37°58′17″N 23°43′35″E / 37.9714° СГШ; 23.7265° ИГД / 37.9714; 23.7265

Партенон
Παρθενώνας
Партенон
Карта
Општи податоци
ВидХрам
СтилКласична архитектура
МестоАтина, Грција
Почната447 п.н.е.[1][2]
Завршена432 п.н.е.[1][2]
Уништенаделумно на 26 септември 1687
Висина13.72 м (45.0 ст)[3]
Димензии
Други димензииCella: 29.8 by 19.2 м (98 by 63 ст)
Технички податоци
Големина69.5 by 30.9 м (228 by 101 ст)
Проектирање и изградба
АрхитектИктин, Каликрат
Други проектантиФидиј (скулптур)

Партенон (старогрчки: Παρθενών; грчки: Παρθενώνας, Parthenónas) — поранешен храм[4][5] на Атинскиот Акропол, Грција, посветен на божицата Атена. Изградбата започнала во 447 п.н.е. кога Атинската империја била на врвот на својата моќ. Тој бил завршен во 438 п.н.е., иако декорацијата на зградата продолжила до 432 п.н.е. Тоа е најважната преживеана градба на Класична Грција, која генерално се смета за зенитот од дорскиот ред. Нејзините украсни скулптури се сметаат за некои од највисоките точки на грчката уметност. Партенонот се смета за траен симбол на Стара Грција, атинската демократија и западната цивилизација[6], и еден од најголемите светски културни споменици. Атињаните што го изградиле, Партенон и други споменици ги сметале за фундаментални како прослава на хеленската победа над персиските напаѓачи и како благодарност до боговите за таа победа. Грчкото Министерство за култура спроведува програма за селективна реставрација и реконструкција за да обезбеди стабилност на делумно руинираната структура[7].

Самиот Партенон го заменил стариот храм на Атена, кој историчарите го нарекуваат пред-партенонски храм или Постар Партенон, кој бил уништен во персиската инвазија на 480 п.н.е. Храмот е археоастрономски усогласен со Хијадите[8]. Како и повеќето грчки храмови, Партенон служел како градски трезор[9][10]. Некое време служел како трезор на Делианската лига, која подоцна станала Атинска Империја. Во последната деценија од 6 век од н.е., Партенонот бил претворен во христијанска црква посветена на Богородица.

По османлиското освојување, во раните 1460-ти години, таа била претворена во џамија. На 26 септември 1687 година, отпадот од муницијата во зградата се запалил од венецијанското бомбардирање. Последичната експлозија сериозно го оштетил Партенонот и неговите скулптури. Од 1800 до 1803 година[11], Томас Брус, 7-миот Ерл од Елгин, ги отстранил некои од преживеаните скулптури со наводна дозвола од Отоманското Царство. Овие скулптури, сега познати како Мермерите на Партенон, биле продадени во 1816 година на Британскиот музеј во Лондон, каде што се наоѓаат денес и се изложени. Од 1983 година (по иницијатива на министерот за култура, Мелина Меркури), грчката влада е посветена на враќањето на скулптурите во Грција[12].

Историја

уреди

Рана историја

уреди
 
The Doric order of the Parthenon

Новиот храм бил изграден на највисоката точка на Акропол, посветен на боговите. Античките храмови на Акропол веројатно имале помали димензии, и ова ги спасило градителите од значителното намалување на градилиштето. Во 488 п.н.е. овде бил подигнат храм како благодарност кон божицата Атина за победата над Персијците кај Маратон. Неговите димензии по план биле доста блиски со денешниот Партенон, а уште тогаш било потребно на јужната падина да се изгради потпорен ѕид и да се натрупаат големо количество карпести блокови, па јужниот крај на градилиштето се подигнал над карпите на Акропол со повеќе од 7 метри. Проектираниот храм бил перипетар и имал 6 столбови на кратката страна и 16 на долгата. Неговиот стилобат и скалила, како и самите столбови и други делови од конструкцијата, биле изработени од мермер (или, во секој случај, било замислено да бидат мермерни).

Кога во 480 п.н.е. Персијците ја освоиле и ја разграбиле Атина, а со тоа и самиот Акропол, изградбата на храмот била прекинета за повеќе од 30 години. Во 454 година трезорот на Делоскиот морски сојуз бил пренесен во Атина, каде што на власт бил Перикле, а наскоро во 447 година, градежните работи биле обновени. За архитекти биле избрани Иктин и Каликрат, а исто така и Фидиј, кој бил задолжен пред сè за скулптурата но вршел и општ надзор над градежните работи. Создавањето на Партенон бил дел од целта на Перикле, Атина да добие водечка улога не само во воената и економската област, но и во областа на религијата и уметноста. На огромната камена површина од три скалила, чијашто основна површина на горниот бочен дел изнесувал 70 х 30 метри, се издигнувале 46 столбови високи преку 10 метри, со дорски стил. На столбовите биле извајани ликови и склуптури и се вбројувале меѓу најголемите вајарски работи. Во средината на храмот била поставена статуа на богињата Атина висока 13 метри, инаку дело на Фидиј и била обложена со злато и слонова коска. Првичниот главен источен влез на храмот бил скриен од олтарната апсида и така главниот влез останал од запад преку ретките просторија зад целата на античкиот храм. Биле направени и други промени во планот, а во југозападниот агол на храмот била изградена камбанарија.

За понатамошната судбина на храмот, се знае дека околу 298 п.н.е. атинскиот тиранин Лахар ги отстранил златните чинии од скулптурата на Атина и во 3 век п.н.е. зградата била оштетена од пожар[13][14] но била во голема мера поправена. Втората градба од времето на Перикле бил храмот Атина Нике. Овој мал храм во јонски стил бил повторно изграден од страна на Каликрат. Површината на храмот била 5 х 8 метри со 4 метри високи столбови и 45 сантимети високи ѕидови на кои имале голем број на познати ликови. За време на Османлиите, овој храм бил проширен, од камен била изградена кула. Германскиот археолог Рос ја срушил оваа кула во периодот 1835-36 година и повторно го изградил храмот. На храмот се работело повеќе од 16 години, бидејќи во меѓувреме било одлучено најпрво да се изгради главниот влез на акрополот т.н. Пропилеј. Тој го нацртал главниот влез на акрополот со дванаесет надворешни дорски столбови. На двете страни на влезот требало да се издигне четвороаголни столбови кои никогаш не биле довршени. На левото крило на Пропилеј била направена првата галерија на слики.

Четврта голема градба на тој простор односно на западниот дел од Партенон бил изграден уште еден храм, наречен Ерехтеон. Овој храм исто така бил изграден од страна на Мнесикле. Но, само што се започнало со изградбата во 431 п.н.е., започнала триесетгодишната Пелопонеска војна меѓу Атина и Спарта, поради што изградбата била запрена. Во 429 година Перикле починал, а дури во 404 година Атина морала да се предаде и да се согласи на склучување на понижувачкиот мировен договор. Економската моќ на метрополата била исцрпена. Сепак, ја искористиле победата на атинската поморска флота над спартанската и храмот Ерехтеон бил довршен во период од две години. Делото било довршено од страна на Филокле – градба со неправилен нацрт, украсен со столбови во јонски стил. И овој храм потекнува од Перикле, а неговите противници го критикувале дека го украсува градот како “некоја дама“. Денес, времето на Перикле претставува еден од сјајните историски периоди во општеството.

Христијанска црква

уреди

Во 426 Партенонот бил затворен во времето кога византискиот цар Теодосиј II објавил затворање на сите пагански храмови во Византија[15]. Веројатно тогаш, во 5 век, Статуата на Атина била пренесена во Цариград, каде што подоцна била уништена во пожар најверојатно за време на Опсадата на Цариград за време на Четвртата крстоносна војна во 1204 година[16]. Партенонот бил претворен во христијанска црква во последната деценија од 6 век[17], за да стане црква посветена на Богородица. Ориентацијата на објектот била сменета. Главниот влез бил поставен на западниот крај на зградата, а христијанскиот олтар и иконостас биле поставени кон источната страна на зградата во близина на апсидата изградена таму каде што претходно се наоѓал портикот[18][19][20]. Просториите помеѓу столбовите на опистодомот и перистилот биле заѕидани, иако голем број влезови сè уште го дозволувале пристапот[18]. Иконите биле насликани на ѕидовите и многу христијански натписи биле врежани во столбовите на Партенон[21]. Овие реновирања неизбежно довеле до отстранување и расфрлање на некои од скулптурите. Оние што ги отсликувале боговите биле или можеби повторно толкувани според христијанска тема, или отстранети и уништени.

Партенонот станал четврто најважно христијанско место за поклонение во Источното Римско Царство по Цариград, Ефес и Солун[22]. Во 1018 година, царот Василиј II тргнал по поклонение во Атина директно по неговата крајна победа над Самоил со единствена цел да се поклони на Партенонот[22].

Во времето на Латинската окупација, околу 250 години објектот станал католичка црква на Пресвета Богородица. Во овој период била изградена кула, која се користела како караулата или камбанаријата и која содржела спирални скали[23].

Џамија

уреди
 
Слика која го прикажува Партенонот кога се користел како џамија
 
Јужната страна на Партенон, која претрпела значителна штета во експлозијата во 1687 година

Во 1456 година турските сили на Османлиите ја нападнале Атина и ја опсадиле армијата на Фиренца во одбрана на Акропол до 1458 година, кога му се предала на Турците[24]. Турците можеби накратко го обновиле Партенонот за да пред крајот на 15 век, Партенон стане џамија[25][26].

Прецизните околности под кои Турците го присвоиле за употреба како џамија се нејасни; еден извештај наведува дека Мехмед II го наредил неговото преобразување како казна за атинскиот заговор против османлиското владеење[27]. Апсидата станала михраб[28], кулата која претходно била изградена за време на римокатоличката окупација на Партенонот била проширена нагоре за да стане минаре[29], бил поставен минбар[18], а христијанскиот олтар и иконостас биле отстранети и ѕидовите биле варосани за да ги покриваат иконите на христијанските светци и други христијански слики[30].

И покрај промените, нејзината структура останала недопрена.[31]. Во 1667 година турскиот патник Евлија Челебија изразил чудење во скулптурите на Партенон и фигуративно ја опишал зградата како „некоја непробојна тврдина што не е направена од човечка рака[32]. Францускиот уметник Жак Кери во 1674 година го посетил Акрополот и ги скицирал вајарските украси на Партенон[33]. Во почетокот на 1687 година, инженер по име Плантеј го скицирал Партенон за Французинот Гравиерс Ортерес[34]. Овие претстави, особено оние направени од Кери, даваат важни, а понекогаш и единствени, докази за состојбата на Партенонот и неговите различни скулптури пред уништувањето што го доживеало кон крајот на 1687 година и последователното ограбување на неговите уметнички предмети[33].

Уништување

уреди
 
Партенон во 1839 година.

Во 1687 година, Партенонот бил опширно оштетен во најголемата катастрофа во својата долга историја[21]. Како дел од Големата турска војна (1683-1699), Венецијанците испратиле експедиција предводена од Франческо Моросини за да ја нападнат Атина и да го освојат Акрополот. Османлиските Турци го зацврстиле Акрополот и го користеле Партенонот како магазин за барут - и покрај тоа што биле предупредени од опасностите од оваа употреба од експлозијата од 1656 година која сериозно го оштетила Пропилеја - и како засолниште за припадници на локалната турска заедница. Венецијаните започнале со опсадата на Акропол која траела од 23 до 29 септември. Во оваа опсада храмот бил знајчајно оштетен кога граната паднала на местото и предизвикала експлозија на неколку пакети барут складирани во Партенонот. Османлиите целосно го срушиле храмот на Атена за да на негово место ги постават топовите. Османлиите на крај се предале под услов дека ќе им биде обезбеден слободен пристап до азиска Смирна.

Грција

уреди

Кога независна Грција ја презела контролата врз Атина во 1832 година, видливиот дел од минарето бил срушен, само неговата база и спиралните скали до нивото на архитраевите останале непроменети[35]. Наскоро сите средновековни и отомански градби на Акропол биле разрушени. Сепак, слика од малата џамија во рамките на Партенон е зачувана во фотографијата на Жоли де Лотбинеро од 1842 година[36]. Областа станала историски предел контролиран од грчката влада. Денес таа привлекува милиони туристи секоја година.

Реставрација

уреди

Во 1975 година, грчката влада започнала заеднички напори за обновување на Партенонот и други структури на Акропол. По некое одложување, во 1983 година бил формиран Комитет за заштита на спомениците на Акропол[37]. Проектот подоцна привлекол финансирање и техничка помош од Европската унија. Археолошкиот комитет детално го документирал секој артефакт што останал на местото, а архитекти помагале со компјутерски модели за да ги одредат своите оригинални локации. Особено важните и кревки скулптури биле пренесени во Музејот на Акропол.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Parthenon. Academic.reed.edu. Посетено на 4 September 2013.
  2. 2,0 2,1 The Parthenon. Ancientgreece.com. Посетено на 4 September 2013.
  3. Penprase, Bryan E. (2010). The Power of Stars: How Celestial Observations Have Shaped Civilization. Springer Science & Business Media. стр. 221. ISBN 978-1-4419-6803-6. Посетено на 8 March 2017.
  4. Barletta, Barbara A. (2005). „The Architecture and Architects of the Classical Parthenon“. Во Jenifer Neils (уред.). The Parthenon: From Antiquity to the Present. Cambridge University Press. стр. 67. ISBN 978-0-521-82093-6. Посетено на 8 March 2017. The Parthenon (Plate 1, Fig. 17) is probably the most celebrated of all Greek temples.
  5. Hambidge, Jay; Yale University. Rutherford Trowbridge Memorial Publication Fund (1924). The Parthenon and other Greek temples: their dynamic symmetry. Yale university press.
  6. Beard, Mary (2010). The Parthenon. Profile Books. стр. 118. ISBN 1-84765-063-5.
  7. Ioanna Venieri. „Acropolis of Athens“. Hellenic Ministry of Culture. Архивирано од изворникот на 2019-10-24. Посетено на 4 May 2007.
  8. Boutsikas, Efrosyni; Hannah, Robert (2012). „Aitia, Astronomy and the timing of the Arrhēphoria“. The Annual of the British School at Athens. 107: 233–245. doi:10.1017/S0068245411000141. ISSN 0068-2454.
  9. Robertson, Miriam (1981). A Shorter History of Greek Art. Cambridge, England: Cambridge University Press. стр. 90. ISBN 978-0-521-28084-6. Посетено на 10 September 2017.
  10. Davison, Claire Cullen; Lundgreen, Birte (2009). Pheidias:The Sculptures and Ancient Sources. 105. London, England: Institute of Classical Studies, University of London. стр. 209. ISBN 9781905670215. Посетено на 10 September 2017.
  11. „Lord Elgin and the Parthenon Sculptures“. British Museum. Архивирано од изворникот на 3 February 2013.
  12. „Greece urges Britain to return sculptures“. UPI.com. 22 June 2009. Посетено на 29 June 2009.
  13. „Introduction to the Parthenon Frieze“. National Documentation Centre (Greek Ministry of Culture). Архивирано од изворникот на 28 октомври 2012. Посетено на 14 август 2012.
  14. Freely 2004, p. 69. "According to one authority, John Travlos, this occurred when Athens was sacked by the Heruli in AD 267, at which time the two-tiered colonnade in the cella was destroyed."
  15. Freely 2004, p. 69.
  16. Cremin, Aedeen (2007). Archaeologica. Frances Lincoln Ltd. стр. 170. ISBN 9780711228221.
  17. Freely 2004, p. 69 „Некои современи писатели тврдат дека Партенонот бил претворен во христијанско светилиште за време на владеењето на Јустинијан I (527-65) ... Но, нема докази за да се поддржи ова во античките извори. Постоечките докази покажуваат дека Партенонот бил претворен во христијанска базилика во последната деценија од 6 век.“
  18. 18,0 18,1 18,2 Freely 2004, p. 70.
  19. Hollis 2009, p. 21.
  20. Hurwit 2000, p. 293.
  21. 21,0 21,1 „The Parthenon“. Acropolis Restoration Service. Архивирано од изворникот на 2012-08-28. Посетено на 14 August 2012.
  22. 22,0 22,1 Kaldellis, Anthony (2007). „A Heretical (Orthodox) History of the Parthenon“ (PDF). University of Michigan. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 August 2009.
  23. Hurwit 2000, p. 295
  24. Babinger, Franz (1992). Mehmed the Conqueror and His Time. Princeton University Press. стр. 159–160. ISBN 9780691010786.
  25. Tomkinson, John L. „Ottoman Athens I: Early Ottoman Athens (1456–1689)“. Anagnosis Books. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 14 August 2012. "Some time later – we do not know exactly when – the Parthenon was itself converted into a mosque."
  26. D'Ooge 1909, p. 317. Претворањето на Партенонот во џамија прво се споменува од друг анонимен писател,„ Парискиот анонимник“, чиј ракопис датиран од втората половина на XV век бил откриен во библиотеката во Париз во 1862 година
  27. Miller, Walter (1893). „A History of the Akropolis of Athens“. The American Journal of Archaeology and of the History of the Fine Arts. Archaeological Institute of America. 8: 546–547.
  28. Hollis 2009, p. 33.
  29. Bruno, Vincent J. (1974). The Parthenon. W.W. Norton & Company. стр. 172. ISBN 9780393314403.
  30. D'Ooge 1909, p. 317.
  31. Fichner-Rathus, Lois (2012). Understanding Art (10. изд.). Cengage Learning. стр. 305. ISBN 9781111836955.
  32. Stoneman, Richard (2004). A Traveller's History of Athens. Interlink Books. стр. 209. ISBN 9781566565332.
  33. 33,0 33,1 T. Bowie, D. Thimme, The Carrey Drawings of the Parthenon Sculptures, 1971
  34. Chatziaslani, Kornilia. „Morosini in Athens“. Archaeology of the City of Athens. Посетено на 14 August 2012.
  35. Murray, John (1884). Handbook for travellers in Greece, Volume 2. Oxford University Press. стр. 317.
  36. Neils, The Parthenon: From Antiquity to the Present, 336– the picture was taken in October 1839
  37. Lina Lambrinou, "State of the Art: ‘Parthenon of Athens: A Challenge Throughout History" Архивирано на 3 октомври 2008 г. (pdf file) with bibliography of interim conservation reports;

Надворешни врски

уреди
  NODES
chat 1
Intern 1
os 7