Палмеш

село во Валовишко, Егејска Македонија

Палмеш (грчки: Καστανούσσα, Кастануса; до 1926 г. Πάλμες, Палмес[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[3]

Палмеш
Καστανούσσα
Палмеш is located in Грција
Палмеш
Палмеш
Местоположба во областа
Палмеш во рамките на Синтика (општина)
Палмеш
Местоположба на Палмеш во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°16.39′N 22°53.38′E / 41.27317° СГШ; 22.88967° ИГД / 41.27317; 22.88967
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&10000000000000270000000270 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно635
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во северните пазуви на планината Круша.[4]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Палмеш изборно се наоѓало во јужното подножје на Беласица.[4] Мештаните претходно биле христијани, кои го примиле исламот во немирни години за да се заштитат.[3]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:

Палмиш, неколку маала на З од Порој, 6 часа пат по подножјето на Беласица и Круша. Приближно 200 куќи, сите Македонци-муслимани. Зборуваат македонски со мала разлика од Порој;[5] се облекуваат во особена црвена облека-антерија и потури. Доаѓаат на пазар во Порој со риба од Дојранското Езеро.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Палмеш (Палмешъ) било село со 1.150 Македонци-муслимани.[7][8]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 1.047 жители, а во 1920 г. во него се попишани 988 лица.[3]

Во 1924 г. жителите, како муслимани, се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место власта довела грчки колонисти. Во 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 512 жители (144 семејства).[9]

След Втората светска војна Палмеш е преместен на југ, јужно од железницата.[4][10]

Во 1940 г. населението пораснало на 829 жители.[3] Тоа настрадало во Граѓанската војна и било повлечено во полските села. По војната дел од жителите се вратиле во Палмеш. Нешто подоцна од стратешки причини (како погранично место), селото било повлечено 3 км појужно, во новоизградени куќи близу железницата.[3]

Месности во Палмеш преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Прокритес Маала Προκρίτες Μαχαλάς Ерипија Прокритон Ερείπια Προκρίτων[11] урнатините на старото село
Фундуклук[4] Φουντουκλούκ Лептокариес Λεπτοκαρυες[11] месност на Круша Ј од Палмеш[4]
Дова Тепе[4] Στενά Δοβά Τεπέ Дијавасис Кастанусис Διάβασις Καστανούσσης[11] возвишение на Круша (394 м) ЈИ од Палмеш и теснец меѓу Круша и Беласица И од Палмеш[4]
Ах Чешме[4] Άχ Τσεσμέ Аспри Вриси Άσπρη Βρύση[11] извор С од Палмеш[4]
Капер[12] Κάπερ Ризомата Ριζώματα[11] месност на ССИ од Палмеш[12]
Бубалук Каја[12][4] Μπουμπαλούκ Βαγιά Сидироврахос Σιδηρόβραχος[11] месност на Беласица на ССИ од Палмеш[12][4]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 829 649 859 652 597 611 733 592
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 204. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  5. Нарекувајќи ги „Помаци“ и нивниот јазик „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 860.
  7. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  10. Porróïa GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1044. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Топографска карта ЈНА 1:100.000.
  NODES