Проѕирност, прозрачност, провидност или транспарентност е израз кој се користи во оптиката и означува својство на материјалите да ја прошуштаат светлината низ себе.

Оптичките леќи и филтри се изработуваат од оптички проѕирни материјали.

Кога светлината доаѓа во допир со материјалот, таа може да стапи во интеракција со него на неколку начини, веќе според типот на светлината (брановата должина, честота, енергија, итн.) и типот на материјалот. Светлосните бранови стапуваат во интеракција со објектите преку комбинација на одразот (рефлексија), пропустливоста и прекршувањето (рефракција).

Некои материјали, како на пр. стаклото или чистата вода, овозможуваат да светлината која паѓа врз нив биде пропуштена при што многу малце од истата се рефлектира; таквите материјали се нарекуваат оптички транспарентни. Отсуството на структурни дефекти (празнини, пукнатини итн.) како и молекуларната структура на повеќето течности овозможуваат извонредна оптичка трансмисија.

Материјалите кои не дозволуваат трансмисија на светлината се нарекуваат непроѕирни. Многу такви супстанции имаат хемиски состав кој вклучува т.н. апсорпциони центри. Бројни супстанции се селективни во апсорбирањето на честотите од белата светлина. Тие апсорбираат одредени делови на видливиот спектар, додека пак останатите делови ги рефлектираат.

  NODES