Пентагон (англ. Pentagon = петаголник)[1] — воена зграда која е изградена на бреговите на реката Потомак во Арлингтон, Вирџинија, САД, недалеку од Вашингтон. Таму е сместена централната американска воена администрација, снабдена со најмодерни уреди неопходни за воените потреби. Во зградата на Пентагон се наоѓа и командата на копнените, морските и воздушните воени сили на САД, како и кабинетот на државниот секретар за одбрана. Всушност, зградата е поставена со цел на едно место да се собере целото воено управување на САД. Изградбата на Пентагон почнала во 1941 година и траела 16 месеци. Кога бил изграден, тој бил најшироката административна зграда во светот. Пентагон зазема простор од 14 хектари, вклучително со внатрешниот двор, кој зафаќа површина од 2 хектари. Пентагон е работно место на околу 23.000 луѓе. Пентагон се состои од пет петкатни петоаголни корпуси. Поставени како страни на еден во друг влезени петоаголници, помеѓу себе поврзани со коридори.[2]

Пентагон
Арлингтон, Вирџинија

Југозападен поглед на Пентагон со Потомак и Споменикот Вашингтон во позадина (1998).
Координати 38°52′15.56″N 77°3′21.46″W / 38.8709889° СГШ; 77.0559611° ЗГД / 38.8709889; -77.0559611
Изграден 15 јануари, 1943
Висина Пет ката над земја и два ката под земја
Во употреба 1943–се уште
Тековна
состојба
Во употреба
Тековен
сопственик
Министерство за одбрана на САД
Под управа на Секретаријат за одбрана на САД

Интересни факти

уреди
  • Пентагон располага со сопствена радио-телевизиска станица и плато за хеликоптери.
  • Пентагон ја има една од најголемите телефонски централи во светот, која обезбедува сигурен проток на околу 200.000 разговори дневно.
  • Автомобилскиот паркинг околу зградата собира околу 10.000 превозни средства и зазема површина од 27 хектари.
  • Тука работи и најголемиот комплекс за приготвување храна во светот, кој дневно реализира околу 15.000 оброци.

Наводи

уреди
  1. „Пентагон“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Најпознатите градби на светот, Феникс, Скопје, 2005, стр. 45-46
  NODES
os 1