, на копното и на средна географска ширина, изнесувале околу 23-29 °C (± 4,7 °C), што е за 5 до 10 °C повисоко од повеќето претходни проценки.[7][8] Авторите сугерираат дека доколку продолжи сегашната атмосферска траекторија на јаглерод диоксидот, повторно би можеле да се постигнат ваквите температури.[9]
За време на палеогенот, континентите продолжиле да се придвижуваат кон нивната сегашна местоположба. Индија била во процес на судир со Азија при што се формирале Хималаите. Атлантскиот Океан продолжил да се проширува за неколку сантиметри секоја година. Африка се движела на север и се судрила со Европа по што се формирало Средоземното Море, а Јужна Америка се приближувала до Северна Америка (подоцна ќе се поврзат преку Панамскиот Истмус). На почетокот на палеогенот од Северна Америка се повлекле внатрешните мориња. Австралија се одвоила од Антарктикот и се движела кон Југоисточна Азија.
Флора и фауна
уредиВо овој период, цицачите започнале со брза диверзификација. По истребувањето на нелетачките диносауруси во креда-палеоген, цицачите почнале да еволуираат од неколку мали и воопштени форми во повеќе современи видови кои ги гледаме денес. Некои од овие цицачи еволуирале во големи форми и доминирале на копно, а други се приспособиле да живеат во морски, посебни копнени и воздушни средини. Од цицачите што се приспособиле за живот во море настанале денешните китови, а од оние кои живееле до дрвјата настанале приматите, група на која ѝ припаѓаат луѓето. Птиците исто така биле подложени на адаптивна радијација и го зазеле небото кое било испразнато од веќе изумрените птеросауруси. Некои птици што не летаат, како пингвините, приците тркачи и фуроратсовите, исто така ги пополниле местата што ги оставиле изумрените хесперорнити и диносауруси.
Изразеното ладење во олигоценот довело до масовни промена и кај растителниот свет, и во тоа време се појавиле многу растенија кои постојат и денес. Тревите и билките станувале сѐ пораспространети за сметка на тропските растенија, кои почнале да опаѓаат. Во планинските предели се развиле иглолисни шуми. Трендот на ладење, со големи флуктуации, продолжил до крајот на плеистоценот.[10] Доказ за оваа растителна промена може да се најде во палинолошкиот запис.[11]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „GeoWhen Database – What Happened to the Tertiary?“. www.stratigraphy.org.
- ↑ Federal Geographic Data Committee. „FGDC Digital Cartographic Standard for Geologic Map Symbolization“ (PDF). The National Geologic Map Database. United States Geological Survey. Посетено на 29 January 2022.
- ↑ Orndorff, R.C. (20 July 2010). „Divisions of Geologic Time—Major Chronostratigraphic and Geochronologic Units“ (PDF). United States Geological Survey. Посетено на 29 January 2022.
- ↑ 4,0 4,1 Meredith, R. W.; Janecka, J. E.; Gatesy, J.; Ryder, O. A.; Fisher, C. A.; Teeling, E. C.; Goodbla, A.; Eizirik, E.; Simao, T. L. L. (28 October 2011). „Impacts of the Cretaceous Terrestrial Revolution and KPg Extinction on Mammal Diversification“. Science. 334 (6055): 521–524. Bibcode:2011Sci...334..521M. doi:10.1126/science.1211028. PMID 21940861.
- ↑ „ICS - Chart/Time Scale“. stratigraphy.org.
- ↑ Wing, S. L. (2005-11-11). „Transient Floral Change and Rapid Global Warming at the Paleocene-Eocene Boundary“. Science. 310 (5750): 993–996. Bibcode:2005Sci...310..993W. doi:10.1126/science.1116913. ISSN 0036-8075. PMID 16284173.
- ↑ Naafs; и др. (2018). „High temperatures in the terrestrial mid-latitudes during the early Palaeogene“ (PDF). Nature Geoscience. 11 (10): 766–771. Bibcode:2018NatGe..11..766N. doi:10.1038/s41561-018-0199-0.
- ↑ University of Bristol (30 July 2018). „Ever-increasing CO2 levels could take us back to the tropical climate of Paleogene period“. ScienceDaily.
- ↑ „Ever-increasing CO2 levels could take us back to the tropical climate of Paleogene period“. University of Bristol. 2018.
- ↑ Traverse, Alfred (1988). Paleopalynology. Unwin Hyman. ISBN 978-0045610013. OCLC 17674795.
- ↑ Muller, Jan (January 1981). „Fossil pollen records of extant angiosperms“. The Botanical Review. 47 (1): 1–142. doi:10.1007/bf02860537. ISSN 0006-8101.
Надворешни врски
уредиПретходно: протерозоик | 542 мг - фанерозоик - денес | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
542 мг - палеозоик - 251 мг | 251 мг - мезозоик - 65 мг | 65 мг - кенозоик - денес | ||||||||||
камбриум | ордовик | силур | девон | карбон | перм | тријас | јура | креда | палеоген | неоген | квартар |