Питер Марфи
Питер Џон Џозеф Марфи (англиски: Peter John Joseph Murphy, 11 јули 1957) — англиски рок-музичар и композитор.[1] Тој е најпознат како пејач на групата „Баухаус“, а потоа објавил низа самостојни албуми, како: „Длабоко“ (Deep), „Светиот чад“ (Holy Smoke) и „Љубовна хистерија“ (Love Hysteria). Тенок, со изразена јаболчна коска на лицето, со длабок глас (баритон) и со мрачни текстови, често го нарекувале „кум на готскиот рок“.[2][3]
Животопис
уредиМарфи е роден во Нортхемптон, но пораснал во Велингбороу, Нортхемптоншаер. Тој учел заедно со неговиот иден колега од „Баухаус“, Даниел Еш.
Музичка кариера
уредиДаниел Еш го убедил Марфи да ѝ се придружи на „Баухаус“, една од најпознатите групи на движењето познато како „готиски рок“. Групата е позната по честата употреба на „вселенски“ музички ефекти и театарската естетика карактеристична за глам-рокот. Во 1983 година, групата „Баухаус“ се појавила во воведната сцена од хорор-филмот „Глад“ (The Hunger), исполнувајќи ја познатата песна „Бела лугоси е мртов“ (Bela Lugosi's Dead).[4] Додека трае сцената, камерата е фокусирана речиси исклучително врз Питер Марфи, а само попатно ги прикажува главните глумци во филмот Дејвид Боуви и Катрин Денев. По распадот, групата „Баухаус“ повторно започнала да работ вио 1998 година, кога заминала на турнеја.
Наводи
уреди- ↑ Dom Gourlay (September 25, 2011). „DiS meets Peter Murphy“. Drowned in Sound. Drowned in Sound. Архивирано од изворникот на 2018-08-24. Посетено на 20 October 2018.
Како пејач на групата „Баухаус“ Питер Марфи стекнал репутација на еден од највпечатливите пејачи на неговата генерација.
- ↑ Gill, Andy (16 August 2002). „Album: Peter Murphy“. The Independent. London: Independent News & Media. Посетено на 7 November 2008.
- ↑ Theiner, Manny (19 June 2008). „Music Preview: Bauhaus frontman Peter Murphy tours with solo retrospective“. Pittsburgh Post-Gazette. PG Publishing Co. Архивирано од изворникот на 2012-02-03. Посетено на 7 November 2008.
- ↑ „Bauhaus Biography“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2018-01-13. Посетено на 2018-02-28.