Пластелин – материјал за моделирање. Се користи како замена за природна глина при фини моделарски изработки и за моделирање ситна пластика (фигурички, медали, плакети). Пластелинот е нетоксичен, стерилен и лесно свитлив материјал. Предност му е што не се суши и не се стврднува, туку стално задржува пластичност, не може да се стврдне со печење и не може да се топи при изложување на топлина.[1][2]

Фигурички од пластелин

Состав

уреди

Точниот рецепт за пластелинот и понатаму е непознат. Главно се изработува од околу 65 % гипс, по 10% вазелин, ланолин и стеаринска киселина и 5% вар.[3]

Можно е да се направи и домашна верзија на пластелин, без адитиви и вештачки бои, од брашно, сол, лимонска киселина, масло, вода и јадливи бои.[4]

Историја

уреди

Пластелинот бил создаден во 1897 година во Батхемптон, англиско гратче во близина на Бат. Го формулирал професорот по уметност Вилијам Харбат, кој за своите студенти по вајарство сакал глина која нема да се суши за полесно да може да се преправа.

Вилијам првично својот изум го замислил како наставно средство, но кога ја видел радоста која му ја донела на неговото семејство, одлучил и да го продаваат, за да можат и другите деца да уживаат во него. Целото семејство помогнало да се смисли името „пластисин“(Plasticine).[5]

Патентот за изработка на пластелинот бил објавен во 1899 година, а комерцијалното производство почнало во фабриката во Батхамптон во 1900 година.

Првичната боја на оваа супстанца била сива, но кога почнало производствот за широка употреба станал достапен во четири бои. Денес пластелинот постои во повеќе од 24 бои.

Во 1915 година, Харбут патентирал поинаква формула на која и додал волнени влакна што му давало на пластелинот посилен состав. Се произведувале и комплети за моделирање засновани на ликовите од приказните за деца.[6]

До 1983 година, пластелинот се изработувал исклучиво во родниот град на изумителот, а оттогаш производството се преселило на Тајланд.[7]

Употреба

уреди

Пластелинот првенствено се користи како дечка играчка. Децата на предучилишна возраст со помош на пластелинот можат да развијат вештини на фина моторика. Играњето со пластелин ја развива креативноста и фантазијата на децата.[4]

Пластелинот е популаран материјал за стоп-моушон анимација каде со негово моделирање со помош на ефектот стоп-анимација се ствара визуелно чувство дека фигурата од пластелин се поместува. Филмските ликови од пластелин често се комбинираато со жичена арматура бидејќи на таков начин го задржуваат својот цврст облик не се сушат. Познатиот стоп-моушон анимиран филм Валас и Громит: Големата завера на зајаците е добитник на Оскар за најдобар анимиран филм во 2005 година.[8]

Пластелинот се користи и при обележувањето на скоковите во далечина и троскок, како дел од граничникот кој одредува до каде им е дозволено на атлетичарите да пријдат во моментот на скок.

Во текот на Втората светска војна, пластелинот се користел како дел од процесот на дезактивирање на германски бомби. Оваа материја била употребувана за да се направи заштита околу главата на запалката на бомбата за да кислородот за одржи во течна состојба. Течниот кислород има способност да ја олади батеријата до температура на која таа повеќе не може да функционира, а ако батеријата е вон функција запалката на бомбата може да биде отстранета потполно безбедно и без рирзик од евентуална експлозија.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Мала енциклопедија Просвета : општа енциклопедија. 2, Југославија К-П. Београд: Просвета. 1978. стр. 831.
  2. „plastelin“. enciklopedija.hr.
  3. 3,0 3,1 „Plastelin ne služi samo za igru“. bastabalkana.com.
  4. 4,0 4,1 „Plastelin razvija finu motoriku“. zelenaucionica.com.
  5. „About Plasticine“. barbarareid.ca.
  6. „Glina i plastelin“. pulseserbia.com.
  7. „Plasticine is a secret substance that has many uses, from child's plaything to bomb defuser“. thevintagenews.com.
  8. „Plasticine“. brightontoymuseum.co.uk.

Надворешни врски

уреди
  NODES
News 1
Story 1